Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Тенорот Благој Нацоски ќе настапи на концерт во Рим

Македонскиот тенор Благој Нацоски, по настапите во Скопје на Василичарските концерти на МОБ, в недела ќе одржи концерт во Рим, на кој ќе настапат и контратенорот Луиџи Скифано, како и вокалниот ансамбл „Ил џоко деле парти“ предводени од диригентската палка и пијано придружба на Маестро Алесандро Д‘Агостини.

Концертот ќе се одржи во „Сала Имаколата“ во Комплексот Санти Апостоли во центарот на градот.

Програмата на концертот претставува „Омаж на Бенџамин Бритн“, најголемиот британски композитор на 20 век.

„Бенџамин Бритн е еден од моите омилени композитори, а се смета за најпознатиот англиски композитор на 20 век и еден од универзално најсаканите и најизведуваните современи музичари: а ова се објасну��а со фактот што поседувал голем капацитет за да ги отслика мистериите и сугестиите на секоја епоха со еден модерен и уникатен музички јазик. Програмата што ќе ја изведеме е префинета и восхитувачка, предизвикува емоции и е разновидна; некои од делата ретко се изведуваат, но сигурен сум дека ќе имаат силен ефект и длабока сугестија кај слушателот“, вели Нацоски.

На концертот го најавија своето присуство амбасадорите на РМ од Република Италија и од Светата престолнина, Ѓоко Георгиевски и Велибор Топалоски. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Ќе не' натера ли мјузиклот да одиме на опера?
Берлинале во знакот на млади и независни автори
„Монотонија“