Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Анализа

Али Ахмети и Македонија

Љубомир Д. Фрчкоски

Мислевме дека на лидерот на ДУИ му е најважно Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ, но сега вели дека му е најважна судбината на Косово

Изјавата на Али Ахмети, лидер на ДУИ и клучна фигура во албанскиот блок, „дека никој не може да гарантира мир во Македонија ако се подели Косово и… дека Албанците од Македонија ќе се организирале во таков случај да ја остварат својата национална мисија за создавање голема Албанија или големо Косово, сеедно“ предизвика интерес проследен со емоционални реакции - изненадување, навреденост, разочарување и гнев кај повеќето македонски граѓани. Албанците, главно, премолчија, освен неколку неграмотни обиди да се „оправда“ оваа изјава на лидерот, од аспект на „смирувачка порака“‘ (Рамадани ) или „насочена кон ЕУ и НАТО-интеграциите“? (Теута А.)

Оваа изјава на Ахмети носи пораки надвор од нејзината утилитарност и контекстот во кој е дадена (кризата на северно Косово) и политичарот треба, да не кажам мора, да ги домисли и да е подготвен да ја понесе одговорноста за нив. Контекстот, пригодноста на пораката е стaрата особина на Албанците да даваат екстремни изјави од регионот со цел да ја заплашуваат и да влијаат на меѓународната заеница, која е фактор во регионот, да постапува промптно во согласност со нивните интереси (кои се дестилираат, главно, во Косово, а другите ги следат со спинување). Таа тактика во минатото беше успешна и Албанците навикнаа на неа. Заканите се дека ќе дојде општа криза и ќе уследи акција на меѓународните фактори.

Независно што се руши со такви изјави практично се' што истите лидери во меѓувреме даваа како програма и ставови во внтрешната политичка сцена на државите во кои функционираат. Но, за разлика од „секогаш досега‘‘, оваа изјава на Али Ахмети е дадена во контекст на Македонија, која е кандидатка за ЕУ и е пред портитe на НАТО (за кои, наводно, Албанците најмногу се залагале) и во контекст на десетгодошнината на Охридскиот рамковен договор, што го „прославуваа“ повторно, наводно, најмногу Албанците.

Какви последици има овој став на Ахмети врз тие процеси? Никаков, ќе речат Албанците и ќе ни намогаат да разбереме дека е дадена во контекст на Косово, какo реторичен притисок врз странците и сл. Од друга страна, ќе има редовен излив на омраза (екстремните дпмневци) и општа резигнација. На прв поглед, изјавата е мошне девастирачка за тонусот на меѓуетничките односи. Албанските политичари не се деца на кои треба да им се прости истурањето млеко по асталот секогаш кога не им е по ќеф. Барем се доволно возрасни да ги разбираат премисите и консеквенциите во политиката од своите изјави. Кои се тие во овој случај?

Ахмети со изјавата вели дека позицијата на Албанците во Македонија не зависи (како што упорно тврдат сите овие години ) од статусната позиција на албанската заедница во општеството и од борбата за права, туку од состојбата во Косово?! Се' за што се бореле во правна смисла може да се сруши во еден единствен миг (и Ахмети се сложува дека е тоа така и го одобрува тоа) ако кризата на пунктовите Јариње и Брњак (и други такви места) се прошири во криза за поделба на Косово.

Тој вели дека се' за што се залагал на изборите, неговата програма, јавните изјави за името, за важноста од зачленувањето во НАТО и во ЕУ - се неважни и можат за миг да се претворат во прав пред фактицитетот на Брњак и Јариње во Косово? Каков е тој политичар што вели вакво нешто?

Ахмети, притоа, ја третира својата држава Република Македонија како територија за поткусурување.

Имено, со изјавата вели дека залагањето за Охридскиот рамковен договор на ДУИ и лично неговото не важи или е само тактичко, привремено, бидејќи не зависи од принципите и правата запишани во тој договор и нивното остварувањето, туку од состојбата на Косово?! Во случај на влошување во Косово, ќе треба нов договор што ќе ја определи Македонија како федерација или целосна поделба на државата – реализација на „албанските национални права‘‘.

Со тоа Ахмети вели дека што и да правеле Македонците, колку и да биле толерантни, какви добри, релаксирачки меѓуетнички односи и права да договориле со Албанците во Македонија – сето тоа е фарса и во зависнот од моментот на стабилноста на Косово. Тоа е исклучително фрустрирачка ситуација за секој граѓанин на Македонија (независно од оправдувањата за изјавата). Тоа во основа е навреда кон другите граѓани дека тие се во функција на „албанските национални права“ и живуркаат во оваа држава се' додека не се случи криза во Косово. Дали Али Ахмети ги третира нееднакво другите граѓани на Македонија? Дали сака да ги навреди и понижи – дека нивните национални аспирации се помалку важни или небитни? Или дека нивното залагање за еднаквост на граѓанските права е фарса во споредба со лебдечките, заканувачки сеприсутни „албански обединувачки нацинални права?“ Дали сака да каже дека е лицемер до граница на хипокрит што се однесува за борбата за права на Албанците и нивната еднаквост во македонското општество?

Албанците во Македонија Долго користеа еден аргумент што ми се чинеше издржан. Абдурахман Алити и Ким Мехмети ми велеа дека Македонците се однесуваат во оваа држава како „домаќини“ и ги третираат Албанците како „гости“, на кои тие им даваат права. Дека е тоа неприфатливо стојалиште и дека ова е еднакво нивна држава, во која тие си ги имаат правата и никој не им ги дава или зема... и се' во таа насока. Што ми изгледа перфектно в ред и заедно се залагавме за нивната позиција во безброј трибини и јавни настапи.

Сега Ахмети со оваа изјава ги става своите сограѓани-Албанци повторно во позиција на „гости“ во Македонија како демократска држава. Гости со контејнери газолин, подготвени да ја поделат, запалат, ако Косово е во криза, ставајќи ја во позиција на земја за поткусурување на нивните национално обединувачки етноколективистички позиции.

Сево ова се легитимни прашања што можат да му се постават на овој „одговорен“ политичар на Албанците во Македонија, за кого сметавме дека е поориентиран кон европеизација на државата од своите владини колеги од ДПМНЕ.

Јебига, драги мои, постојано се спротиставував на ставот на еден мој албански пријател, кој велеше, а и сега вели, дека Грујо и Али „си се заслужуваат“ и се смееше како не го разбирам тоа. И двајцата се јавачи на апокалипсата на пропаѓањето на Македонија како граѓанска демократска држава и во овој територијален состав. Едниот држејќи ја надвор од НАТО и од ЕУ и менувајќи го македонскиот идентитет во небулоза на несловенски, античкомакедонски, а другиот ставајќи ја како жртвеник-територија за поткусурување на Косово.

Како што со фројдовска грешка вели еден „браон уредник-увлакач‘‘, тие се влада на целосен, вистински државен дисконтионуитет на Македонија како држава.


#
Статијата е прочитана 5274 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 08.08.2011 00:03:13
Ali Ahmeti e samo izvrsitel na onie koj ja krojat sudbinata na Balkanov.
Од: srebre
Датум: 08.08.2011 00:16:44
jas dadov eden komentar kade se cudam zosto albancite se bunat koga se privilegirani samo niv gi vrabotuvat gi ima 16% gi vrabotuvat 25%,pivilegii pri upis na fakultet,oficijalen jazik vo pola makedonija,ne placat danok /fiksalna ne davat,90% divo gradbi i priklucoci na struja,voda,vo nivni opstini nese placa za parking nit se delat kazni.....ama eden albanec od tetoto mi odgovori da taka e ama nee isto drzavata da ti e majka i macea zatoa sakat gol albanija pa makar imale polos zivot..................
Од: arhe
Датум: 08.08.2011 00:24:28
izjavata na ahmeti ne e najtragicniot del od ovaa prikazna, tuku ljugeto cija sovest ne e pogolema od taa na vrapce i dozvoluvaat covek koj jasno i glasno kazuva deka ne ja saka ovaa drzava se stava na nejzino celo zaedno so gruevski da ja vodi. A nie dragi moi sograganji neka prodolzime da se raduvame na izleani metali i izdlabani kamenja na ljuge, cii ideali odamna se zaboraveni i totalno nepocituvani od tie sto se na vlast... so toa i od samiot narod zosto nie gi stavivme i gi ostavame tie ljuge na vlast
Од: marjan.pp
Датум: 08.08.2011 01:05:48
posle ke recite ne cinela udba,necinel kos,necinel komunizmot,so vakvite se resavase po kratka postapka i zatoa imase mir,a ne sega nekojsi ke ni ja kroi drzavava po negov tertip,vi se molam do koga so ovie...
Од: Alex
Датум: 08.08.2011 06:01:47
Pa G-dine Frckoski ispagja deka ovoj planinecov e mnogu pointeligenten od site dosegasni vrvni karikaturi na makedonskata opozicija i vlast iako naizgled dosta primitiven.1)Imeno i vo vladite na SDSM i DPMNE ovoj istiov "aktivist za covekovi prava"dobil voopsto se za negovite "obespraveni brakja i sestri planinci".2) Paradoksot e sto site dosegasni makedonski politicki konji i magarinja se tolku arogantni i samobendisani taka da bi koalicirale i so samiot gjavol samo za da ne izgubat fotelja i matni biznisi.Svedoci sme na politicki napadi,plukanja i ligavenja od site makedonski partii vo zavisnost od nivnite politicki apetiti i stremezi-krajniot rezultat e PRAVDANJE pred elektoratot za nivnoto politicko neznaenje.3 faktor e evropskoto mesanje vo vnatresnite raboti na RM.4)Klevetenjeto na nasite politicki prvoodelencinja pred evropjanite vo stilot "zimi majka ne bevme nie-drugite bea-pomognete ni".5)Politickiot prostotilak i delbi ke dovede do onaa narodnata- kog2ca se karaat 3ot korist
Од: забеган.
Датум: 08.08.2011 08:01:46
Аман бе -Марјам па зарем не постои сега удба?Постои ама за тие кои ја сакат Македонија,Ако ја бранеш Државата тешко тебе.
Од: Игор
Датум: 08.08.2011 08:11:55
Каде е сега Ким Мехмети да каже нешто?
Од: tetovo
Датум: 08.08.2011 09:25:47
za albancite makedonija ne e samo makea, no makea koja gi zlostavuvase sekogas koga mozese. sega veke albancite porasnaa i se pojaki, a makedonija e starica i slaba, pa so obiduva "da dade prava". ama - too late
Од: mihajlo
Датум: 08.08.2011 09:31:35
Sakam da mislam deka so izjavata na ovoj planinec nastanalo nekoe nedorazbiranje.Demek ne bil dobro razbran.Vo 2001 so pismata od Kosovo sto gi pracase,jas i togas sakav da veruvam deka dobro ne sum razbral.Citajci go napisov,pocna vo glavata mislite da mi se vracaat vo minatoto.Bidejci sum covek vo godini se prisetiv na nastani od minatoto.Nastani za koi slusav i nastani za koi bev svedok.Sumirajci gi site tie nastani i pokraj zelbata da za dosta slucaevi naodjav opravduvanje za revoltot na albancite,nivniot sleden cekor me razocaruvase.Ova sto ovie denovi go cuvme od liderot na UCK,me iznenadi,no i me razocara.Me iznenadi oti sakav da veruvam deka dojde vreme kade site raboti se "ispeglaa",a me razocara oti navistina veruvav( od naivnost) deka albancite se narod od zbor.Za zal se prelazav i po tolku godini sum ostanal naiven.Naivnosta proizleguvala od slatkorecivosta na moite i vasi prijateli.Navistina mislev deka imam komsii i prijateli na koi sakav da im veruvam povece otkolku na m
Од: jimmy1
Датум: 08.08.2011 09:37:35
Volkot vlaknoto go menuva ama umot po nikoja cena. Sto mozi da se ocekuva od terorist i ubiec, od eden nedorasnat zlikovec, od eden anti Makedonec. Kade se udba i policijata da se spravat so vakvi kreteni a ne da ni vodat drzava. Ako poveke go boli zabot za Kosovo neka odi tamu a ne da tresi gluposti vo Makedonija. Za vakvi stoki ostrovot vo Prespansko ezero treba da go pretvorime vo Makedonski Goli Otok pa da se ispratat tamu da se posuncaat malku. Ako ovaj ubiec ima barem malku sovest ne bi daval vakvi glupavi izjavi. Ako nekoj Makedonec izjavese vakvo nesto veruvam deka MVR ke go pritvorese pod hitna postapka, a na ovie nisto ne im pravi. Dali Ustavot i Zakonite vazat podednakvo za site ili pak ne postoi ustav i zakon za albanskite teroristi.
Од: memorija
Датум: 08.08.2011 10:13:47
Aman be Frle sto tie sega pa mu se lutis na Ahmeti. da koalicirase so Braneta najubav ke bese, kako sto it i bese od 2002 do 2006. Pa ti i Ramkoven mu napisa i plukase po Ljube koj togas se borese protiv Ahmeti. More gonete se site.
Од: Itar Pejo
Датум: 08.08.2011 10:21:08
Srdecen pozdrav do site glasaci na VMRO. Oni si znaat zosto. A prasanje do drugite: sto mu zameruvate na ovoj covek koj sto veli deka ne garantira za idninata na Makedonija? Jes ne sum slusnal deka bil imenuvan za garant za Makedonija. A Nikola garantira li za nesto?
Од: ace piljarot
Датум: 08.08.2011 10:43:04
Naivnosta,kusogledosta i emotivnosta na makedonceto naskoro ce mu se udri od glava.Se do momentot koga dvata naroda bile pod tudja vlast ziveenjeto na ovie prostori bilo popodnoslivo.Covek postavuva prasanje sto e toa koe dovelo do takvi razliki koi denes kulminiraat na totalna nepodnoslivost.Kade gresel makedonecot za da ja dozivee ovaa sudbina?. Sudbina koja go doveduva do sostojba da vo svoite vekovni ognista se custvuvas kako gostin.Dali vo momentot koda pomislil ili pak custvuval deka albanecot e gostin ili pak onoj moment kofa albanesot ja prevzel novata religija.Bilo koko i da e jasno e deka ziveeme zaedno zaradi toa sto morame.Albanecot bi bil srecen ako ima moznost na nasa preselba.Sto tolu loso sme napravile pa do taa merka da ne ne podnesuvaat.Ili mozebi postoel period na nesto sprotivno.Nesto nee vo red,nitu pak ima sansi da se sredi.Mozeme da potpisuvame kolku sakas Ramkovni, rabotata neja biva.Se plasam deka Ljubco Bugarinot ce da e vo pravo.Za zal.
Од: студент
Датум: 08.08.2011 10:44:05
Може после оваа изјава на Ахмети, и него Американците ќе го стават на црната листа (иронично кажано). Инаку ако Ахмети вика дека не може тој да гарантира што ќе прават Албанците не треба да загрижува нормална држава каде гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет не прави еден човек, туку прават армијата и полицијата, нели?
Од: Janakiev Nikola
Датум: 08.08.2011 10:55:55
Kole 8.8.2011god. Gosp.Frckoski so vasio komentar jas bi rekol bravo na Albanskata skolovana elita od nikakva tolerancija ninite zemjodelci zanacii rabotnici dostignaja do dominantna tolerancija na Balkano. A takvi kako vas ne stavivte nas Makedoncite vo nominalna nikakva toleracija.
Од: Sloven
Датум: 08.08.2011 11:13:16
Grujo treba pod hitno uste ednas da go priznae Kosovo,pa mozebi Ahmeti ke se smiluva.
Од: Коки
Датум: 08.08.2011 11:17:23
Страшно е што НИТУ ЕДЕН Албанец не се противи на ова.
Од: ptt
Датум: 08.08.2011 11:25:57
Bas odbravte licnost za analiza na istapot na Ahmeti.Toj vrtikapa i kameleon sto nikoj ne moze da go fati ni za glava ni za opaska.Primer za toa se kolumnite sto gi objavuvase Dnevnik i ako e za air dovolno bese!!
Од: patriot
Датум: 08.08.2011 11:45:19
Epa uste ednas se dokaza deka vo nasata Makedonija ne postoi i ne postoel funkcioner ,politicar koj raboti za svojata tatkovina iskreno uste ednas se dokaza deka site se prodadeni dusi koj za Srbija koj za Bugarija ,Grcija ili Albanija ,se cuvstvuvam kako cerga koj sekoj moron ja gazi a nie uporno zagovarame sozivot i dobri meguetnicki odnosi ALOOOOOO kaj go ima toa vo koja drzava vo svetot dajte mi samo eden primer kade teroristi dobile pravo da vodat Drzava .
Од: Коста Стоименовски
Датум: 08.08.2011 12:01:52
Во повеќе наврати предупредував дека лидерот на ДУИ и коалициски партнер во мак. влада, иако декларативно се залага за прием на РМ во НАТО и ЕУ, сака да ја држи Македонија во „лимбо“ (недефинирана) позиција! Сегашната изјава на А. Ахмети целосно ја потврдува мојата теза дека сака РМ да ја држи надвор од НАТО се додека не се реши статусот на Косово! Имам впечаток дека премиерот Груевски или не го разбира ова, или и нему му одговара да ја држи Македонија надвор од НАТО и ЕУ заради прагматични и лукративни причини!?
Од: turcin
Датум: 08.08.2011 12:30:09
za strasno strasno e. No ke bide postrasno koga i torbesite ke stanat del od niv.
Од: r.todor
Датум: 08.08.2011 12:57:59
Ахмети е подметнат ВИРУС, со цел ослабнување и разнебитување на Македонија.
Од: Stipjanec
Датум: 08.08.2011 13:08:48
Vistinata sekogas e mnogu bolna ama takva e taa sekogas, ama barem e vistina. Zosto "plukame" po Ali Ahmeti, toj kaza edna realnost t.e vistina od koja nie Makedoncite treba da izvleceme pouka. Mnogu e vozmozno, takva e sostojbata (za zal), zapadna Makedonija da se soedini kon Kosovo i Albanija a ostatokot kon Bugarija. Znam deka sonot-iluzijata e mnogu prijatna rabota-deka sme bibliski narod, deka Ace e nas, deka nikoj nisto ne ni moze, deka ako ne nesaka NATO ke odime vo Varsavski pakt(koj ne postoi) itn. No za zal posle sonot SAKOGAS na vrata ke tropne VISTINATA, i kolku podocna ja sogledame, taa, VISTINATA ke bide uste pobolna!
Од: seirdzija
Датум: 08.08.2011 13:29:13
Da e Makedonija makea za Albancite verojatno tie od Makedonija ke odea vo Albanija poradi custvoto na pripadnost,ama idat po zapadna evropa koja e sigurno pogolema macea od Makedonija i pored toa revnosno gi pocituvaat zakonite vo tie drzavi.Ubavo bese kazal eden moj prijatel Albanec deka za koj i da se vrzat albancite ovie propadjaat...Turci,Germanci,Rusi,Kinezi,a gledame i na Amerikancite ne im odi bas najdobro...Makedonija ne e isto sto i Kosovo,nitu Albancite se isti i najdobro za samite albanci vo Makedonija e da dadat svoj pridones za sozivot,kako za nivnoto dobro taka i za dobroto na Makedoncite
Од: Blaze m.
Датум: 08.08.2011 14:53:00
Frckovski, Ahmeti e tvoj proizvod so tvojot Ohridski dogovor koj dogovor e tvoe delo togash so tvoite kolegi i predavnicte koj go potpisha dogovorot koj e mnogu shteten za Makedonija koj mu dava shansa na Ahmeti da napravi federacija od R.M. Ali toj e saka cela I svesno raboti na toa mozda ne vo negoviot zivot Ali negovite pokolenija ke ni e, zemat cela blagdarenie na tebe I tvoite sorabotnici shto go izmislivte takov , sekoj dnevno da Barat se povishi I povishe zemetegi izborive za primer bilo koja partija da praveshe vlada ke beshe ucenuvana kaki shto beshe Gruevski vo momentov i morashe da im da se shto pobara pa duri i ratnite zlostornici gi pomiluva, a i SDES da beshe istoto ke se sluceshe , zatova shto tvojot H.D. Mu go dava toa pravo treba da se sramite za vashite dela e zakopavte Makedonija ushte ne umrena
Од: Boshko
Датум: 08.08.2011 15:21:37
Eh moi brakja Makedonci,dali moze da mu se veruva na Volk.Od mal volkot ziveel so ovcharot .kutriot ovchar veruval deka pitomoto Volche koga ke poraste ke bidi odlichen branitel na stadoto,I volkot porastil,koga stadoto bilo napadnato od Volci ovcharoviot Volk gi videl negovite brakja shto pravat pa i Toj im se pridruzil.Volkot e sekogash Volk.Teroristot vechno ke bide terorist.Treba site vodachi i naj glavnite shto se so taa misla da se namestat kade shto e naj potrebno.Izbori ne se potrebni,sega treba SDSM da prevzemi se vo svoi race i da pochni so chistenjeto na Drzavata isto kako shto praveshe JB Tito.Od DPMNEne ochekuvam nishto za toa shto i ne znaat nishto a treba da se prikluchat kon SDSM i da pomognat vo chistenjeto.
Од: Коцин-Сиднеј
Датум: 08.08.2011 15:41:02
Навистина сум изненаден од текстот односно стсвот на Фрчко. Тој и неговите од СДСМ треба да застанат рамо до рамо со ДПМНЕ да ги бранат националните интереси а не да си ги вадат очите во борба за власт и фотелји а ако државата им пропаѓа пред очи ден за ден!!!
Од: ОНУФРИЈЕ
Датум: 08.08.2011 16:21:45
Јадна ти е таа Македонија и се што е во врска со неа кога дошло време да еден кој се вика Али со презиме Ахмети да има клучна улога за иднината на Македонија. Јас се откажувам ос се што е македонско а е во врска со мене. Фала не ми треба таква Македонија. Подалеку нека е и од мене и од моите интереси за се што е македонско
Од: "vodolija"
Датум: 08.08.2011 16:24:16
Citaj kako e napisano a ne po svoe slobodno uveruvanje i tolkuvanje !!! Izjavite na Ahmeti ne se zakana-toa e "MEC SO DVE OSTRICI " i onoj koj nerazbira politika a ne vnimava ke se isece !!! RM e tatkovina na albancite vo RM !!! Albancite se pogolemi PATRIOTI od duhot na proteranite egejci. Zatoa , vo momentov Egeecot Gruevski i negovite istomislenici se NAJGOLEMO ZLO ZA RM. Bez razlika dali na nekoj napisanovo mu se dopagja ili ne !!! Samo Ahmeti moze da mu go dotera pametot na egeecot Gruevski !!!

Најди! во Утрински
Политика
Братот на убиениот Мартин повикува на нов протест
Дипломатијата не беше подготвена

"""