|
|
|
|
|
|
Бутарис на удар на десничарите
Атина - Солунскиот градоначалник нема да дозволи повторување на историјата преку масовни протести против нашата држава. Само два дена откако спомена дека името „Славомакедонија“ би било најбезболно решение за спорот со името, градоначалникот Јанис Бутарис повторно беше дочекан на нож од неговите противници од десничарските партии. Стелиос Папатемелис, лидер на Панхеленскиот македонски фронт и познат по своите тврдокорни националистички ставови упати остра критика кон Бутарис, како и Константинос Јулекас, заменик одговорен за надворешна политика во Нова демократија и лидер на претставниците на опозицијата во Градскиот совет на Солун. Испуштајќи го делот каде што Бутарис говори за поддржување на грчките црвени линии за сложено име, Јулекас истакна дека солунскиот градоначалник ги навредува солунчаните и жителите на грчка Македонија со изјавата дека е несфатливо некој да се обиде да го забрани користењето на терминот „Македонија“ од нашата држава кога историски му припаѓаме на македонскиот регион.
Бутарис, сепак, остана цврсто на своите ставови. „Застарена е идејата да не се користи зборот „македонско, Македонија“. Да одржиме една седница на Советот за оваа тема за да немаме повторување на феномените како големите протести со паролите „Македонија е грчка“, кои се спротивни од официјалната грчка надворешна политика, која, всушност, не ја водиме и креираме ние“, потенцирал солунскиот градоначалник.
Сепак, идеите за еден поотворен и попријателски Солун кон туристите од Македонија и барањето да не се инсистира на ексклузивност на зборот „Македонија“ испровоцира уште пожестока реакција од десничарите. „Ако ова е нова позиција и предлог, односно според градоначалникот, Скопјаните да се преименуваат во Македонци, добро би било Бутарис да сфати дека надворешната политика е надвор од неговите должности и дека овој случај е комплициран, и бара пред се и над се многу добро познавање на историјата за да се избегнат гафови и паѓање во стапици“, изјавил Јулекас. Пратеникот од Нова Демократија му порача на Бутарис дека користењето на терминот Македонија од грчките соседи е политика на иредентизам и промовирање на македонско малцинство во Грција, поради што според неговите изјави се нова муниција за владата во Скопје и навреда за Солунчаните. Лекции за Македонија на Бутарис му одржал и Стелиос Папатемелис, лидер на Панхеленскиот македонски фронт и жесток противник на користењето на терминот „Македонија“. (М.П.) |
#
|
Статијата е прочитана 795 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 12.06.2011 12:35:54 |
|
Pan-Makedonci se luge koi ziveat so strah od minatiot
politicki nasilstva prema Makedonci, a po toa, znajaki kako Makedonci patile i umirale, si ja izmislile vaa nova politicka sostojba od strav da ako ne bide taka, i tie mozat da podlegnat na ista kauza.
Tie se protiv nasa upotreba na samoto ime.
Tie se mentalno uznemireni luge. Nijnite argumenti nemat logika. Sepak za nas, Slavo-Makedonsko ime e sramno da se izgovara.
Oti Slovenite ne bile prvi na taa zemja pa sega da site koi se dojdeni posle nih se narekuvat Slavo-Srbi,
Slavo-Turci, Slavo-Albanci i taka na tamo. Vo ova politika, vistinata e zadna tocka. Grcite denes se zamrloseni so lagi po istorijski moderan stil. Evropa e da se kazni. Gi opiela Grcite so uforija na nekoe
anticko Grcko postojanje, a se toa na Makedonskata zemja so Mak-ski luge od antikata. Agamemnom, dedo na Aleksandar nikogas ne bil Grk. vo toa vreme koga Grcija ne postoela vo bilo koj oblik. A i Atina kako grad ne postoela. Pa sega vide te. |
|
|
|
|
|
|
|
|