ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ
Љубоморната Џеј Ло го шпионира Марк Антони
Иако Џенифер Лопез и Марк Антони ги демантираа сите гласишта за крахот на четиригодишниот брак, не успеаја да ги запрат медиумските шепотења за проблемите во врската.
Така, „Пејџ сикс“, трач-страница на „Њујорк пост“, пишува дека Џенифер е толку недоверлива кон Марк, па на неговата турнеја го испраќала својот асистент додека таа била дома со близнаците.
„Сакаше информации од прва рака за да биде сигурна дека не ја изневерува“, изјавил доверлив извор за „Пејџ сикс“.
Судејќи според написите, двојката го продава својот имот во Бел Ер, каде што во јуни 2004 година ги разменија свршеничките прстени.
Фотографиите на пејачко-актерскиот пар без свршеничките прстени ги поттикна гласиштата дека бракот им е пред распад, но нивниот претставник го демантираше. |