Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Гордана Михаилова-Бошнакоска пишува песни-слики

Во КИЦ беше промовирана најновата поетска збирка „Докази“ од оваа поетеса

Во Културно-информативниот центар вчера беше промовирана најновата поетска збирка под наслов „Докази“ од истакнатата македонска авторка Гордана Михаилова-Бошнакоска.

Гордана Михаилова-Бошнакоска живее и работи во Скопје. Беше новинар и уредник во Македонска телевизија, каде што подготвуваше емисии од областа на културата, уметноста и документаристиката. Со пишување поезија почнала во најраната младост, а подоцна проза. За нејзиното творештво се искажале повеќемина литературни критичари, теоретичари и писатели. За поетската книга „Планини од картонски кули“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за 1998 година на Струшките вечери на поезијата. Автор е на книгите „Писма“, поезија, „Толкување на морето“, поезија, „Босфорско лето“, проза и други.

„Докази“ е деветата поетска книга на Гордана Михаилова-Бошнакоска. Песните од оваа книга се, всушност, доказ за постанокот на песната и оттаму целата книга насловена како „Докази“, а издавач е „Матица македонска“ од Скопје. Книгата ја промовираше проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска, која нарекувајќи ги песните на поетесата песни-слики ја долови суштината на поезијата на Михаилова-Бошнакоска. Нејзините песни навистина личат на подлошка за сценарио и на читателот му даваат целосна слика за нештата. „Отсекогаш музиката сум ја сметала дека е пред се' и над се'. И мислам дека ние поетите и писателите кога пишуваме само навидум досегнуваме до некои висини, но никогаш не можеме да допреме до оние места до кои допира музиката“, рече Гордана Михаилова-Бошнакоска. Стихови од збирката читаше актерката Сабина Ајрула Тозија, најновата песна ја прочита самата авторка, а за музичкиот дел од програмата беше задолжена Мерсиха Шукри, харфа. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Македонија во земјата на чудата на канскиот маркет
Срамен амбиент во Спомен-куќата на Страшо Пинџур
Премиера на „Вишновата градина“ утре на сцената во МНТ
Роберт Пашоски изложува во КИЦ
Пијано - рецитал на Марија Тренчевска