Кредит од 8 млн. евра за две катни гаражи
Опозицијата во Советот на Скопје ја нападна одлуката Градот да се задолжи поради изградба на катни гаражи. Градската власт треба да земе 8 милиони евра кредит за изградба на две катни гаражи, едната кај Старата железничка станица и втората кај „Лотарија на Македонија“. Според мислењето на опозицијата, објектите треба да ги изгради Владата и да не се оптоварува градскиот буџет со обврска за враќање големи кредити.
„Враќањето на долгот, според одлуката што треба да ја донесеме, ќе биде со грејс-период од две години, што значи дека овој градоначалник обврската за враќање на кредитот му ја остава на својот наследник“, рече вчера советникот на СДСМ, Игнат Виларовски.
Одговорот, пак, на градоначалникот Коце Трајановски беше дека ако тој евентуално го добие вториот мандат, тогаш самиот ќе ги враќа парите. „Дел од изградбата ќе се финансира од продажба на деловниот простор, а дел од кредитот“, посочи Трајановски.
Почетокот на изградбата е планирана за крајот на годината, а пари��е дотогаш треба да се обезбедат од една од комерцијалните банки од земјава. Трајановски не одговори колку ќе чини паркирање во првите скопски катни гаражи, ниту ја прецизираше цената по која ќе се продава деловниот простор. (С.Н.)
|