Оградите на мостовите и фасадите на зградите како топ-сикрет
Од Градот се правдаат дека немаат согласност од авторите да ги прикажува идејните решенија
Како најголема тајна се водат новите фасади што ќе ги добијат старите згради во центарот на градот, како и идниот лик на двата централни моста. И по измината речиси половина година градските власти не сакаат да обелоденат како планираат да ги обноват оградите на мостовите „Гоце Делчев“ и кај „Холидеј ин“, ниту, пак, откриваат во кој стил ќе ги освежат фасадите на зградите што гравитираат околу плоштадот „Македонија“. Вчера кога Советот на Скопје носеше одлука за изградба на двете градски катни гаражи, едвај беше прикажан нивниот изглед.
Нејасно е зошто и по толку време од јавноста се крие новиот лик на посочените објекти, иако за сите нив се избрани идејните решенија уште пред неколку месеци, а за мостот „Гоце Делчев“ деновиве дури се бара и изведувач на работите на терен. Од Град��т тврдат дека единствената причина за мистериозниот пристап кон проектите е немањето согласност од авторите на идејните решенија. Наводно, тие не сакале да ги прикажуваат своите дела се' додека не завршат сите процедури за нивна реализација на терен, се' со цел да ги избегнат реакциите од јавноста.
„Градот не ги крие идејните решенија, туку, едноставно, нема дозвола да ги прикаже, на што инсистираа авторите. Сепак, станува збор за авторски права, па можеме да бидеме тужени. Што се однесува до сите проекти, единствено можеме да информираме дека засега е повеќе од очигледно оти ниту еден од објектите нема да почне да се обновува, односно да се гради до крајот на годинава“, објаснува Неделчо Крствески, портпарол на градоначалникот Коце Трајановски.
Тој не сака ниту да потврди ниту, пак, да ги отфрли шпекулациите во јавноста дека, на пример, оградата на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде изведена со барокни елементи за да се вклопи во амбиентот по неодамнешното поставување на лавовите. Од Градот не сакаат да коментираат ни околу тоа дали фасадите на зградите на плоштадот ќе бидат освежени во антички стил за да соодветствуваат со градбите во околината, кои се дел од владиниот проект „Скопје 2014“. Единствено е познато дека планираните две градски катни гаражи ќе имаат модерна фасада, изведена, генерално, во стакло, како што се бараше на јавниот повик за избор на идејно решение. (Дс.Т.)
So isplatata na konkursnite trudovi raspisuvacot na konkursot se steknuva so pravo na upotreba na nagradeniot trud vo celost.
Gi ima celi tekstovi od konkusite na internet, pronajdete gi, objavete gi..
Administracijata na Koce ednostavno: laze! Ili go krie sramot..
Од: Goran
Датум: 14.10.2010 15:41:21
Samo napred!
Milo mi e sto izgradbite se izveduvaat i pokraj golemite pritisoci na opozicijata.
Vreme bese nekoj nesto da napravi za gradot.
Kako novinari, me interesira zosto ne napravite nekakva istraga za toa kade odea site ovie milioni evra za vreme na SDSM.
Opozicijata ni kazuva deka Makedonija ekonomski e najslaba do sega, sto znaci deka za vreme na SDSM imale mnogu pogolemi prihodi, a sepak nisto nevidovme izgradeno a Makedonija bese zadolzena preku glava vo poslednata godina od SDSM.
Ve molam objavete, poradi toa sto nekoi lugje se bunat deka ovie pari se kradat... i da zemaat del od parite sepak narodot dobiva nesto.
Za 15 godini osven sto iskrpea nekolku dupki po ulicite i sto zapocnaa gradeznite piramidi i izmamuvanja , jas nisto nevidov od opozicijata.
Ima li nekoj koj sto moze da mi odgovori kade otidoa tie milioni evra???
Од: zoran
Датум: 14.10.2010 17:13:45
Gorane, ti kade zivees, vo Tunguzija li? Odi bre brat vo biblioteka i vidi vo starite vesnici i vidi sto e porano izgradeno a kolkavi bile budjetite. So desetpati pomali budjeti se napraveni deset pati poveke raboti. (Vidi samo kolku cinat Kozjak i avtopatot Tetovo - Gostivar). A sto se odnesuva do dolgovite na ovie i onie ti toa stvarno go mislis ili se salis. Ili mozda posetuvas kurs za treskanje gluposti na nekoj disperziran fakultet?
Од: Горанчо
Датум: 14.10.2010 17:29:37
Кутри Горане,ти навистина го мислиш ова што го напиша?Каде виде да се гради нешто?Заврти се околу себе и прашај се кога е тоа изградено?Слаб матеметичар си,кои се тие 15 години,кога Грујо е деввета година на власт?!!!Споменичарството е градење само кај нас,во сенегал и во Киргистан.Треба да одиш кај спомениците,биле лековити,таја тврди Вангел Божиновски!
Од: Ige
Датум: 14.10.2010 19:14:55
Zorane, a ti kade zivees, vo Kazakstan?
Za 15 godini go napravija Tetovo - GOstivar i za toa treba sveka da im palime?
Idi i proveri gi patistata nie Makedonija sto ovaa vlada gi izgradi i kluckata vo SKopje i drugi mostovi, zgradi, kanalizacii, i drugi infrastrukturi koi sto ne bea cepnati 20 godini.
Skopje se nemase cepnato sive ovie godini i ti sega ke ni solis pamet ovde so nekoi smesni pogovorki?
Skopje najposle ke nalici na grad i ke se oslobodi od tie gnasni izlupeni fasadi.
Kejot na Vardar najpole ke zalici na nesto drugo osven na mesto za frlanje otpad.
Za tebe i za drugi istomislenici na koi ne vi se dopagja sto SKopje se obnovuva, glasajte za drug pa barajte tie da izgradat nesto poubavo.
Samo neznam kade bese koga se gradese kineskiot zid pozadi Stadionot?
Nikoj ne izleze ana plostad da se buni io strajkuva...
Од: mene
Датум: 15.10.2010 08:39:53
Не сум за ВМРО уште помалце за СДСМ али што направија момциве стварно направија.За времето на СДСМ што видовме?Само пустош,не дека овие се идеални ама барем нешто ќе остават,за трајни вредности
Што направи (изгради) СДСМ нешто што се вика "еве ова го направија супер е"?
Од: XXXL
Датум: 15.10.2010 09:49:48
OK - i jas nešto za Goran: Gorane (a ne samo ti...) ,gledam, čitam, ti dušata ja davaš za partijata, znači, za nejzinite členovi, pred sé verovatno, za šefovi. Treba da se prašaš sebesi, nekade vo privat, nasamo, za da neslušne nikoj: koj od tie lugje ke dade kapka voda - a kamoli duša!! - ZA TEBE????
Од: do mene od tebe
Датум: 15.10.2010 10:41:54
Dali e podobro na kukata da se zajaknat temelite ili da se napravi najubava fasada? dali covek treba da vlozuva vo kozmetika ili vo zdravje? Ovaa Vlada ja preferira fasadata i kozmetikata koja kaj nam vednas ni pagja v oci. Temelite se pod zemja i na prv pogled ne se gledaat, no fasadata ke ja snema onoj moment koga temelite ke popustat. Taka e i so drzavata. Jas licno sum za temelite, a VIE?
Од: saska
Датум: 15.10.2010 12:52:32
Jadni i Goranovci i Igevci i slicni vam, ne ve zalam voopsto, mora i takvi da ima, zaradi protivteza, neli? Mi e krivo sto i site ostanati ke mora DA GI VRAKJAAT KREDITITE! Ne samo pisuvajte super bilo sto ke se gradi, na kredit e! A, toa treba da se vrati. E togas mislam ke ti se odmili sve. Razbudi se!!!