Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Контролори за јавен линч

Снежана Калабакова

Колку граѓани ќе се откажат од услугите на ЈСП ако контролорите на претпријатието и натаму немилосрдно ги казнуваат чесните патници кои уредно си ги поништиле билетите?! Тие не се виновни зашто поништувачите не печатат добро, а токму оваа замка ја користат контролорите и казнуваат.

За жал, мотивот не е да се казнат непослушните, туку контролорите да си ги зголемат платите што им биле претходно намалени. Вака, демек, покажуваат дека многу работат. А, всушност, целта е да издејствуваат поголема месечна заработувачка.

Мавтаат со високи казни од 6.000 денари, а во најдобар случај патникот може да се извлече со 200 денари ако плати на самото место. Оние што еднаш настрадале и биле засрамени во полн автобус велат дека никогаш повеќе нема да влезат во автобус на ЈСП и да си дозволат таков јавен линч. Сега е ред на менаџментот на претпријатието сериозно да го разгледа ова прашање и најитно да го реши.

Во ЈСП знаат дека губењето патници значи и губење пари, кои сериозно му недостасуваат на претпријатието. Зошто е борбата за секој патник во трката со приватниците по скопските улици ако ароганцијата на контролорите ги брка патниците од автобусите? Зар кодексот на однесување важи само за граѓаните, а не и за возачите и за контролорите?

Што ќе им се на скопјани нови автобуси ако и во нив вработените во ова претпријатие продолжат со старите навики и лошиот однос спрема патниците. Кој да ги казни нивните возачите кога пушат во автобусите или, пак, во лето возат речиси полуголи и неуредни? Кој сега да ги казни и контролорите што се изживуваат со патниците? Веројатно самите граѓани, така што ќе се откажат од нивните услуги.


#
Статијата е прочитана 1413 пати.

Испрати коментар

Од: ПОИМ НЕМААТ ОВИЕ ОД ГРАДСКИ
Датум: 10.11.2010 17:51:18
Во еден Солун врата ке ти отвори само на станицата. Не да трчаат лугето од Народна банка до железничка. А во секој втор автобусд ечат српски ��есни како из Ниш да се или Стала‘ч. Да не ја спомнувам Прага. Еј сељаци каде во Европа има музика во градски приватни сеедно. Треба мир тишина и чистота. Вие за ЕУ. Речи му мајсторе намали таа музика бе ке ти одлепи па музиката нема граници не е албанска или бугарска одма сам граници става. Проблем е и млади шофер�� понекои кога ке го опнат фолк радио а тоа е регистрирано за Србите во македонија. Не ви барам бугарска бе македонска ако веќе пуштате.

Најди! во Утрински
Втора страница
Ќе се лекуваат само оние што имаат пари
Иванов
Вербатим






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry