Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Бигорски ги покрива раните

Киро Кипроски

„Св. Јован Бигорски“ - Неколку градежни тајфи од Вевчани и од Пустец, Албанија, со несмален интензитет работат на покривање на раните на Горни палат што ги направија пламените јазици пред речиси две години кога до темел изгоре сета дрвенарија на прекрасните чардаци, монашките ќелии, големата трпезарија, галеријата на икони, гостинската одаја и другите простории на Бигорскиот манастир.

„Столбовите ги градиме од армиран бетон, а посебни бетонски плочи се поставуваат меѓу катовите н�� североисточното крило и на монашкиот дел. Во следната фаза ќе се изврши инјектирање на ѕидовите што останаа, со цел да зацврстат“, вели архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

Паралелно со подготвувањето на бетонската конструкција, во Босна и Херцеговина се изработуваат елементите од масивно дабово дрво. Според динамиката, кон крајот на септември специјална група на производителот ќе ги монтира дрвените чардаци, скали, прозорци, врати и други дрвени елементи. Со монтирањето на чардаците ќе биде поставена и покривната дрвена конструкција и камените плочки, кои веќе се изработени.

Игуменот Партениј очекува есенва целосно да завршат сите работи на карабината, да се затвори Горни палат, а идната година работите да продолжат на уредување на внатрешниот дел, со поставување тавани, живописување на ѕидовите, поставување инвентар... Ако изградбата продолжи со оваа динамика се очекува в година на 11 септември, на патрониот празник на св. Јован Крстител да се изврши чинот на осветување на Горен и на Источен палат.

Монашкото братство е задоволно од квалитетот на работата и очекува дека на манастирот ќе му биде вратен автентичниот изглед без никакво отстапување , со тоа што конацаите сега ќе бидат поцврсти и побезбедни.


#
Статијата е прочитана 2892 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Здружението на самохрани родители во Штип мора да се сели

"""