Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Има парно, иде поплава

Хавариите се случуваат поради неисправни вентили на радијаторите или проблеми со внатрешната инсталација

Снежана Калабакова


Уништен паркет, мебел и покуќнина, но и поплавени соседни станови е билансот од хавариите што се случија во домовите на некои скопјани откако „Топлификација“ стартуваше со грејната сезона. Неисправните вентили на радијаторите или други проблеми со внатрешната инсталација на еден станар ги остава без греење сите други што живеат во истата зграда. И мрзнат сите додека дефектот не биде отстранет и инсталацијата ставена во погон за да може топлинската енергија да стигне до радијаторите во сите станови.

Од „Топлификација“ велат дека хавариите се случуваат затоа што најчесто корисниците се неодговорни и не се грижат за внатрешната инсталација. Нивна е обврската од 15 мај, по завршувањето на грејната сезона, до 15 септември пред да започне новата да ангажираат стручно лице ��а изврши замена на штопни и вентили и да ги испере радијаторите во своите домови. Од претпријатието потенцираат дека ако редовно се преземаат ваквите мерки, нема да се случи да има хаварии на стартот на грејната сезона кога системот е под притисок. Според експертите, во тој случај не може да пукаат ни вентили ни да се излеваат големи количества врела вода. Така, секој станар ќе го заштити својот дом, но ќе ги заштити и соседите од штетата што може да им ја направи поради својата неодговорност.

Но, штета може да настане и поради лоша интервенција, било да е од мајстор или од фирма што не се квалификувани, односно овластени или, пак, од самиот корисник. Лошата материјална состојба најчесто ги тера граѓаните да се снаоѓаат и за да платат поевтино бараат начин да го решат проблемот, не водејќи сметка дека тоа ќе ги чини многу поскапо.

„Мора редовно секоја година да се чистат радијаторите и да се направи контрола на вентилите и штопните. Летен период нашите монтери бесплатно ги перат радијаторите, а сега, за време на грејната сезона, за тоа се наплаќа. Корисниците мора да знаат дека интервенцијата на внатрешната инсталација чини многу помалку во однос на штетата што може да настане под притисок од 5 атмосфети кога греењето е пуштено. Така, за еден вентил треба да се издвојат од 6 до 7 евра, или 4 евра чинат бугарските вентили, а тоа е многу малку во однос на штетите што може да ги претрпат станарите“, тврди Методија Стојчев, директор на „Снабдување Запад“.

Освен лиценцираните фирми, услуга за одржување на внатрешната инсталација на објектите, под комерцијални услови дава и „Топлификација“, а граѓаните можат да ги пријават сите дефекти на телефонскиот број 3076- 200 секој ден и во кое било време. Тие се снимаат и се евидентираат во соодветна софтверска апликација. По пријавувањето на проблемите, од претпријатието веднаш доаѓаат нивните вработени и ја исклучуваат потстаницата се' до санирањето на дефектот.


#
Статијата е прочитана 1066 пати.

Испрати коментар

Од: Stojko
Датум: 14.10.2010 17:21:54
Tocno e deka doagaat i ja zatvoraat potstanica, ama ne ste napisale deka prvo mora da platis, pa da ti ispraznat voda od sistem , a cenata zavisi od katnosta na zgradata. Taka da informirajte celosno.
Од: pero
Датум: 14.10.2010 23:24:50
Ic ne se obiduvajte so 3067-200, osven ako nemate druga rabota pa ce kampuvate do telefonot. Na telefonite od sajtot www.toplif.com.mk (patem receno najgolemiot broj od niv ne se toccni ili ne se apdejtuvani) retko koj se javuva i vednass veli deka samo monterite mozzat da pomognat a tie se sekogass na teren, oti imale stotici defekti.. Samo so protesti i so gradjanska neposlussnost mozze da se naucci na pamet arogatnototo i nesposobno rakovodstvo na ovoj monopol. Ne smrznaa defektni niedni, a nie si molccime dodeka ne derat s nerazumni ceni!
Од: jas
Датум: 15.10.2010 08:10:00
Se cuvstvuvate mizerno kako graganin, vrtite telefon so sati ne dobivate , se javuva avtomat i nikoj ne vi odgovara. Veb sajt apsolutno nekoristen, na meil nikoj ne odgovara. taka ni treba

Најди! во Утрински
Скопје
Оградите на мостовите и фасадите на зградите како топ-сикрет
Кредит од 8 млн. евра за две катни гаражи






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria