Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Политика

Ахмети чека покана од Груевски

На преговори Ахмети ќе дојде со конкретни, поголеми барања и нивното учество во власта нема да биде само формално

Светлана Унковска



И покрај тоа што изборните резултати го изнесоа на чистина старо-новиот тандем ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како идни преговарачи за составот на новиот владин кабинет, сепак, силите во власта од пред една недела значително се изместени во однос на претходно. На масата за преговори на која набргу ќе треба да седнат Никола Груевски и Али Ахмети темите нема да бидат исти како оние од пред три години.

Во првичните неофицијални информации се вели дека овој пат Ахмети ќе дојде на преговорите со конкретни барања, а и нивното учество во власта нема да биде како досега, само формално. Засега во ДУИ се' уште се во подготовка на динамиката за тоа како ќе течат преговорите, но од ВМРО-ДПМНЕ се' уште немаат најава ниту некакви сигнали кога би можеле да се одржат.

Дали и овој пат Ахмети само ќе фигурира во Владата или ќе биде задоволен само од интересот што го носи учеството во власта. Или ќе има конкретни барања и ќе бара конкретни датуми околу евроинтеграциските процеси и решавање на спорот со името. Дали хашките случаи повторно ќе бидат краткото јаже за дисциплинирање на ДУИ или коалициските партнери ќе се договорат да им стават точка. Тоа се само некои од дилемите што ќе се разјаснат откако ќе се види каква позиција во власта ќе заземе ДУИ.

Извесно е дека според резултатите од минатонеделното гласање и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат карти во ракавот. Доколку запнат преговорите, лидерот на ДУИ заедно со другите албански партии би можел му да се придружи на опозицискиот СДСМ во формирање ново парламентарно мнозинство, иако такво сценарио е само теоретска можност.

Но, и ВМРО-ДПМНЕ има маневри на располагање. Тие би можеле да го растурат досегашното партнерство со ДУИ и да се прекрши утврдениот принцип на коалиција на две победнички партии. Во тој случај, можно е ВМРО-ДПМНЕ да постигне договор со двете албански партии - ДПА со 8 пратеници и НДП со уште двајца со што ќе го има парламентарното, но и квалификуваното Бадентерово мнозинство и на тој начин да направи пресврт во коалициските договори. Сепак, овие комбинаторики се во сферата на голи шпекулации особено по искуството што го имаше ВМРО-ДПМНЕ во 2006 кога ја игнорираше победата на ДУИ во албанскиот кампус и склучи коалиција со ДПА која набргу се распадна.

ВМРО-ДПМНЕ со освоените 56 пратенички мандати и ДУИ со 15-те места во Собранието се идното парламентарно мнозинство кое треба да ги распредели и владините позиции. Кои се идните министри, колкави ќе бидат измените, кои се новите лица, кој каде ќе ротира, се само дел од шпекулациите што почнаа да се вртат во јавноста. Неофицијално, Ахмети ќе излезе со конкретно барање за претседателското место во Собранието, но овој пат ќе бара и посилни министерски ресори. Во корпусот на барањата за првиот ешалон од власта се претпоставува дека ќе влезат Министерството за одбрана, за надворешни работи, а според некои навестувања амбициите може да се прошират и на првата позиција во Министерството за внатрешни работи.Но тоа се само амбиции, бидејќи владејачките партии во Македонија досега никогаш не го препуштиле полицискиот ресор на управување на коалициски партнер. Истовремено,има информации дека ДУИ, покрај министерството за економија кое е во нивни раце, ќе бара и едно министерство во кое се вртат најмногу парите, а тоа се министерствата за финансии и за транспорт и врски.

За новата владина персонална архитектура во ВМРО-ДПМНЕ владее молк. Се шпекулира дека досегашниот шеф на парламентот Трајко Вељаноски ќе ја заземе министерската фотелја на правда, на местото на Михајло Маневски кој по силните критики од јавноста и претставниците на меѓународната заедница, ќе мора да замине од власта. Во пакетот на оние кои нема да се најдат во идниот владин кабинет е и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која не се најде ниту на изборните листи на партијата. Мотивите за нејзино отстранување од Владата може да се бараат во жестоките критики од опозицијата во врска со финансиската конструкција на проектот „Скопје 2014“. Во новиот владин состав најверојатно нема да го гледаме ниту досегашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во некои од министерските комбинаторики се споменува и првиот човек на Управата за јавни приходи Горан Трајковски, но засега нема информации каква функција би добил.








#
Статијата е прочитана 2003 пати.

Испрати коментар

Од: Hamdi Salihi
Датум: 11.06.2011 16:37:46
"Тие би можеле да го растурат досегашното партнерство со ДУИ и да се прекрши утврдениот принцип на коалиција на две победнички партии." Kakvi pobednici? Kolku sto jas znam, edna partija pobedi na izborite. Sega vie mi ja vregjate intelegencijata? Ova sto go rekovte "De Facto" potvrduva nekoi glasini deka ziveeme vo aparteid. Ako pobedile VMRO-DPMNE, oni imaat pravo da izberat koalicija, a ne DUI da im se vmetnuva tuka kako "Mandatory" koalicionen partner. Bas ako sakame da gi vidime "pobednicite" ke primetite deka DUI izgubi od albancite, i deka "opozicijata" dobi povekje glasa od DUI. Samo edno znam da vi kazam, i na VMRO i na DUI ova im e posledna sansa da pocnat nesto da izrabotat za narodot. Mislam, dosta im bese kradenje 3 godini. Eve odma neka pocnat so rabota so severnata strana na gradot ako nemaat vizii od kade da pocnat. Samo bidejki ima albanci i drugi nacionalnosti, toj del od gradot ostana geto. Eve eden dobar start veruvam se slozuvate.
Од: Stojko
Датум: 11.06.2011 17:01:30
Ne sakam da komentiram, samo edvaj go cekam Feliks, ili se uste nema instrukcii?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.06.2011 12:56:55
Стојко очекува моја реакција,па еве ја.Се зборува да шеќеринска нема да биде премиер,се зборува да лидерот ќе си појде дома на упразнување пензионерски денови,се зборува да Јовановски нема да биде министер за финансии,се зборува да Георгиев ќе нема никаква ,,владина,, функција,се зборува да на Бучковски нема да му се исполни желбата за МВР, се зборува да Фрчковски нема да биде во МНР.А јас зборувам дека ве урнисавме по петти пат по ред и ќе ве гледам во опозиционерско опкружување.

Најди! во Утрински
Политика
СДСМ не го дава Црвенковски
Бутарис на удар на десничарите

"""