Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Сеча на лекарите од пензиските комисии

Драма на клиниките, полицијата ги апсела лекарите од стручни колегиуми и од предавања

Љубиша Станковиќ

Лекари од клиниките во Скопје и од болници во внатрешноста на земјата и вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вчера во масовна акција на полицијата беа уапсени поради сомневање за малверзации со инвалидски пензии. Станува збор за четириесетина лица, меѓу кои и неколку звучни лекарски имиња, што директно од работните места со лисици на рацете беа спроведени од полицијата во Основниот суд Скопје 1. Меѓу уапсените има и членови на првостепената и на второстепената комисија што одлучува по барања за инвалидски пензии. Тие пред истражен судија даваа исказ дали ја злоупотребиле службената положба и го оштетиле ПИОМ. Можно е бројот на приведени да се зголеми.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека случајот се' уште не е затворен и се вршат дополнителни проверки во уште неколку градови во внатрешноста, односно во подрачните единици на Фондот и во домовите на осомничените.

Вистинска драма вчера се одвивала на клиниките во Скопје, но и во болниците и во ПИОМ каде што се спроведувала акцијата „Метастаза“. Според очевидци, уште во раните утрински часови во клиниките прво влегувале по двајца полицајци облечени во цивилна облека, додека надвор биле распоредени специјалци. На една од клиниките двајца лекари биле спроведени директно од стручен колегиум, додека на друга, пак, професор на Медицинскиот факултет бил уапсен за време на предавања. Лекарите биле избезумени, а конфузијата била целосна, па директорите почнале да ги пребројуваат вработените да видат дали некој недостасува.

Лекарите што вчера беа спроведени се осомничени дека преку посредници примале парични средства, а тие за возврат на некои граѓани им овозможиле да се здобијат со право на користење инвалидска пензија.

„Најголемиот дел се доктори од Скопје, но има и од Тетово, од Струга“, вели помошникот на министерот за информирање во МВР, Иво Котевски. Според него, повеќемина се од клиниките во Скопје, односно од ортопедија, кардиологија, психијатрија, неврологија, пулмологија. „Тие им овозможувале соодветни дијагнози со кои во натамошната постапка би се здобиле со право на користење инвалидска пензија“, рече Котевски. Тој додаде дека меѓу пријавените има членови на првостепената комисија и второстепена ревизиона комисија, што одлучува по барањата за инвалидски пензии, 17 доктори од повеќе приватни и јавни здравствени установи, како и посредници што ги наоѓале потенцијалните баратели на инвалидски пензии“.

Неофицијално, речиси нема клиника од каде што не е собран барем еден лекар. Така, се зборува дека од клиниките за кардиологија и ортопедија се уапсени по двајца лекари, а по еден од клиниките за пулмологија и неврохирургија, а меѓу уапсените имало и психијатри, невролози, интернисти и еден физиотерапевт.

Со официјален став за вчерашните апсења МВР ќе се произнесе во текот на денешниот ден, бидејќи претпоставките се дека полициската акција наречена „Метастаза“ ќе биде завршена и целиот случај ќе му биде предаден на Јавното обвинителство, а подоцна на кривичниот суд.

Иако од МВР не даваат други подробности, сепак, се дознава дека сега приведените веќе неколку месеци се предмет на опсервација на органите на прогонот, токму поради сомневањата дека правеле малверзации со издавањето инвалидски пензии. Нашите информации велат дека полицијата, со дозвола од судот, повеќе од три месеци води интензивна истрага во која се користеле таканаречените „посебни истражни мерки“, односно примена на аудиоснимки и видеоснимки, како и прислушување на телефонски разговори и нивно снимање.

Апсењето на осомничените, но и нивното приведување во судот, вчера изродија многу шпекулации. Така, во судските кулоари се говореше дека како посредници, при исплата на средства во висина од по 1.500 евра, наводно, се јавувале адвокати и дека токму поради ваквото нивно постапување имало и приведени.

Денес ќе се знае дали Основното јавно обвинителство задолжено за гонење на организираниот криминал и корупцијата до судот ќе поднесе барање за поведување кривична истрага. Барањето за истрага се однесува на две кривични дела: злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.

Вчерашниот случај се доживува како продолжение на полициската акција наречена „Столб“, што беше реализирана во текот на минатата година кога вработени во Фондот за ПИОМ беа осомничени за злоупотреби при доделување пензии.


#
Статијата е прочитана 6421 пати.

Испрати коментар

Од: Zmisko oko,bumerang....
Датум: 20.04.2010 00:34:34
Sitnite ribi gi naslikaa povtorno, glavnite nikade gi nema , a nema ni da gi ima. Eden od glavnite e(ili bese) i tatko na edna nasa segasna ministerka. So eden zbor, nova farsa sto ke ne "drzi" barem do vikendot. Potoa mozen e vtor del, za da trae do "denot na trudot". Gluposti kako i po obicaj.
Од: пожарникар
Датум: 20.04.2010 00:42:58
Ја поздравуваме оваа акција на МВР-РМ и јавно прашуваме кога ке биде уапсен командантот на Скопската Пожарна заради бришењето на 9год. негов работен стаж од Авто механика, во тоа бришење му помогнале вработени во ПИОМ за се разбира одреден паричен надомест.Да не беше така тој оддамна ке си уживаше во својата пензија.Вака тој и понатаму си е на своето работно место и покрај фактот што структурите задолжени за спроведување на законот се запознаети целосно и имаат докази за ова кривично дело. Очигледно на некого му одговара оваа ситуација некој си има вистински играч на вистинско место за трошење на буџетот на пожарникарите. Сепак правдата секогаш доцни ама стигнува и некој ке се црвенее зошто знаел се ама не реагирал навремено. Или пак кога паѓа рејтингот тогаш се вадат ваквите дела за да на некој му се дигне ама по правило тогаш ни вијаграта не помага.
Од: borce
Датум: 20.04.2010 02:00:28
Za ova se znaeche od porano samo tie chto trebache da prezemat nechto pva da se spreci molcea.Chemata po kazuvani na takvi penzioneri so mito bila prvo te prezeme covek koj e povrzan so komisijata.Toj so site dokumenti gi spremal takvite penzioneri kaj koj doktori da odat.Doktorite si e znaele rabotata za odredena visina na pari na lugeto im izmisluvale razni bolesti.Na nekoj go bolelo glava na nekoj srce na nekoj mu se tresele racete zavisi kojchto rabotel i taka doktorite si se bogatele so mito a lugeto bezs da im sleduva penzija si dobivale i aku ne ja zasluzuvale.
Од: Prasloven
Датум: 20.04.2010 02:24:22
Sme go gledale ovoj film na Vladata.Ne pominuva povekje,znaeme deka nema da bidat osudeni.Obicen cirkus i zabava za prost narod
Од: SS Divizijata pravi racii kako vo WWII
Датум: 20.04.2010 03:15:34
Ova sto go gledame go imalo vo vreme na SS Divizijata, vo vreme na Katinskiot masakar, vo vremeto na Stalin i.t.n., a go ima i denes. Diktatura li e ova ili panagjur? Nazi Fashizam e toa i lov na vestici da se zaplasuva narodot. Samo se mi se cini deka narodot ova go ima procitano i ke mu se vrati na G-din Nikola Badijala kako bumerang.
Од: Red rose and fist
Датум: 20.04.2010 04:21:44
Korupcija i vo prvostepenata i vtorostepenata komisija.Pa neli nema korupcija vo ovaa vlada.Neli se ovie bezgresni.Samo im vadime muabeti na vlasta.Moree neka zemat i neka gi oslobodat i neka ne gi sramat lugjeto.Pa salata Boris Trajkovski nema da bide dovolna za sudenjeto.Zmisko oko vtor del - niva farsa i novo odvlekuvanje na vnimanieto na ovaj vo zabluda narod.Ako e seto ova iskreno i so cista namera treba min Osmani uste denes da si podnese ostavka.Ali ako misli vlasta deka so ova kje kjari nekoj % povekje ovaj pat se zaebala.Ova e repriza na filmovite na vlasta.A repriza nikoj ne gleda.
Од: Kimov
Датум: 20.04.2010 05:02:40
Ovie se zaboravile so zemanjeto mislat SDSM e seuste na vlast pa nema koj da gi protera. A sega se na red SDSM i nivnata privatizacija.
Од: баба Бота
Датум: 20.04.2010 06:51:27
Монти Пајтон во режија на фамилијата продолжува. Очекувано беше, само не знаевме каде ке пукне тиквата. Во нашава јадна и бедна државичка ваквите криминални дејствија намерно се негуваат со години, за да може во одреден момент да се искористат за политички цели и дигање рејтинг, наместо да се работи на осовременување на целата постапка за добивање инвалидска пензија и смалување на просторот за манипулација. Ова како во приказната за куп земја среде улица, а во земјата забиен знак дека има земја на патот. Кога некој прашал зошто не ја тргнат земјата, му одговориле дека ако ја тргнат, ке падне знакот. По овој терк се води државата и затоа не не бива.
Од: vizionist
Датум: 20.04.2010 08:22:10
Utrinski 15 septemvri 20010 Site uapseni vo akcijata "Metastaza" se oslobodeni poradi nedostatok na dokazi. Policijata pezpravno gi sledela,snimala so što drastično ja narušila nivnata privatnost.Site što bea privedeni veće preku svoite advokati podnesoa tužba protiv državata i baraat ošteta za izgubena dobivka dodeka bea vo pritvor.
Од: flying-monaco
Датум: 20.04.2010 08:37:43
Bravo... Bravo..Samo vaka ke se zastrashat i onie koi nema sega da bidat odkrieni, a i ova mozda ke bidi pouka za lekarite da pomislat malce za zdravjeto na pacientite, a ne kako do sega povazni se parite od pacientot....
Од: Humor
Датум: 20.04.2010 08:54:41
Ha, ha ,ha............Uste eden vic na nedelata.
Од: Frlanje na prasina vo oci.
Датум: 20.04.2010 09:16:45
Seto toa e obicna farsa. Ce se zavrsi isto kako i " Zmisko oko"Iako site znaea deka se kradi na patarina site dobija osloboditelna presuda. I ovde e slicna rabota.,I vrapcinjata znaat deka se zemase mito za dobivanje na nelegalni inv. penzii, no i pokraj dokazite se ce se zavrsi: " se tresese gorata se rodi glusec" Dosta baremprestanete so tie farsi i teatarski prestavi, bidejci mu dosadivte na narodot. od site tie burleski. Koj sudski proces za kriminal i korupcijavo zalna Makedonija imal postena sudska zavrsnica?
Од: Трпе
Датум: 20.04.2010 09:25:45
И ова ке излезе некоја приватна журка на пропагандната блада,како и сите диосегашни забави.Само се плашам,дека нешто друго се крие поради ова стаклена барикада на власта.Забавата продолжува.Смењето го продолжува животот ама треба леб и кромидче а за сирење ако нешто остане.Владата ни остварува.
Од: marija
Датум: 20.04.2010 09:27:34
Veke videno scenario na Gruevski.... Sigurno treba da se zataska nekoja pokrupna rabota i togas na scena stapuvaat policiski kombinja, upaleni kameri, javuvanja na novinari od pre sudot.....E, Grujo, pa ova se tipicno amerikanski filmovi.Ti pagja rejtingot, ne mozes da se spravis so se pogolemite problemi vo drzavata i aj sea ke si snimam film.Ova moze da projde samo kaj tvoite , ama ne i kaj nas malku osvestenite, a pritoa da ne sme ni za SDSM.Bidi Firer, samo do koga???
Од: Ајван Доктор®
Датум: 20.04.2010 09:29:46
Ш`о?! Докторите, пак на Тапет?!Аааа... зголемувањето на пензискиот годишен стаж за „само“300 Евренца, трае ли, трае,и е под инспекторски надзор! А има и еден куп Пирамиди,како онаа на „Талентот“ Тат! Арно,ама, место плата до Први,некои од колегиве ќе си добијат затворена врата!Туку,во некои нормални држави се казнува и Оној Кој Давал Поткуп за да го оствари правото на Инвалидска пензија,не само Тој што го примил поткупот!Кај нас,пак, сè наопаку!Тој што купува крадено возило,ќе му го одземат и ќе биде казнет!Тој што го продава,во Ќар - и без казна! Их! Што ти е напредок!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 09:31:52
Овој криминал со инвалидските пензии е одамна дури и во едноумието се практикуваше.Редно беше некој да му стави барем привремен крај ако не конечен.Инаку очекувам лекарската комора да се изјасни за овој скандал со нивни а богами поедини видни членови.Затоа треба прво лекарска реформа па потоа секоја друга здравствена реформа.Со неосовесни и корумпирани лекари не се прават здравствени реформи.
Од: vaga957
Датум: 20.04.2010 09:34:32
Ајде да го видиме и ова чудо како ке заврши чисто се сомневам дека ке бидат осудени за своите постапки.Си го товарија магарето, голема работа ако бидат уапсени.На таквите треба да им се забрани доживотно,повеке да бидат лекари, да ги вратат земените пари и да бидат осудени со затвор ете тогаш правдата ќе биде задоволена но,тие имаат "грб" и никогаш нема да бидат осудени.Секое чудо за три дена...затоа што ако се вратат наназад да се прочешлаат сите инвалидски пензии од осамостојувањето на државата,ке нема народ по улиците ќе биде затворен.
Од: mene
Датум: 20.04.2010 10:36:29
otkriena javna tajna
Од: Vrapciste
Датум: 20.04.2010 10:54:18
Vladata prvin treba da iscisti site ovie kriminalci vo javniot sektor,a ne so kazni kon firmite.Site ovie drzavni sluzbenici se peraci na pari. Odamna se znaese deka ima mito,korupcija vo site sferi na javniot sektor,no ne se znae do kade ke odi ovie akcii.Mozebi toa ke bide samo nasminkanje na sitacijata.
Од: TRAJANKA
Датум: 20.04.2010 10:58:31
Stoe so onie invalicki penzi koi gi dobivava so dva svedoka ?
Од: Koljo
Датум: 20.04.2010 10:58:53
Da ne ostane samo na TEATRALNO,SPEKTAKULARNI APSENJA a na krajot NISTO .Ili kako onaa srpskata pogovorka : TRESLA SE GORA ,RODIO SE MISH ?
Од: nekoj
Датум: 20.04.2010 11:00:05
A nelli trebase Gruevski da odi vo Atina i da go resava sporot so Grcite? Da ne vi macka oci pak so gluposti? EU i NATO Gruevski! nisto drugo ne te vadi! Koga ke pocnes pregovori so EU-fino lepo se ke si dojde na mesto poleka, zasto edna od prerodbite sto ti ja izbegnuvas e: kontrola i funkcioniranje na sistemot! Togas vakvite pojavi ke se trgnat poleka..Dosta se glupiras..
Од: Emi
Датум: 20.04.2010 11:49:00
Se nadevam deka akcijava koja kolku-tolku bi gi isplasila idnite doktori. Grev e da se gleda kako nekoi lugje koi ne mozat sami da stanat od postela i koi nema koj da se grizi za niv se macat poradi vakvi lakomi i bezobrazni osobi. Sram za drzavata sto do sega si sedela i nisto ne prevzemala. I eden den e premnogu za nepokreten covek!
Од: Dejan
Датум: 20.04.2010 11:49:45
"METASTZA" se vo soglasnost so kreativnosta,imeto e ludnica!
Од: Del od narodot
Датум: 20.04.2010 11:53:16
Дај боже да не се повтори како со змиско око.Јас инаку го делам мислењето на Боте.Инаку ако сите одговараат ке треба да бидат казнети најмалку неколку илјади - што доктори што разни "pacienti " кои ниту болни ниту стари си грицкаат од пензичката а богами и работат на црно. Ова да се разреши нема шанси.Можеби ќе се казни само делот кој се замерил на власта или пак го нема во списокот на подобните? Јас лично сум сите да одговараат и давачите и примачите - само без циркуси, затоа што целава држава ни е циркус.
Од: Oliver
Датум: 20.04.2010 12:00:26
Redno vreme bese. Javna tajna e deka za 3000 evra moze da se dobie penzija. Zalno e luge koi se navistina invalidi da nemozat da dojdat do penzija a sekoj den gi gledame na Tv. Cel ziivot vek rabotele a sega trpat za leb. Licno poznavam mladi luge od 40 godini koi platija i dobija penzii a sezonski rabotat teski gradezni i zemjodelski raboti vo Italija, Slovenija i Grcija. Bravo Grujo, dosta ni e od korupcija, nemaj milost za nikogo.
Од: perica
Датум: 20.04.2010 12:13:52
Zmisko Oko; Pepel; Metastaza; sledi: Armegedon, Posledniot Sud i Apokalipsa
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 20.04.2010 12:38:06
Кој што си дробел нека си сега срка крсте поп/стефанија
Од: HB
Датум: 20.04.2010 13:00:28
Ова да го прочита г.дин Љ. Трајковски!!! Еве ти го МК здравсво, здравствениот систем и се околу ХИПОКРИТ. Ќе добијам одговор: „имаат мали примања„. Не е само ГРЕВ туку и СРАМОТА да се заработува на човечка здравствена невоља. Еден од предлозите за решение е ДОЖИВОТНА ЗАБРАНА. Одлично!!!. Второ решение да не се доделува ДР со ЛОПАТА. Во МК имаме толку ДР на се можно како и на „кикири„ и академици , експерти и тн. никаква наука,
Од: realen skopjanec
Датум: 20.04.2010 13:13:12
Site pritvoreni zasluzile po 10 godini zatvor i konfiskuvanje na imot. AKCİJATA E ZA POZDRAVUVANJE..
Од: do Kimov i Feliks od Radikalite
Датум: 20.04.2010 14:06:01
Do koga vaka ce komentirate bez um i usul,pa ova e treta komisija od 2006 do sega koja Grujo i vasite ja postavija,ama ovaa morase da padne radi publicitet i trgnuvanje na vnimanieto od drugite povazni raboti.Bezrabotica-bezparica, mito i korupcija vo vladata a i vcera bese interpelacijata na Manevski koja ja branea nedovrsenite studenti kako Gjorcev,I.Dimovski,A.Nikolovski,Ilija Kitanovski koj mama rasplaka dodeka bese direktor vo PUIG,abe na vas dvajca stvarno ne znaeme vece sto da napravime za da se svestite.Mozebi i vi nema spas. A i za kraj da ve prasame dali komentiravte za pretepuvanjeto na gosp.Mladenov od Horizont,dali mu se sitevte na makite posto vo demokratijata sto ja protezirate cotekot e rajska rabota.Sram da vi e
Од: sonja
Датум: 20.04.2010 15:22:55
ne bi bilo loso koga bi go potkacile malku i fudbalski sojuz posle ova.Onoj Haralampie zaedno so svalerkata mu renata od uliver napravija parce.Pa i niv neka gi potkacat malku ,neka gi pobaraat parite koi gi ispraa preku agencijata na renata.
Од: jimmy1
Датум: 20.04.2010 15:23:36
Se gleda deka ima lisici i za onie sto dobile nekolku denari za da se napijat edno kafe od nekoi pacienti sto ze zadovolni. Kade se lisicite za aramaiite od vladata?? za onie sto se zbogatija na crno preku noc?? Lesno e da e fatis plasicata, ako ste mazi fatete nekoe Morsko Kuce, nekoj vladin krokodil? Vie samo toa znaete, da go ugnetuvate narodot, pazardziite i onie sto posteno zarabotuvaat za leb. Od nas nemislam deka ke stane nekakva pravna drzava, mozebi samo vo son.
Од: borce-prilep
Датум: 20.04.2010 15:28:51
Od moralen aspekt treba da si dadat ostavka resornite ministri.No sakav da predlozam da se ispita koj mu dal invalidska penzija na poranesniot zamenik minister za lokalna samouprava Petre Trajkoski od Prilep. Kako invalid jadi kilo meso i pie kilo rakija a zgora na toa vo Bugarija si ima firma i si uziva vo penzionerskite denovi .Za vase soznanie covekot e na vozrast od 52 god.Ziva bruka
Од: V E L E S
Датум: 20.04.2010 15:30:02
Javna tajna e deka vo VELES polovina od vrabotenite vo TOPILNICATA dadoa mito od po 3.000 evra na posrednik od VELES , i sega si uzivaat vo penzii od po 20.000 denari.... Duri ima i eden elektricar od TOPILNICATA koj so mito od 3.000 evra si ja dobi nezasluzenata penzija , a sega si ima servis za bela tehnika , salon za bela tehnika , kaj gradskioot saat i so eden zbor e golem KAPITALISTA .... Moze bi sluzbite treba da se pozanimavaat i so ovoj slucaj od slavniot ni VELES....

Најди! во Утрински
На прво место
Наумовски „бркал“ авиони од Брисел до Скопје
Летовите од Скопје се редуцирани