Вејн Руни
Неверниот сопруг бара прошка
Неверниот англиски репрезентативец, Вејн Руни, сфати каква глупост направи и сега, според зборовите на пријателите, очајнички сака да го спаси бракот со сопругата Колин. Познаниците наведуваат дека Руни по телефонскиот разговор со својата жена сфатил дека сексот со проституткатата бил енормна грешка. Фудбалерот на „Манчестер јунајтед“ стравува дека сопругата ќе побара развод и ќе го остави сам, па поради непромислените грешки, животот се' повеќе ќе му се урива.
„Вејн и' рече на Колин да заборави на она што се случи, но и дека сфаќа колку ги повредил неа и целото семејство. Сега ќе направи се' што е потребно за да го исправи тоа“, изјави пријател на славниот пар за британскиот „Мирор“, додавајќи дека Колин пристапила да разговара со неверниот сопруг, притоа нарекувајќи го „голема будала“. Тој, пак, најмногу се плаши од развод и по секоја цена сака да го избегне.
Славниот фудбалер ја изневери својата бремена сопруга со 21-годишната проститутката Џенифер Томпсон, а целата афера ги погоди и нејзините родители, Хамиша и Дејн Томпсон, кои неодамна јавно го искажаа своето жалење за целата ситуација. Во истиот период кога решија јавно да истапат, низ медиумите се прошири информацијата за уште една љубовница на Руни, 23-годишната Хелен Вуд, која, според зборовите на нејзиниот макро, им се придружила во креветот на Вејн и Џенифер. |