МИС БАЛКАН 2008
Христина Мицевска - мис на фотогеничност на Балканот
На Изборот на мис на Балканот 2008, македонската претставничка Христина Мицевска ја освои титулата мис на фотогеничност. Победничка е Андријана Вујовиќ, претставничка на Црна Гора, а нејзина прва придружничка е Јелена Ивановиќ од Србија, додека на третото место, т.е. втора придружничка е Тамара Мршуља, исто така, од Црна Гора.
Христина Мицевска (лево) мис фотогеничност со победничката Андријана Вујовиќ
Изборот се одржа во хотелот „Адмирал“ во Белград. Гости на манифестацијата беа Маја Николиќ, Неда Украден, Билјана Ристиќ, Пеѓа д’ бој, Никола Буровац… кои беа членови на жирито, а и се претставија со неколку музички нумери.
Шестнаесетгодишната Христина Мицевска е од Скопје и е ученичка во гимназијата „Орце Николов“. На изборот настапи преку модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за официјалниот Избор на мис на Балканот. |