Пијано - рецитал на Марија Тренчевска

Пијано рецитал на Марија Тренчевска вечерва, во 20 часот, ќе биде одржан во Музејот на Град Скопје, каде што на програмата ќе се најдат дела од Хиндемит, Бетовен, Дебиси и од Рахмањинов. Рециталот е во рамките на циклусот „Доаѓаме“, преку кој КИЦ продолжува со традицијата на ексклузивни концерти на оние таленти што веќе ја аргументирале својата концертна перспективност низ бројни настапи.
Марија Тренчевска (1987) завршила во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје во класата на проф. Маријана Влаисављевиќ, а сега е студент четврта година на ФМУ во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска. Добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари, настапувала во Македонија и во Италија. (К:Б.) |