Како ќе оди Груевски на референдум кога на членовите на ВМРО-ДПМНЕ им кажува дека нема да се предаде, прашува „Елефтеротипија“
Миркица Поповиќ
Можност за разврска на проблемот со името во Њујорк не постои поради недостиг од желба од страна на македонскиот премиер, тврди весникот „Елефтеротипија“, известувајќи од настаните во Њујорк. „Како ќе оди на референдум за името кога и самиот им има кажано на членовите на неговата партија дека нема да се предаде“, прашува јав��о во извештајот „Елефтеротипија“.
Првите средби во Њујорк на грчките функционери, главно, поминаа во повторување на грчките црвени линии, со демантирање дека го напуштаат принципот ерга омнес и со негирање дека има тајна дипломатија за спорот. Тоа го потврдија премиерот Јоргос Папандреу по средбата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, и со шефот на дипломатијата, Димитрис Друцас, по средбата со Метју Нимиц.
„За нас во преговорите најважна е суштината, односно името за кое ќе се договорат двете страни да се користи од сите. Доколку е потребна промена на Уставот на државата за да се постигне ова, тогаш ќе мора да го направат и тоа“, изјави Друцас за новинарите.
На барањето да ги објасни за шпекулациите дека Алекс Рондос и Марилена Копа се вмешани во тајна дипломатија со Скопје, Друцас рече дека не постои ниту тајна дипломатија ниту, пак, паралелен преговарачки процес. „Преговорите се транспарентни. Уште од првиот момент кажавме дека преговорите се одвиваат во рамките на ОН. Сепак, сметаме дека директни контакти со владата во Скопје може само да го помогнат преговарачкиот процес. Кога говориме за директни контакти меѓу двете страни, познато е дека самиот премиер Папандреу веќе неколку пати презема иницијативи и се сретна со премиерот Груевски. Доколку Груевски е во Њујорк, сега ние повторно ќе преземеме иницијатива за да се сретнат двете страни“, изјави грчкиот министер.
Средбите на европратеничката Марилена Копа со македонската страна ги карактеризираше како дел од овие иницијативи за подобрување на односите меѓу двете држави, исто како што се и неговите средби на различни меѓународни форуми и конференции со македонскиот министер Антонио Милошоски. Покрај Копа, грчкиот министер спомена дека и други членови на заедничката парламентарна група имаат контакти со македонската страна за прашањето за името, како, на пример, Ставрос Лабринидис, заменик-претседател на Европарламентот, Ани Подимата и Јогос Кумуцакос. Според него, сиве овие средби се од исклучителна важност за преговорите во рамките на ОН и грчката страна е отворена за поголем број личности на различни позиции што би можеле да ги пренесат пораките на Грција во спорот за името. Друцас повтори дека Грција има политичка волја да се реши името, но дека мора да се почитуваат црвените линии. „Ова е единствениот пат за нас“, додаде грчкиот министер.
За Алекс Рондос, кој, наводно, ги влече конците на грчката дипломатија, Друцас рече дека е добар познавач на Балканот и стар соработник на грчкото МНР. За човекот, кој, според грчките медиуми, само му создава главоболки и загриженост на новоназначениот шеф на грчката дипломатија, Друцас истакна дека нема институционална позиција и никаква официјална поврзаност со грчкото МНР и со владата.
Drucas moze da go kani Antonijo Milososki na sredba a ne Gruevski.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.09.2010 12:20:01
Во право ,,Елефтеротипија,,што се чуди што власта е некооперативна додека овдешната опозиција е длабокомислечка и прифаќа скоро се,дури и erga omnes.Феличита прашува зошто тогаш власта трча на секој повик од Брисел,по мене е подобро да трча отколку симулационо да ползи.
Од: son
Датум: 21.09.2010 12:39:45
Gruevski nie sme so tebe ne popustaj za imeto. Na referendum!!!!!!
Од: komentator
Датум: 21.09.2010 12:39:47
Ако стварно така ветил на членството, го менувам своето мислење за него. Не чувме Бранко никогаш во 20 години спор да дал таков завет за името на земјата. Никогаш, а тоа значи дека кај него отсекогаш постои воља да си го преименува народот. Мислев дека и Груевски планира така нешто, и дека со референдумот само нешто глуми,но изгледа дека со овие потези сам на себе си создава обврска.
Менувам мислење во позитивно.
Од: Severna makedonija
Датум: 21.09.2010 13:26:19
pa sto ako go kani veke ednas promenete go imeto ili nikogas nema da vlezete vo evropa i vo nato nikoj ne ve saka srbija ke go priznae koso i ke vleze vo evropa a vie nikogas nema interes evropa za vas
Од: јас
Датум: 21.09.2010 14:34:48
Не можеа портокалчинава - коментатори да дочекаат и одма да го оправдаат својот работодавач..Добро е што почна Утрински да се објавува на пладне , оти како што беше на полноќ , кутрите МОРАА ДА НЕ СПИЈАТ САМО И САМО ПРВИ да препишат од билтенот од ОК на вмро-ото, пардон , да искоментираат !!!Дечки , џабе се мавате в гради , колнејќи се во овчарот ( пред него се колневте во Лјубчо-бугаринот)...Прв ќе биде пастирот , тој што ќе го смени името ( или ќе го натера кутриот Џоле , да го стори тоа за него )..Нешто слично направи за Ацета -големиот, па еве неколку месеци НЕМА НИ ЗБОР дека Хунзите ни се браќа по крв..Причекајте , ќе видите како царот е ГОЛ !!!!!!!!!!
Од: dedo dimo
Датум: 22.09.2010 02:41:14
Zalna Makedonija so vakvi Makedonci ,( ako se Makedonci ) ?.Ali ako ste Vie ste predavnici a mozda i vashite roditeli bile isto , Krushite skapani obicho pagaat pod Krusha .A shto sakatre Gruevski da napravi Vie eden den ke se stramite pred svojte deca do kolku Makedonija go smeni imeto .Za vas nerabotnikovci Makedonija ne chini a EU sto mislite .Vie ke lezite i chekot doma od BRISEL ke vi go PUSHTAAT.Ej zalutani toa nikade vo svetot go nema.
Од: EВЕ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО
Датум: 22.09.2010 08:06:22
Ние сме Република Македонија а тие Република ГРЦИЈА И ЈУЖНА МАКЕДОНИЈА. И така се составени од два дела. Еве една случка од егејска т. е. Јужна М. Една баба во автобус го прашува некое девојче де чупе речи од деа си. Од тоа итоа село. А бабата вели ете ви реко не е чупето од Грција.
Од: ДО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Датум: 22.09.2010 09:29:57
Tи си Албанец. Ти и многу што не сте Македонци знаеме дека не ви е гајле за името. Тоа е грчка карта. Јасно ко бел ден. Само незнам овие шербет ТВ. Не се верување. Имаат еден водечки новинар за името а не е Македонец тврдам дека баш го заболе за името. Македонци апел не се јадете политички да издржиме. Странски коментатори и пропаганди. ПАЗИ.
Од: ace
Датум: 22.09.2010 09:57:58
luge frujo za ovie nekolku meseci i samiot ne znae kakva izjava dal za sebe,samo ve mami na vmrovcite i ne vi kazuva deka ke ostanete izolirani od evropa uste 10 godini i ke ziveete isto kako sega vo siromastija i ke vi se trosat parite na spomenici i smizli ,ama grujo si e pameten koga ke najde ovci i ke gi strize
Од: mihajlo
Датум: 22.09.2010 11:49:08
Crvenata linija stana nesto slicno kako sedumnaesettata paralela pomedju dvete korei.Kaj nas e slicno.Granicata nekoi sili ja postavija pred eden vek pomedju dvata dela na edna ista zemja.Nelogicno do besvest.Postoi juzna i severna Koreja,pa neka postoi Severna i Juzna Makedonija.Ako grcija ova go bara togas jas izlagam na referendum.Znaci i vo Grcija treba referendum i toa vo isti den so nas.Ako treba ustav da se menuva kaj nas,togas i vo Grcija isto,Juzna pokraina Makedonija i toa vo ustav da go napista.