Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Платите на дипломатите во слободен пад

Новите амбасадори за Атина и за Виена вчера ги бранеа програмите во МНР

Платите на дипломатите на Македонија во странство се во слободен пад, па по првата редукција годинава, беше направена и втора, или заедно за неколку месеци се истенчија за осум отсто во однос на минатата година. Освен доцнењата на платите, МНР неофицијално ги притиска дипломатите да се ценкаат за наемнините, иако интерните анализи покажале дека по таа основа, годишната заштеда ќе биде само две и пол илјади евра. Според упатените, со секојдневни инвенции во правото се бараат дупки како да се намалат приходите на вработените за да се надомести трошокот за прекубројните вработувања во МНР, каде што, како и во други институции, министерот шетал по канцелариите за да открие некоја вишок маса за седење.

Жртва на штедењето се и новоименуваните десет амбасадори летово, од кои само три заминаа во странство (ЕУ, НАТО и Берлин), а двајца други дури вчера ги презентираа програмите во Министерството - Сашко Стефков за Атина и Ѓорѓи Филипов за Австрија. Другите петмина (за Тирана, Стокхолм, Анкара, Љубљана и Софија) ќе почекаат, некои и до почетокот на идната година. Место амбасадори во некои од тие дестинации, МНР испрати вршители на должност, а со цел да оствари некои ситни заштеди, иако штетата од таквите потези е многу поголема од материјалната добивка.

Инаку, новиот амбасадор Стефков вчера најави дека приоритет на новата функција ќе му биде градењето добрососедски односи со Грција, унапредување на билатералната комуникација и продлабочување на економските врски. Стефков ќе биде трет амбасадор на Македонија во Грција, а на таа функција доаѓа по еден мандат како амбасадор во Брисел и како советник на премиерот Никола Груевски. Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија во сите области од заеднички интерес и зајакнување на економските релации се приоритетите што ги најави новиот амбасадор во Виена, Ѓорѓи Филипов, кој на оваа функција дојде по амбасадорувањето во Германија. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1018 пати.

Испрати коментар

Од: od mk diplomat
Датум: 21.09.2010 14:26:47
neznam zosto tolku se grizite za platite na makedonskite diplomati. Ako ste istrazuvacki novinari, kako sto samite se proglasuvate, napravete edno istrazuvanje i sporedete gi platite i drugite dodatoci i beneficii pa ce vidite deka nasite diplomatite i realno i nominalno se povece plateni od diplomatite na Bugarija, Rusija, Srbija, Bosna, Hrvatska, Polska, Ungarija , Albanija itn. Nekoi nasi ambasadori sedat so svojata sopruga vo velelepni vili za koi drzavata placa od 3000 evra nagore plus strujata, voda i drugite komunalii, a na primer svedski ambasador vo edna nasa sosedna drzava sedi vo tstan vo zgrada.
Од: јас
Датум: 21.09.2010 14:36:25
Па според она што го работат , ЌЕ ТРЕБА И ПАРИ ДА ВРАЌААТ , а не плата да земаат !!
Од: do mk diplomat
Датум: 21.09.2010 16:06:18
тој што пишува дека е мк дипломат - само лажно се претставува. точно е дека македонските дипломати имаат најниски примања во секој поглед и заедно со сите бенифиции и додатоци и со сите тие скромни примања во одредени моменти се само брука за нашава држава а не и репрезенти, а тоа кој колку работи е за дискусија
Од: Mk diplomat e vo pravo
Датум: 21.09.2010 21:22:31
Mk diplomatot e celosno vo pravo. Neka gi namalat platite na vrabotenite vo DKP za 50% i neka kazat deka onie koi ne se zadovolni mozat vednas da se vratat vo Makedonija. Garantirano nieden nema da se vrati. Visokite plati se osnova za korupcija i reketiranje vo MNR. Iako vo Zakonot za nadvoresna politika stoi deka mandatot na ambasadorite e 4 godini, nekoi od niv ministerot gi drzi 6-7 godini i vednas gi praca vo druga zemja! Dali vi e jasno zosto toa go pravi? ,,Molzna krava,, ne se kole!

Најди! во Утрински
Втора с��раница
Друцас го кани Груевски на средба
Опомени од Струга
Нимиц нуди оптимизам, а не предлог
Вербатим



"""