Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Поднесени 3.000 барања за легализација

Кавадарци - Две недели пред крајниот рок за пријавување бесправно изградени објекти, во Тиквешијата се поднесени околу 3.000 барања за легализација на дивоградбите. Поради некомплетна документација, прекината е постапката за 1.134 предмети. Досега Општина Кавадарци има издадено 55 решенија за легализација, а вкупниот број дивоградби, без викендичките на Тиквешко Езеро, изнесува 3.000.

Во Росоман 140 граѓани доставиле барања за легализација, од кои досега позитивно е одговорено за 40. Вкупниот број дивоизградени објекти во општина Росоман изнесува 402. Во Неготино барања за почнување постапка за легализација поднеле 375 граѓани, а досега се издадени 30 решенија за легализација. Во Градско има околу 150 дивоградби, а до Општината се доставени само триесетина барања. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 654 пати.

Испрати коментар

Од: Неготинец
Датум: 23.08.2011 00:11:06
Кавадарци не е единствено место од Тиквешијата! Покрај овој град се и Неготино, Демир Капија и останатите помали населени места кои го сочинуваат регионот Тиквеш.
Од: jimmy1
Датум: 23.08.2011 07:14:27
Ke se legaliziraat na VMRO-ovcite a na drugite ke im se urivaat radi osveta na vlasta.
Од: Alek®
Датум: 23.08.2011 10:29:03
А Цаноски каде да поднесе за спорниот дел?

Најди! во Утрински
Македонија
При вода, тетовци жедни

"""