Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Премиера на „Вишновата градина“ утре на сцената во МНТ

Чехов во ова дело се занимава со наједноставното нешто, а суштински комплицирано, тоа е љубовта, вели драматургот Дарко Јан Спасов

Невена Поповска

Претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов во режија на Трајче Ѓорѓиев утре премиерно ќе биде изведена на сцената на Македонскиот народен театар.

Режисерот на вчерашната средба со новинарите рече дека дошол на идеја еден ваков проект да произлезе на сцената на МНТ поради тоа што оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на Антон Павлович Чехов и поради потенцијалот во театарот, кој се создава и од причина што некои од постарите актери одамна не заиграле на сцената. „Претставата е копродукција меѓу ’Продукција странице‘ и Македонскиот народен театар и се' што е нејзино обликување е помогнато од МНТ со костими, сценографија. Се' што е направено за оваа претстава е моја инвестиција. Никој не ја помогна претставата“, истакна Ѓоргиев. Осврнувајќи се конкретно на култната претстава Трајче Георгиев рече: „Да се истражува ’Вишновата градина‘, значи да се копа во неа, да се закројат дрвцата, да се бојосаат со вар, да ги гледаш како цветаат, да ги собереш плодовите, да уживаш во нив. Понекогаш градината може и да заболи, да се исуши. А тоа понекогаш може да значи дека таа треба и да се исече. Не плашете се од авантурата да станете Градинар. Помалку или повеќе, секој од нас некаде на некое место во овој свет има своја градина. Негувајте ја“.

Драматург на претставата е Дарко Спасов, кој посочи дека Чехов секогаш се занимавал со несреќните и со неуспешните, но, сепак, значајните луѓе во општеството кои се стожер на нашето постоење. „’Вишновата градина‘ е последното дело во животниот опус на Чехов. Го напишал на 44-годишна возраст, а само за илустрација во кое време живеел би посочил дека една година потоа се случиле солунските атентати. Чехов се појавува како филантроп, садел дрва, пошумувал вишни, јасен, брези, им подарувал на библиотеките од две до три илјади книги, а несомнено го сакал театарот. Во ова свое дело тој се занимава со наједноставното нешто, а суштински комплицирано, тоа е љубовта, додека во светот се случуваат големи светски промени. Тоа е актуелно и денес“, рече Спасов. Според него, Чехов е филигран на познавањето на човековата душа, несреќа и страдание, а претставата е за продавањето на нешто што не сте го заслужиле и одгледале. „Човекот и љубовта се толку сложени и комплицирани феномени што потрагата по нивната смисла се невозможни, истовремено се така устроени што ако некој случајно ја открие нивната смисла, во истиот момент колабира во нешто уште посложено и покомплицирано“, истакна Спасов.

Директорот на МНТ, Сашо Миленковски, истакна дека оваа институција ги поддржува сите свои членови и актери, кои сакаат да создаваат и таков е и овој пример. Во претставата играат Снежана Коневска-Руси, Кристина Ласовска, Сашко Коцев, Томе Витанов, Гораст Цветковски, Никола Ристановски, Александар Шехтански, Кирил Коруновски, Благица Трпковска, Сашка Димитровска и Валентин Костадиновски.


#
Статијата е прочитана 342 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Македонија во земјата на чудата на канскиот маркет
Срамен амбиент во Спомен-куќата на Страшо Пинџур
Роберт Пашоски изложува во КИЦ
Гордана Михаилова-Бошнакоска пишува песни-слики
Пијано - рецитал на Марија Тренчевска