Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Писма

Националната химна без Никола Карев

Наум Попески, новинар и писател за деца

Убавата македонска химна „Денес над Македонија се раѓа“, која со децении ја пееме на разни свечености, според мене има еден „мал“ пропуст, а тоа е што во химната не се спомнува името на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев. Се пее: „Од гроб станаа славните ѕидари на Крушевската Република / Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански.../. И сето тоа е в ред, но тука не достига имет�� на Никола Карев. Затоа предлагам само да се додаде името и на оваа светла и света личност од македонската историја од илинденскиот период. Па би требало да биде: „Карев, Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански... Значи, ништо не одземаме, само го додаваме името на првиот претседател на Крушевската Република. Да се работи за песна од некој друг карактер, забавна или народна, тоа некако и може да помине, макар што и тука не би требало. Но, овде станува збор за национална химна, која ги исполнува имињата на најзначајните личности од тој период.

Мислам дека химната може лесно да се пресними, исправајќи една грешка, верувам ненамерна, и од авторот на текстот, истакнатиот македонски писател Владо Малески, и од сите што учествувале во нејзиното создавање.


#
Статијата е прочитана 1040 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 08.08.2011 00:25:52
Iminja na licnosti od istorijata voopsto ne se potrebni vo edna nacionalna himna. Tekstot treba da bide nasocen kon tatkovinata a ne kon poedini licnosti bidejki ne se samo Delcev, Gruev, Guli, Sandanski i Karev zasluzni za Makedonija.
Од: Sasko
Датум: 08.08.2011 00:34:30
Имаше амандман уште при носењето на химната да биде: Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Груев, Сандански. Мислам дека и вака би било бидејќи кога почнуваат личностите се име и презиме, па после би дошле само презимиња. Ама сепак, не се усвои тогаш, и мислам со право, оти вакви идеи ќе има, можеби сега старо новата коалиција да се спомни и Филип, Александар, ... Добро е вака, да не излезе катастрофа после од некој „уметник“ за милионски суми да ни ја напише новата химна.
Од: kristo dzuteski,baracoa,cuba
Датум: 08.08.2011 08:04:18
mnogu godini sum oddalecen od sakanata makedonija,ovaa e najznacajnata idea kako nesmeeme da zaboravime del od najslavnata istorija na makedonskiot narod. za nas i idnite pokolenija. blagodaram .kristo i kriatina dzuteski
Од: kris
Датум: 08.08.2011 08:33:36
Naume, aj sedi madro i traj si....... ne baraj belja bez potreba, ke gi potsetis vija od vlasta pa i VMRO ke go vmetnat vo himnata.......... zatoa uste ednas ti velam sedi i kjuti...... oti i Ahmeti ke pobara nekogo da vmetne vo himnata.............
Од: jimmy1
Датум: 08.08.2011 10:36:58
Demokrat e vo pravo. Vo drzavnata himna ne treba da se spomnuvaat iminja na licnosti, tuku da e nasocena kon drzavata.
Од: demokrat e vo pravo
Датум: 08.08.2011 12:51:26
sosema e vo pravo a sto e so site onie ne tolku poznati kako karev i goce koi isto taka se borele ramo do ramo so niv i go dale svojot zivot dodusa moze da se rece deka celata himna e posvetena na niv no koga veke spomenuvame poedinci zasto ne i site niv na nekoj nacin najdobro bi bilo da ne se cepka voopsto
Од: Gostivar
Датум: 08.08.2011 12:56:23
E pa ne e staven imeto na Karev,mozebi odbival da bide clen na VMRO,ako ne si so nas togas si protiv nas!!!

Најди! во Утрински
Писма
Како до поуспешен економски модел

"""