Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

КИМ КАРДАШИЕН

Бесна поради разголените фотографии

Фотографиите со разголената Ким Кардашиен само за еден ден „прошетаа“ низ целиот свет. Иако се снимени уште пред три години, членовите на „Плејбој сајбер клаб“ одлучија пред неколку дена да објават 19 досега непознати фотографии од сосема голата старлета, по што убавата Ким тотално збесна. „Ким беше многу лута кога слушна дека целиот свет ги има фотографиите пред себе. Мислеше дека никогаш нема да видат бел ден. Сега се обидува да се повлече настрана, затоа што сфати дека шоу-бизнисот не е толку забавен како што го доживуваше“, изјави за „Радар онлајн“ неименуван извор, близок до семејството Кардашиен.

Инаку, во декемвриското издание на „Плејбој“, пред речиси три години, беа објавени девет фотографии со Ким, а сега беа прикажани и останатите 19. Ким жали за направеното, па порано оваа година изјави: „Жал ми е што се соблеков за ’Плејбој‘. Воопшто не се чувствував пријатно“. Притоа, додаде дека нејзината мајка Крис Џенер и' вршела притисок за да го прифати снимањето.


#
Статијата е прочитана 1386 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Неверниот сопруг бара прошка
Бритни не ги тепаше децата