Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Роман на годината

„Монотонија“

Денеска објавуваме извадок од романот „Монотонија“ од Бобан Богатиновски, издание на „Култура“

Михаил не успеа да најде работа и беше принуден да се врати во Австрија по нови пари. Целодневно разнесуваше весници во еден кварт заработувајќи по 40-50 евра дневно, не сметајќи ги трошоците за бензин.

Гитарата во ќошот, лаптопот на малата витрина, мобилниот апарат, неколку книги со верска содржина, бокалот со специјалниот филтер за вода, пепсито без шеќер и колата пред куќата беа неговото цело подвижно и неподвижно богатство во подрумската просторија на малата куќа, неговото ново живеалиште. На катот погоре живееја луѓето кои исто така беа Јеховини сведоци.

Кога влегов во малата соба ��адлабочено читаше некои стари писма копајќи по спомените од минатото. На масата стоеја неколку фотографии, меѓу кои и фотографијата на татко му со долга коса и бунтовнички дух. Татко му на Михаил имаше сменето неколку жени, живееше во Њујорк и имаше градежна фирма. Се сетив кога еднаш ми спомна дека имал добиено поприлична сума во некое казино и последната жена го советувала да си одат дома, но тој не ја послушал и најпосле ги изгубил сите пари, дури и се задолжил. Амбиентот ме потсетуваше на студентските денови кога седевме по влажните визби, пиевме пиво и работевме поезија. Беа тоа добри, незаборавни времиња.

-Имаш ли идеја што можеме да правиме ние двајцата, а притоа добро да се чувствуваме?

Михаил само се насмевна. Претпоставував дека помисли на неколку згодни девојки и добра забава.

-Мислиш на привремено задоволство. Постои привремено и постојано задоволство.

-Она привременото, привременото - се насмеав.

-Почна ли да се буди татковскиот нагон во тебе - прашав?

-Јас ќе имам деца в рајот.

-Како мислиш во рајот?

-Рајот ќе биде на земјата, не на небото.

-Ова мене ми звучи на утопија. Има работи од кои можеме да се откажеме и работи од кои не смееме да се откажеме - констатирав.

Што всушност очекував од Јеховините сведоци. Внимание, љубов?! Можеби едноставно уживав во нивното друштво. Да, тоа е вистинскиот одговор. Уживав во нивното друштво, посебно ако беа вешти во уметноста на конверзацијата.

-Ми ветија од октомври да давам часови по германски јазик во едно приватно училиште. Можам да давам и часови по гитара.

-Ќе дојдеш ли утре на состанок во Салата на Царството. Ќе има приказ на 10 божја заповед: Не посакувај ништо што е туѓо.

-Ако посакувањето се случува во мислите, тука нема дело, нема грев, ниту докази за сторениот грев. Помислите имаат индивидуална димензија, се случуваат во нашата глава и се' уште на никој не му имаат наштетено.

-Да, но се почнува во мислите. Делото е следното нешто што ќе се случи ако не го спречиш во мислите. Ќе дојдеш ли на состанокот?


#
Статијата е прочитана 471 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Ќе не' натера ли мјузиклот да одиме на опера?
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Тенорот Благој Нацоски ќе настапи на концерт во Рим