|
|
|
|
|
|
Како до поуспешен економски модел
Д-р Бранко Василевиќ
Современиот пристап кон остварување на економските цели треба да се засновува на кооперативноста и партнерството со оние што поседуваат способности што ни недостасуваат при изнаоѓање на заедничките интереси. Долгорочното партнерство треба да се базира на вин-вин стратегијата, која подразбира размена на способности, а не само еднострано барање од една и давање од другата страна. За такво нешто треба да се биде подготвен и компетентен. Тоа подразбира висококреативна, а не шаблонска примена на светските стандарди и решенија во сопствената практика и понуда на сопствените знаења и решенија на партнерите.
Новите трендови на највисоко ниво подразбираат напори за воспоставување нов начин на работа во нашите компании и администрацијата, со кој се обезбедува светска класа на резултати. Тоа бара нови револуционерни пробиви кон новите вредности во свеста на луѓето, нова клима, ориентација на промени и креативна примена на светските знаења и искуства во наши услови.
Според проектираните показатели, Македонија треба да смета на дополнителна акумулација од странство, насочена исклучиво во нови инвестиции, што би влијаело врз подобрување на економската ефикасност на инвестициите и поттикнување стопански развој на националната економија.
Во таа констелација на услови и претпоставки, со одржување на здраво макроекономско окружување и забрзана реализација на структурните реформи, се предвидува дека ќе се обезбеди основа за остварување на целите на економскиот развој.
Во последно време се појавија нови сознанија во доменот на економскиот раст и развој. Во тој контекст, на земјите во развој им се понудени препораки во врска со оптимална и одржлива стратегија на развојот. За таа цел се проучувани искуства и развојните модели на 13 економски најуспешните држави во последните 60 години. Со исклучок на Боцвана, Бразил, Малта и Оман, сите останати земји се од Југоисточната Азија, со Кина и Јапонија. Врз основа на нивните искуства, формулирани се спомнатите препораки.
Во периодот од 1950 до 2005 година, секоја од анализираните 13 држави успеала во некој континуиран период од најмалку 25 години да оствари просечна годишна стапка на пораст од 7%. Со таквата стапка државата може да го удвои својот домашен бруто-производ секои десет години. Заклучено е дека не постои единствен рецепт за развој, но, сепак, постои најмал заеднички елемент на економскиот успех. Сите успешни модели се базираат на интегрираноста со светската економија, имаат голема мобилност на работната сила, висока стапка на штедење и инвестиции и способни влади што се посветени на економскиот пораст.
Посебно се нагласува дека активната и прагматичната влада, која е подготвена храбро, но рационално да експериментира, има клучна улога во развојот на економијата.
Во оваа анализа се истакнува дека надворешното задолжување претставува неадекватна замена за домашното штедење, кое е најважен ресурс за динамичното инвестирање. Државите што сакаат брз развој мора во подолг период да жртвуваат лична потрошувачка.
Посебно се потенцира дека нема одржлив и динамичен развој без забрзано инвестирање во инфраструктурата, образованието и здравството. Овој вид државно инвестирање не ги загрозува приватните инвестиции со тоа што го апсорбира слободниот капитал, како што тврдат приврзаниците на приватизацијата на се' што постои.
Државата мора да вложува во инфраструктурата: во патната мрежа, производството на енергијата, водоснабдувањето итн… Тој стратегиски сегмент не смее да им се препушти на странските инвеститори, концесионери или на нивните банки. Државата, исто така, треба да инвестира во образованието и во здравството, бидејќи во тие области пазарот лошо функционира - образована и здрава нација е одговорноста на државата, но и адут во привлекување на капиталот.
Напластените проблеми кај нас ќе мора да се разрешуваат не само со пазарните мерки, туку и со осмислени административни зафати на државата, како што го правеле тоа најуспешните земји. Ова еднакво се однесува и на буџетската и на монетарната сфера. Не е лош секој административен зафат, ниту пазарните мерки се доблест по себеси. Квалитетот на економската политика се вреднува преку резултатите, а не преку нејзината доктринарна основа. |
#
|
Статијата е прочитана 367 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Toni |
Датум: 08.08.2011 06:33:37 |
|
D-re Vasilevik se slagam so vasevo pismo megjutoa bi moral da potenciram deka vo Makedonija treba najprvo da se sredat rabotite vo zemjodelstvoto (golem del od naselenieto se zanimava so zemjodelie).Prva rabota e da se najde soodveten minister so idei i programi i celi a ne duduk koj denot go pominuva po meani i kancelarii.Ne mozes ti da im delis subvencii na zemjodelcite za zgolemuvanje na proizvodstvoto-koga tie kutrite ne mozat da go prodadat vekje proizvedenoto(koj paradoks).Drugo vo Makedonija procedurata na otvaranje na firma e tolku slozena i skapa-sporedena so naprednite ekonomii-sto na investitorite ke im se odmili da investiraat kaj nas.Jas licno otvoriv firma(ziveam na zapad) za 20 minuti preku internet i dobiv svoj biznis broj od ovdesnata danocna sluzba i ne me kostase nisto.Kaj nas istiot proces pred 3 godini me fati 3 nedeli i na kraj mi pobaraa 10 iljadi evra-i rekov-NE FALA! |
|
|
|
|
|
|
|
|