Здравствените пакети што ги најави министерот Бујар Османи ќе им пресудуваат на пациентите
Јасмина Јовановска
Со новите пакети за здравство што ги предлага Владата ќе се лекуваат само оние со подлабок џеб. На другите здравството ќе им биде достапно само во ургентни ситуации. Вака предупредуваат здравствените работници и стручњаци по обелоденувањето на двата модела на финансирање на здравството. Едниот модел е да се реформира постојниот здравствен пакет со воведување дополнително здравствено осигурување, а другиот е да се воведат три нови пакети според тоа колку ќе се плати здравствен придонес.
Со зголемувањето на средствата што ќе мора да се издвојуваат за здравствените пакети ќе се зголеми јазот меѓу болните и тие ќе пресудуваат кој ќе се лекува. Пациентите што ќе имаат пари ќе се лекуваат, а на болните што немаат пари Господ нека им е на помош.
„Не може да се зема од болните, а на друга страна државата да се расфрла со пари за други помалку приоритетни работи од здравството“, потенцираат добрите познавачи на здравствените прилики, кои сакаат да останат анонимни поради можни реперкусии.
Оние што, сепак, проговорија во јавноста сметаат дека е недозволиво да се земе од пациентите за да се пополни дупката во здравствената каса.
„Намалувањето на здравствениот придонес беше проследено со ветување од Министерството за финансии дека ќе ја надополни дупката во Фондот за здравство. Во практиката тоа не се случува. Сега, Министерството јавно призна дека здравството се соочува со годишен недостиг од 50 милијарди денари, малку помалку од годишниот буџет на Клинички центар. Тоа е алармантен податок. Во здравството, на крај, некој мора да ја плати сметката. Во овој случај се разбира дека тоа ќе бидат граѓаните“, укажува Владимир Лазаревик, стручњак по јавно здравство и поранешен заменик-министер за здравство, кој смета дека на овој начин се води лоша здравствена политика каде што одговорноста за носење клучни одлуки од Министерството се префрла на граѓаните.
Тој ги советува Фондот и Министерството да се насочат кон формирање единствен предлог, а тоа е реформирање на постојниот пакет. „Моделот што треба да се избере е само еден единствен пакет на здравствени услуги за сите, да се извадат дел од животно незагрозувачките услуги што се во состав од сегашниот пакет, и со тоа да се отвори можност за дополнително осигурување“, смета Лазаревик. За него вториот модел е погрешен и ќе направи целосен хаос во системот на здравствено осигурување. „Ќе придонесе да се направи уште поголем јаз меѓу различните социјални слоеви население, поточно оние што имаат можност да платат повеќе, како и оние што немаат такви финансиски можности“, предупреди Лазаревик.
И за заштитникот на правата на пациентите, д-р Весна Велиќ-Стефановска, моделите се насочени кон дополнување на здравствената каса, а не кон подобрување на здравствените услуги. „Дефицитот во касата е системски проблем и тој не може да се решава со вакви модели, кои се со краткорочно дејство. Што ако слична ситуација се повтори за неколку години, дали и тогаш зголемените трошоци во здравствената каса ќе ги покриваат пациентите“, прашува претседателката на Здружението за правата на пациентите. Со пакетите, додава Стефановска, она што сега го добиваме и она што не го добиваме ќе мора да го плаќаме. И Стефановска смета дека н��вите модели ќе ја зголемат разликата меѓу оние што можат и оние што нема да можат да плаќаат за лекување. „Болните се плашат дали ќе имаат пари за лекување“, ги пренесува Стефановска реакциите што пристигнуваат во здружението.
Ставот на матичните лекари-концесионери е дека прво треба да се види како сега се троши здравствениот денар, а потоа да се оди на нови модели на финансирање што, секако, ќе удрат по џебот на пациентите.
„Нема да се крати постојниот пакет здравствени услуги и новите модели на финансирање не се за да се пополни дупката во здравството“, тврди министерот за здравство, Бујар Османи, кој ги обвини новинарите за погрешно пренесени тези од презентацијата, иако тоа беа и негови тези. „На Фондот му требаат свежи пари за да се покријат зголемените 10 отсто расходи секоја година“, рече на завчерашната презентацијата министерот Османи. А, вчера тој дополни дека трите милијарди денари и сега се покриваат од буџетот на државата. На прашањето, ако државата го покрива дефицитот, зошто сега топката се префрла на пациентите, министерот Османи одговори дека и парите во буџетот на државата се пари од осигурениците.
Министерот, сепак, вети дека ако понудените модели не се прифатат нема да им будат наметнати на граѓаните, туку ќе им се понудат нови решенија. „Ние барем имавме храброст да понудиме нови модели. Овие решенија се за идните генерации и за решавање на дефицитот на долгорочни патеки, а не само гаснење пожари“, рече министерот Османи, кој додаде дека ако сега не се најдат пари за зголемените трошоци од 10 отсто, тие за десет години ќе бидат поголеми 100 отсто.
Модели пресликани од Хрватска
Предложените моделите на финансирање на здравство се слични на оние во Хрватска и во Словенија, за кои Османи вели дека имаат 20-годишно искуство. Но, според Стефановска, во Хрватска веќе се напушта приватното осигурување, а дополнителното здравствено осигурување се бара да го плаќаат работодавците. Во Хрватска уште со дополнителното здравствено осигурување осигуреникот плаќа за да ги прескокне листите на чекање, а со ова осигурување болниот може да се лекува и во дополнителното време на лекарот. Кај нас се предлага дополнителното осигурување да ја плати само партиципацијата што сега се плаќа за здравствените услуги.
Мора ова да го предложиа БЛАДАТА.Не може сам да го спроведе овој со Чалмава.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 10.11.2010 12:28:58
Prerodbata prodolzuva!!! Bolnite namesto vo bolnici kje se isprakjaat vo crkvi i dzamii da se molat. Koj kje prezivee kje moze da pomine pod triumfalnata kapija....
Од: literat
Датум: 10.11.2010 12:38:48
Reformata vo zdravstvoto vo Makedonija treba da pocne so zgolemeno vlozuvanje vo preventivata.Vo Makedonija vo strav od cenata na zdravstvenite uslugi lugjeto odat vo medicinskite ustanovi samo koga veke caevite i babini-devetinite ne im pomagaat.Ministerot mora da znae,lekar e deka preventivnata medicina e najeftinata medicina,no vo interes na golemite i prebogati privatni medicinski centri se forsira unistuvanje na javnoto zdravstvo.Veledrogeriite i privatnite medicinski ustanovi,so nesebicna pomos od vladata gi sobiraat parite od Fondot za zdravstvo i ja nasocuvaat zdravstvenata politika vo pravec koj nim im odgovara.
Од: SPIRIDON
Датум: 10.11.2010 13:54:28
Zašo be vaa montaža ste mu ja napravile na deteto,mislam na krficata.I zašo čalma.Ako e minister za zdravje ič ne e bitno dali e musliman ili ne.Preteruvate.A i ne mu stoe,ne mu liče.Zdravje.Samo da sme nija živi i zdravi pa neka pravat zdravstvo po nijni terk.
Од: kiroUSA
Датум: 10.11.2010 14:12:19
Pa gospoda ako prevrskata na glavata na ovoj minister e vistinska , po snimkata se gleda kakvo e zdrastvoto se uste od 19 vek. toa se vi objasnuva ne treba poveke komentar.
Од: Трпе
Датум: 10.11.2010 14:16:34
Ова блада ,сопствениот народ почна да го стриже па да го бриче.Сега започна да го дере а на крај ке го погреба.Абреее македончеее за кадее се спремаш.....
Од: Drazavno besplatno kako vo Evropa, a na privatno so so placanje
Датум: 10.11.2010 14:38:33
SDSM-ovci i VMRO-vci odete do vraga, napustete ja Makedonija, zosto vie ja upropastivte zemjata. Rasturanjeto na zdravstvoto go pocnaa CDSM a go dokrajcuva VMRO DPMNE. Zatoa SDSM nema moralno ni nikakvo drugo pravo da ja kritikuva ovaa glupost na VMRO i zatoa novata socijaldemokeratska paertija sto e vo tek na formiranje ce go vrati zdravstvoto kakvo sto bese. Odnosno, ce ima besplatno zdravstvo za site osugurenici nvo drzavnite zdravstveni uslugi, kade personalot ce bide dobro platen i ce ima normalna usluga i tehnika, a koj saka povece od toa znaci luksoz, ednokrevetni sobi, necekanje i slicno neka odi vo Sistina i drugite privatni bolnici, no toaq ce si go plati od sopsvebniot dzeb. Doviduvanje do osnovackiot sobir na partijata.
Од: Organiziran raspad na zdrav. sistem
Датум: 10.11.2010 15:37:25
G-dine Ministre i ostanati g-da " reformatori" Otkako se zafativte so " reformiranje" na zdravstveniot sistem, go dounistivte i dokusurivte. Aman prestanete so vaseto "reformiranje' , pa belki nesto od zdravstvoto ce opstoi. na site im e jasno deko vo imnteres na golemite privatnizdravstveni ustanovi se nisti i upropastuva javnoto zdravstvo , a parite od FZOse prelevaat vo privatnbite zdravstveni ustanovi, , i seto toa vo sprega so Ministerstvoto za zdravstvo i so celnite ludje na Fondot. Pa najdete edna zemja vo Evropa kade prioritet mu se dava na razvoj i isplata na privatnite zdravstveni ustanovi , na smetka na javnoto zdravstvo koe treba da bide stolb na zdravstveniot sistem. Ministerot samo si" blada" za nekakvi reformi i opremuvanje na jav. zdrav. ustanovi , a parite od Fondot si odaat kaj Zan Mitrev, kaj Sikstina, kaj Remedika i dr. privatni zdrv. ustanovi koi gi zemaat groto na parite od fondot. Koj saka da se leci kaj niv neka si placa od sopstven djep ,
Од: lavche
Датум: 10.11.2010 18:21:27
samo edno prasanje kade se lekuvase ministerot (od albanskite redovi) posle soobrakajkata? Dali poleta kaj negovite vo Ilirida ili kaj nasite vo Makedonija
Од: srebre
Датум: 10.11.2010 18:40:01
vmro pocna da go pokazuva liceto sto e t.e. monstrum neli vikakvte bravo vlada pa eve vi so kamata kaj vie pamet neli se secavata na 90etite koga za vreme sds se placase partizacija 20deneri ......
Од: realen
Датум: 10.11.2010 18:44:53
sdsm da dojdat na vlast,da ja opraat rabotata i da sedat na funkcijata vecno.Samo taka ke ne bide i ke odime napred
Од: Trpe
Датум: 10.11.2010 19:02:24
nemoze da opstane drzavnoto zdravstvo sega, ne e kako vo SFRJ koga doktorite imaa samo 30% pogolema plata od prosecnata a ako e od podobrite ke go cestish edno viski, sega doktor ima 3 do 5 pati od prosecnata plata.. pa USA ima golem problem so zdravstvenoto osiguruvanje poradi ekstremno visokite plati na doktorite.. tuku ke zemame najmal paket, ako treba neshto poslozeno pravec Bugarija.. kako studentite sto odea tamu da studiraat..
Од: jovan
Датум: 10.11.2010 22:49:35
Sve se "reformira" ili podobro kazano sve se rastura. Ne samo zdrastvoto. A toa so parite, toa od sekogas taka bilo, koj ima pari ke ima na raspolaganje sve, koj nema......vecito nesto ke mu fali, ke negoduva, ke protestira,.....
Од: sebastian
Датум: 11.11.2010 01:05:33
само инвестиции во примарното здравство и превентивата можат да бидат успешни на подолг рок со тоа што како резултат ќе има и помали трошоци во здравната каса и поздрава нација... ама тоа очигледно не им одговара на приватните клиники на кои им требаат болни луѓе на кои им се потребни скапи хируршки интервенции....
Од: Бошко
Датум: 11.11.2010 02:29:02
Коментаров ве молам објавете го,Приватно здравство во Македонија,демек убава идеа се ке прфатев до колку нашата економија е по јака и од Швајцарија и Аустралија ,но таае по слаба и од Етиопија,како сиромасхтија да има 2% а не 80% тоа е најголемиот резил што може да биде.Знацхи богатите ке се лекуваат а сиромасите ке умираат без никаква вина.А кој е виновен за тоа се разџбира дека народот сам си избра влада од хулигани и тоа им е за возврат.Сами си го баравме е сега гопод здравје ке ни дава.