|
|
|
|
|
|
Крпење дупки на повик
ЈП „Улици и патишта“ oд денеска ќе крпи дупки на повик. Секој оној што ќе се јави и ќе пријави дупка на бројот 15 300 може да очекува дека во рок од два дена надлежните ќе ја завршат работата. Така барем гарантираат од „Улици и патишта“ каде што очекуваат за кусо време по скопските улици да нема ниту едно парче раскопан коловоз. Сепак, акцијата нема да важи и за оштетените општински улици.
„Заедно со Град Скопје почнавме акција за санирање на сите дупки низ центарот но градот, но е нормално дека има улици во другите општини што не можеме секогаш да знаеме во каква состојба се. Затоа со оваа акција ќе им зададеме завршен удар на дупките низ градот“, најави вчера Синиша Ивановски, директор на „Улици и патишта“, кој очекува дека акцијата ќе придонесе по градските улици да нема ниту една отворена дупка или прокоп.
Тој информираше дека граѓаните можат да пријавуваат дупки секој работен ден на телефонскиот број 15300, кој ќе биде во функција 24 часа. Повикот не е бесплатен, односно се тарифира како разговорите во фиксната телефонија.
Подетални информации кои улици се опфатени со најавената акција има на интернет-страницата на претпријатието www.uip.gov.mk. Инаку, ЈП за анимирање на граѓаните за акцијата, закупи девет билборди за кои потроши 3.500 евра. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 437 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: demokrat |
Датум: 19.08.2011 02:43:26 |
|
Nadleznite od JP "Ulici i patista" pocnale akcija za saniranje na dupkite vo centarot na Skopje. Pazi bogati. Za ovaa originalna idea izgleda nekoj od posocenoto JP ke treba da dobie nagrada za zivotno delo. Ideata e tolku originalna sto rabotata na genialcite od "Ulici i patista" tolku i' e olesnata sto tie treba samo da sedat vo svoite kancelarii i so kafe i cigara na primaat tel. povici od nas i za toa da zemat plata. Aj sto nekoj ke gi prevrti rabotite naopaku ne se zagrizuvam mnogu. No koga toa (bez sram) ke go pretstavi javno kako normalna rabota, togas mi se svrtuva vo mozokot. Ova, pocituvani genijalci, e vasa sekojdnevna obvrska i za toa ne e potrebna posebna akcija od golem razmer. Zatoa vprocem i postojat ovie dupki, bidejki vie nivnoto saniranje ne go svetate za vasa sekojdnevna obvrska, tuku cekate golema akcija koja se slucuva ednas vo 3-4 godini. A povik ke dobiete, no ne za toa kade se dupkite, tuku za eventualnata steta na moeto vozilo od nesaniratite dupki. |
|
|
|
|
|
|
Од: vvv |
Датум: 19.08.2011 08:13:11 |
|
Голем дел од граѓаните, меѓу кои и јас одамна не користат фиксен телефон. Како овие граѓани ќе ја искористат оваа можност? Никако. Затоа апелирам бројот да биде достапен и од фиксни и од мобилни оператори.
Исто се случува и со МВР, каде се закажува само од фиксен тел.,а и во други институции. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pero Rashtak |
Датум: 19.08.2011 08:27:49 |
|
Da bea od Skopje tacno kje znaea kade se dupkite.
so 3500 evra (demek) dadeni za kampanja 2 godini gorivo kje mu stavaat na nekoe sluzbeno vozilo da patrolira i da locira dupki. Nit da maltretiraat novinari narod tresla se gora... |
|
|
|
|
|
|
Од: skopjanec |
Датум: 19.08.2011 10:52:44 |
|
NE UMRI MAGARE DO ZELENA TREVA !! / narodna pogovorka / |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 19.08.2011 19:45:00 |
|
bidejki nemam telefon a se nadevam deka moze da prijavam i drugi dupki osven vo skopje eve deneska se vozev od Kumanovo za Skopja i nazad i sakam da prijavam okolu eden milion dupki na medjunaroden avtopat |
|
|
|
|
|
|
|
|