Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Иванов: Со ерга омнес не се решава спорот

Атина - Грчкиот предлог за име за севкупна употреба ерга омнес не е реална основа за решавање на грчко-македонскиот спор за името, оценува македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за грчкиот Институт ЕЛИАМЕП, објавен денеска на веб-страницата на оваа невладина и непрофитна истражувачка организација.

„Ерга омнес решение, она што е предложено од страна на Грција, не е реално како основа за решение. Прво, тоа апсолутно се коси со сите меѓународни начела за регулирање на односите меѓу државите, и второ, не е прифатливо во случај кога две третини (129) од земјите-членки на ОН ја имаат признато Република Македонија под уставното име“, вели Иванов.

Според него, правото на избор на име е право што е фундаментално заштитетно од современиот корпус човекови права. 

„Се прашувам како некој може дури и да помисли да избере или да предложи име за други луѓе или менување Устав на некоја друга земја за прашања поврзани со идентитетот, кои се фундаментално заштитени од страна на современиот корпус на човекови права. Затоа бараме фер решение што ќе го заштити достоинството на двете држави и нивните народи“, смета Иванов.

Грција, истакнува шефот на македонската држава, нема направено отстапки во спорот за името, туку ја прифати идејата за сложено име со терминот Македонија како единствена опција.  

Нашето чувство дека грчката страна постојано ги радикализира своите позиции, со цел да го одложи решавањето на спорот околу името, нагласува претседателот. Иванов, сепак, посочува дека решението за ова прашање не смее да влијае врз македонскиот национален и етнички идентитет и македонскиот јазик.

„Оттука, географски одредници, како што имаме и претходно истакнато, изгледаат инкопатибилно со овој основен принцип, бидејќи недвосмислено можат да навлезат во нашиот идентитет“, истакнува претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто за ЕЛИАМЕП. (МИА)


#
Статијата е прочитана 932 пати.

Испрати коментар

Од: Браво Претседателе!
Датум: 10.11.2010 12:50:27
немам што друго да кажам - БРА��О за Претседателот!!!!
Од: Itar Pejo
Датум: 10.11.2010 13:23:15
Vo pravo e nasiot predsedatel. Nemoze da ima ime na drzava so geografska odrednica bidejci so toa se navleguva vo identitetot. Zamislete na Korea da i se dodade geografska odrednici. Ili na Soedinetite Drzavi da im se dodade: Amerikanski! Vo toa e snagata na nasata pozicija, nie odime so jaki argumenti.
Од: Izguben vo politikata
Датум: 10.11.2010 15:43:02
Bravo za Pretsedatelot ce kazam togas koga ce go resi sporot i najde kompromis. , a ne3 za vakvi prazni i izliteni frazi, iljada pati vece cueni. So toa ne se resava nisto. Politikata i diplomatijata e daleku od Ivanov so svetlosni godini.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 10.11.2010 15:53:33
"Soedineti Amerikanski Drzhavi" e ime koe koloniite sami si go izbrale, a dvete Korei oficijalno se vikaat Republika Koreja i Demokratska Narodna Republika Koreja, povtorno po svoja zhelba. Samo mrzelivite i neupatenite gi koristat drugite iminja vo sekojdnevniot govor.
Од: ВИЕ ШТО САКАТЕ РЕШЕНИЕ ЕВЕ ГО
Датум: 10.11.2010 17:57:49
Р. Македонија како П Ирска а делот во Грција Јужна Македонија како Северна Ирска. Ама не е за името бе луѓе за идентитетот и јазикот е . За нив нема Македонци како ние што сме. Не од антика не словенство проблемот на Грција е што лапна пола Македонија а немало Грци таму туку 80 % Македонци биле во цела етничка Македонија. Тој злостор од 1913 и потоа се крие. Ке научиме ли ке водиме ли гркосрбобугарска пропаганда спрема приликите. Не бе браќа Македонци имакло и има повеќе и од Грци и Срби само во бугарија има три милиони и 0,8 мил во грција ако се поголемиот број асимилирани.
Од: Pejo glupaviot
Датум: 10.11.2010 18:37:55
Pozdrav do makedoncot od SAD. Vo pravo si za Koreja. A SAD sami si go izbrale imeto i sami si se krivi sto so toa si go izgubile identitetot pa sega se dojdeni do ova deredje. A nie po nikoja cena ne go davame identitetot koj sto so tolku maka ni go izmisluvaat Nikola, Koce, Pasko, Milenko i kompanija. Vo sekoj slucaj nema da ima zima za nas. Volna ce ima se dodeka ce ima ovci da se strizat.
Од: Neki
Датум: 10.11.2010 18:48:55
Da si ziv i zdrav Pretsedatele!!!
Од: stip
Датум: 11.11.2010 00:11:56
kako vremeto odminuva, taka i nasiot predsedatel gi pokazuva svoite kvaliteti.... vi cestitam G. MAKEDONSKI PREDSEDATELE IVANOV.

Најди! во Утрински
Втора страница
Ќе се лекуваат само оние што имаат пари
Контролори за јавен линч
Вербатим
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011