Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Забрзани подготовки за 8 Септември

Интензивно се работи на објектите предвидени да бидат промовирани на Денот на независноста

Деспина Трајковска


Пуштање на фонтаната на споменикот Александар Македонски, отворање на Музејот на ВМРО, промоција на новата аеродромска зграда на „Александар Велики“, предавање во употреба на пешачката зона со јапонски цреши на улицата „Никола Вапцаров“... Засега, ова е листата со објекти кои на 8 Септември ќе бидат и офиц��јално промовирани во јавноста и пуштени во употреба. Можно е во последен момент таа да се прошири со портата, со булеварот „Климент Охридски“, новата ограда и илуминација на мостот „Гоце Делчев“.

Надлежните тврдат дека крајот на изградбата на сите овие објекти случајно се совпаднала со државниот празник, кој годинава ќе одбележува 20-годишен јубилеј. Од Град Скопје не можат со сигурност да потврдат дали некој од проектите кои се во фаза на реализација ќе бидат готови и промовирани токму на денот на државноста.

„Градот е во фаза на реализација на повеќе инфраструктурни проекти. Најголемиот дел од проектите се реализираат според предвидената динамика на изведувачите. Градот нема да инсистира кај изведувачите да ги забрзаат проектите за сметка на квалитетот на изведбите. Доколку за празникот на државноста некој од проектите биде комплетно завршен, по тој повод ќе биде предаден во употреба“, велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Ако не завршат со проширувањето на „Климент Охридски“ и со подновата на мостот „Гоце Делчев“, градските власти сигурно ќе финишираат со реконструкцијата на тротоарите во строгиот центар по кои на денот на државноста се очекува да минат илјадници граѓани што планираат да присуствуваат на централната прослава на плоштадот. Неизвесно е дали ќе можат да минат и низ портата, оти од Министерството за култура вчера не можеа да потврдат дека објектот кој , всушност, ја симболизира македонската државност ќе биде готов и промовиран на празникот.

„Министерството за 8 Септември ќе го предаде во употреба музејскиот комплекс, а ќе изврши и промоција на 130 тома македонска книжевност преведена на англиски јазик“, изјавија вчера од Министерството.

Огномет кај Воинот од кој ќе прска вода

Споменикот и фонтаната на Александар Македонски ќе бидат најголемата атракција што е планирана да го одбележи јубилејот на државноста. На 8 Септември ќе проработи фонтаната, а граѓаните, конечно, ќе го видат во целина гламурозниот споменик, фалангата, лавовите... До нив ќе биде сместена бината, како дел од музичката програма што ја организира Агенцијата за млади и спорт. Таа на сите присутни граѓани ќе им подели бесплатно музичко ЦД, компилација од најголемите македонски хитови. Свеченоста ќе се одбележи и со спектакуларен огномет што ќе трае најмалку 6 минути.

Празнична промоција на двокатните автобуси

И промоцијата на двокатните автобуси се планира за празникот. Случајно или не, токму дотогаш треба да заврши хомологацијата на кинеските автобуси за, конечно, да бидат пуштени во сообраќај. По скопските улици ќе почнат да возат вкупно 68 даблдекери, од кои еден со отворен покрив. Со него, наводно, ќе се вози дел од власта за да направи обиколка на центарот на Скопје. Освен даблдекерите, планирано е на 8 Септември во сообраќај да се пуштат и најмногу до 16 автобуси на „Лаз“, кои неделава биле испорачани од Украина.


#
Статијата е прочитана 2574 пати.

Испрати коментар

Од: meri
Датум: 19.08.2011 03:03:02
i pazi molim te sve toa "demek slucajno" ke se sluci bas na 8 septemvri. ma kogo tie lazat?? ili samite sebesi si pravat bajram na mozokot!!? tie mislat narodot e ovca i se slepo im veruva?? e pa se izlazale, eve jas ne im veruvam!!
Од: До Мери
Датум: 19.08.2011 06:04:31
Навистина не можам да си поверувам колку си заслепена од само за тебе познати причини, па воопшто не ти е битно што градот прераснува во вистинска метропола со туристички атракции, се подобрува квалитетот на живот со изградба и реконструкција на сообраќајници, тротоари, мостови, се унапредува јавниот превоз и сето тоа после 20, 30, а можеби и 50 години... ама затоа најбитно ти е кога ќе се пуштат истите! И да е така, денот на кој Македонија одбележува 20години независност е одличен избор за промоција на реализираните проекти!
Од: do meri
Датум: 19.08.2011 07:10:13
e mori i toa ti smeta.a da ne se pustase nisto tuku da se cmaese kako porano mozda toa treba.sekoja cest na srabotenoto.sraboteno tolku kolku sto ne bese za predhodnite 15 godini na vlast na sdsfyrom
Од: nasinec
Датум: 19.08.2011 07:33:21
sto se cudite se e slucajno ama so namera abe luge bitno se pustaat avtobusite epa sega slucajno ili ne e najmalku vazno
Од: mkd
Датум: 19.08.2011 07:45:46
Pa normalno deka e poubavo na praznik da se pustat nego vo obicen den. Skopje sakale da priznaete ili ne zalicuva na Evropski grad i za toa im cestitam.
Од: Trajko
Датум: 19.08.2011 08:00:36
E pa Meri, koga ke proagas na plostad zatvori gi ocite i ne gledaj i odi peski i skokoj po trotoarite i zamisluvaj si deka ima dupki
Од: vladislav
Датум: 19.08.2011 08:46:01
Hahahaha, ne mi e jasno od komentarot na Meri na sto treba da veruvam, a na sto da ne veruvam. Jas gledam deka objektite postojat, tuka se.
Од: Ana Sk
Датум: 19.08.2011 08:53:24
I da im veruvas i da ne im veruvas, toa e vistina. Makedonija zasluzuva na praznikot na nejzinata nezavisnost da ima Manifestacija od takov vid. Koj im e kriv na prethodnite vladi sto ne gradea koga bea na vlast. Ulicite i trotoarite i togas postoea i bea celosno iskrseni. Tuku tie imale drugi prioriteti- kako na primer da gi ukradat parite vo nivnite dzebovi.
Од: me myself and i
Датум: 19.08.2011 09:15:55
sto e vazno toa "demek",vazno e sto se gradi i sto ke se pusti na toj vazen den,ako ne se uspee zdravje.
Од: buco
Датум: 19.08.2011 09:17:59
meri od greovi ste cela ekipa , posle tvojot komentar i na mene ne mi se veruva do kaj ste stignale :(((( Grevcinja
Од: sasho
Датум: 19.08.2011 09:44:56
До пред 6 години на 8-ми септември имаше отварање на приватни вили, куќи, викендици на високи функционери од тогашната власт. И тоа не им сметаше на луѓето. Сега, кога се гради за доброто на сите - на некој им пречи. Чудни некои луѓе сте вие Македонците ?!?
Од: Воинот на коњ
Датум: 19.08.2011 13:16:46
8-ми септември ќе биде парада на кичот, невкусот, мегаломанијата на овчарот/пастирот и презентација на новото ултра грдо Скопје кое сепак ќе биде со краток рок на траење од неколку години, т.е пред да сите овие глупости отидат на топење. Уживајте во бронзата и мермерот додека можете, сликајте се до нив за да ви останат во спомен, бидејќи нема да останат таму вечно. Скопје на Скопјани.
Од: Али
Датум: 19.08.2011 14:54:40
Без разлика што се перат големи пари за овие проекти, добро е што барем граѓаните ќе имаат некаков бенефит. Се’ е ОК, само мислам дека на плоштад ќе имаме премногу натрупани споменици на релативно мал простор, да беше само Воинот, ќе беше многу поефективно можеби... Не сум член ни симпатизер на оваа власт, но ја поддржувам модернизацијата на инфраструктурата на Скопје.
Од: Ilija
Датум: 19.08.2011 15:20:00
Avtorkata treba medala za izmisluvanje topla voda da dobie! Kakva pronikivost pokaza vo tekstov. Ja razotkri golemata tajna! NORMALNO E GOLEMITE PRAZNICI DA SE OZNACAT SO GOLEMI PROEKTI. Da se vidi deka od lani do sea sme zavrsile nesto i ideme napred. I ne e toa deka vmrovcive go izmislija ova, samo sto od 1991 navamu ovie sekoja godina, a posebno godinava, imaat so sto da se pokazat. Da ne gi terala vladata turcite od TAV da zabrzaat so rabotata, civilizirani luge se turcite i znaat deka duri i da ne se site detali gotovi objekt od taa golemina se pusta na golem praznik, logika se vika toa. Ili mozebi avtorkata ima zelba pustanjevo da se izvrsi na 29-ti Noemvri?

Најди! во Утрински
Скопје
Крпење дупки на повик
Дарување крв во „Теферич“

"""