Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

КЕВИН ФЕДЕРЛАЈН

Бритни не ги тепаше децата

Екссопругот на Бритни Спирс, американскиот танчар и актер Кевин Федерлајн, ги демантира обвинувањата на бившиот телохранител на пејачката, кој зборуваше дека некогашната поп-сензација сексуално го злоупотребувала, а и физички ги малтретирала децата. Кевин, таткото на 4-годишн��от Шон Престон и 3-годишниот Џејден Џејмс, сигурен е дека Бритни не ги злоупотребувала своите синови, пренесува британскиот „Дејли мејл“.

Бритни го нарече бившиот телохранител Фернандо Флорес опортунист, човек кој сака да го искористи нејзиното име и статус за да заработи пари и да стане јавна личност. Исто така, изјави дека социјалната служба спровела истрага и заклучила дека не постои сомнеж за нејзините методи, па тужбата против неа е „само уште една незгодна ситуација, во која некој сака да се збогати и да стане славен на сметка на семејството Спирс“.

Флорес тврди дека пејачката често знаела да се соблече во негово друштво, притоа и да го провоцира, а посебно се шокирал кога Бритни, според него, намерно му ги покажала гениталиите. Освен тоа, Флорес наведе дека ќе сведочи против неа и нејзиното несоодветно однесување кон децата, велејќи дека пејачката ги казнувала со својот појас.


#
Статијата е прочитана 909 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Неверниот сопруг бара прошка
Бесна поради разголените фотографии