Посредникот сега се откажува од предлози за решение
Претседателот Ѓорге Иванов имаше средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк од која не дојде предлог, туку порака дека двете земји се тие што треба да го решат спорот за името.
„Не давам нови предлози. Изминатите години давав предлози до страните. Тие никогаш не беа во целост задоволителни, но за некои од идеите мислам дека вредеше што разговаравме. Затоа се чувствувам позитивно во тој правец“, изјави Нимиц по средбата.
Сп��ред медијаторот Нимиц, има зголемено чувство на доверба дека проблемот може да биде решен со дијалог на многу високо ниво, меѓу раководствата на двете земји.
„Тоа е многу позитивен развој. Чувствувам дека страните сега зборуваат меѓу себе за работи што се во рамки каде што може да се видат некои очекувања дека евентуално може да се најде решение на овој проблем“, изјави посредникот на ОН.
На прашањето дали нивото на доверба меѓу двете страни е доволно за да најдат решение до крајот на годинава, Нимиц рече дека е оптимист:
„Го правам ова многу години во име на ОН и секогаш имав правило да не правам претпоставки за крајните рокови, затоа што мислам дека самонаметнати рокови никогаш не се добри за ваков тип преговори. Тие создаваат лажни очекувања и непотребни разочарувања ако роковите се промашат. Затоа не би зборувал за рокови. Би рекол дека работејќи на ова прашање долги долги години, ми се чини од 1994 година, гледам дијалог што ми дава реалистички очекувања дека може да дојде до заемно решение во кое двете страни ќе чувствуваат дека ги постигнале националните цели и ја заштитиле националната гордост“, одговори тој.
Последната средба со медијаторот на високо ниво беше во февруари, во Скопје. Инаку, во најавата од кабинетот на Папандреу за неговите билатералните контакти во Њујорк не е предвидена средба ниту со Иванов ниту со премиерот Никола Груевски, кој и вчера не беше сигурен дека ќе замине за Њујорк. (Н.Р.)
Па нели пастирот требаше да биди во Њујорк и тој да говори во ОН па средба со медијаторот па средба со Папандреу па незнам што ли уште не.Ама домашниот есап на пазар не излегувал.Нешто се изјаловило за тој да не може тамо да се слика пред камерите.Чуден човек ако не можи да се перчи не оди тамо.Затоа време му е да си оди ама од власта.
Од: srebre
Датум: 21.09.2010 12:39:26
od seto ova najzadovolni ce bidat komsiskite dravi i bogatasite vo maked za status qvo imeno sto posiriomasi sto pobagati zemjite okolu nas i sto posirom narod sto pobogati 10te nasto.............
Од: НИМ ИЦ САМО ГЛУМИ И ГЛУМИ
Датум: 21.09.2010 14:45:41
И исти збореови врти. Фактички се чека Македонија да попушти. Предавници се повеќе ве има.
Од: Тоше
Датум: 21.09.2010 15:15:34
Нека седне веќе еднаш Грујо да преговара. 4 години си игра дрндупки. Има веќе доволно предлози од Нимиц, само треба еднаш да почне да работи.
Од: xxL from Prilep
Датум: 21.09.2010 16:16:46
Grujo ceka site da izvadat bugarski pasosi i da ja duvnat dzenem od ovaa posledna dupka na svetot,narecena Makedonija. Pozdrav do vmrovskite patrioti so bugarski pasosi
Од: Alban
Датум: 22.09.2010 00:45:41
Poslednata sansa makedonija veke ja izgubi,
grcija ja ima svojata crvena linija, koj treba makedonija da smeni ime so geografska odrednina, ustav identitet, a i zname,
i sto posle,
Збогум и не врти се, Џоле
Македонија ја изгуби битката за решение на спорот околу името, покажа последната средба на претседателот на државата Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц, велат познавачите на состојбите. Според нив, Нимиц практично крена раце од преговорите поради инаетењето на земјава која ја пропушти и последната шанса за добар развој на настаните.
http://www.spic.com.mk/kat/scena/zbogum-i-ne-vrti-se-dzole.html
Од: До Тоше
Датум: 22.09.2010 08:41:09
А за што да преговара Груевски, бе Тоше ? За да и се смени името на Македонија?
За тоа не се прават преговори. За тоа се носи одлука.
По устав, никој не смее да и го смени името на државата. За тоа се одговара пред народниот суд. Не верувам дека некој, во историјата, сака да биде запаметен како предавник на нацијата и со тоа завек да си го обележи своето семејство и идните поколенија како предавнички.
Значи сите што се прчат дека кога ќе дојдат на власт ќе го средат проблемот на грција-ЛАЖАТ !