Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еко��омија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

При вода, тетовци жедни

Проблемот со водоснабдувањето на Тетово е присутен
цели 10 години, но ништо не се прави за негово решавање

Гојко Ефтоски



ТЕТОВО - Да се живее во град под Шар Планина полна со извори и чиста вода, а да се нема вода за пиење, а згора проблемот да е присутен повеќе од десет години, мора да е во прашање некоја голема причина. Во КРО „Тетово“, во чиј состав е и водоводот, велат дека во овој период од годината се намалува штедроста на изворите и од вообичаените 350-400 литри во секунда сега дотекуваат само околу 270 литри. Капак на се' е некоректното однесување на многу граѓани кои нерационално ја трошат водата.

Недостигот од вода комуналците го компензираат со редукција. Во овој момен�� Тетово е без вода за пиење од 9 до 11 часот и уште два часа во полноќно време. Има и други фактори што го отежнуваат снабдувањето со вода на Тетово. Низ старата водоводна мрежа се растураат стотина литри. Голем дел тетовци ја злоупотребуваат водата за полевање бавчи и градини. Од друга страна, во градот има десетици сервиси за миење автомобили, кои наместо техничка вода, користат од градскиот водовод. Од сите овие причини, цели населби од горниот дел од градот, Колтук, Два Бреста, Певчина, Поток, Горно Маало и повисоките катови на станбените згради, немаат вода по повеќе од 12 часа во денот. Овој недостиг се надополнува со цистерни.

Во Тетово сега има околу 80.000 жители. Меѓутоа, како ретко каде е интензивирана станбената изградба и градот се шири со огромна динамика. За жал, комуналната изградба заостанува во однос на станбената.

„Граѓаните имаат право да ја знаат вистината околу случувањата со градскиот водовод. Повеќе од десет години за Тетово се реализира проект за зафат на води од реката Пена, но никако да се реализира. Проектот е прифатен и одобрен за финансирање од Владата. Во 2001 година Владата на Љупчо Георгиевски одобри и реализира 130 милиони денари за новиот водовод. Парите се вложија, се изгради еден дел и тука застана. Оттогаш наваму останаа само ветувања. Факт е дека тетовскиот водовод секоја година влегува во буџетот на државата, но, исто така, е факт и дека во сите ребаланси оваа ставка се брише. Така е со години“, вели Драган Давидовски, член на Советот на Општина Тетово и претседател на ОК ВМРО-НП.

Според Давидовски, во 2007 година биле одобрени 50 милиони денари. Дел од парите биле искористени, а другите повлечени. Минатата година со буџетот биле предвидени 20 милиони денари, од кои се реализирале само пет, а остатокот повторно биле повлечени со ребалансот. За годинава тетовскиот водовод воопшто не е влезен во буџетот на државата.

„Сметам дека е време кога се прават концепции за буџетот во наредната година да се изнајде начин Тетово да не биде заобиколено и да се предвидат потребните средства за довршување на започнатиот зафат. Ова нека се сфати и како повик до сите министри и други функционери во Владата кои се од Тетово, пратениците од Шестата изборна единица и сите други надлежни да најдат можности проблемот да се разреши. Не може водоводот за Тетово постојано да се впишува и да се брише во буџетот, а на други градови и реони веднаш да им се одобруваат средства“, додава Давидовски.

На времето во Тетово беа изградени и пет бунари за црпење вода во кризни периоди од годината. Нивниот капацитет изнесува околу 100 литри вода во секунда. Според информации на „Утрински весник“, засега ниеден не е вклучен. Причината не е позната, а во ЈКП не можат да се добијат информации поради годишните одмори.


#
Статијата е прочитана 432 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 23.08.2011 03:01:55
Од сите овие причини, цели населби од горниот дел од градот, Колтук, Два Бреста, Певчина, Поток, Горно Маало и повисоките катови на станбените згради, немаат вода по повеќе од 12 часа во денот. Овој недостиг се надополнува со цистерни
Од: Buntovnik
Датум: 23.08.2011 08:05:44
Taka e toa vo Makedonija, Pri sloboda a ROBOVI.
Од: snezana
Датум: 23.08.2011 09:58:48
Gospodine Davidovski potpolno ste vo pravo i nie gradjanite ocekuvame konecno da se zavrsi izgradbata na tolku ocekuvaniot gradski vodovod.

Најди! во Утрински
Македонија
Поднесени 3.000 барања за легализација

"""