Турската дијаспора во САД ќе ја помага македонската
Здружението на Турците кои живеат во САД во следните три години ќе донира 150 илјади долари за организацијата на македонската емиграција во САД, објави вчера грчкиот весник „Катимерини“. Договорот за донација бил постигнат меѓу организациите „Турска коалиција на Америка“ и „Обединетата македонска дијаспора“, со цел македонската дијаспора „драматично да ја прошири својата работа“.
Според „Катимерини“, поддршката за Скопје од турското лоби во САД воопшто не е случајна. Тоа се случува откако македонскиот премиер Никола Груевски го отвори прашањето за имотите на македонските бегалци од Грција, а Турција им овозможи на македонските граѓани пристап до нејзините архиви за да можат да ги пронајдат документите и нотарските акти, кои би можеле да им помогнат при добивање на нивните барања.
Весникот коментира дека ваквото зближување меѓу Турција и Македонија доаѓа откако меѓународниот посредник Метју Нимиц го претстави новиот пакет идеи за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје во врска со уставното име на Македонија. И покрај официјалните тврдења од грчка страна дека пакетот го опфаќа само прашањето за името на Македонија, во предлозите на американскиот дипломат било третирано и прашањето за „македонскиот идентитет и јазик“.
Според весникот„Елефтеростипос“ , пак, во пакетот идеи што ги изнесе медијатротот Метју Нимиц на последната рунда грчко-македонски разговори за името во Њујорк постојат „сиви зони“ кои во иднина можат да и' предизвикаат проблеми на Атина. Таква „сива зона“, според весникот, се и предложените имиња „Северна Македонија“ и „Горна Македонија“ во кои не е јасно дали географската одредница ќе биде пред зборот „Република“ или станува збор за сложено име „Република Северна Македонија“, како што сака грчката страна. Широката употреба на името, предложена од Нимиц, не го покрива ни барањето на Атина да се најде име за севкупна употреба. Според весникот, во последниот предлог на Нимиц се предвидува во пасошите да се користат и двете имиња - она што ќе се договори и уставното. Тоа практично значи примена на т.н. двојна формула, оценува „Елефтеростипос“. (МИА)
E ova grcistat nemat mir. N9sto ne im se dopagja. i mesto ne gi faka. Podosadna rabota nemem videno da ti se mesa sosedot doma vo kukjata kako ti sakas da zivees, kade go ima toa i koj go dozvoluva.
Од: гласач
Датум: 16.09.2008 08:14:09
Тоа се нашите Големи Македонци. Тие кои сакаат да ни ја кројат државата. „И 2 долара би дале, за да бидит Македонија ол-рајт“.
Од: struzanec amerikanec
Датум: 16.09.2008 08:29:08
dobar pocetok samo so umni glavi se postignuvaat uspesi,vo amerika ne e kolku si dobar tuku kako si povrzan i kako deluvas vo opstestveniot zivot,trebase i albancite od dijasporata da se aktiviraat pa posle ke se ima zaednicki stav i ke se skrse grckoto lobi koe e mnogu jako ama gubi na site fronta zatoa sto so lobiranje ne moze doveka da se prikriyat istoriski fakti i amerikanskite politicari ne znaeya pa nekoy treba po pravilen pat da im kaze se ima red ovde mnogu dobro smisleno,mie smaceno od grcite ,ne deka mrazam nekogo tuku se mnogu inatcii isamo nivnoto da bide,nekoi duri i mi velat vo pravo ste i deka koga odele vo grciya i niv gi napagale deka bile predavnicii ako imale usa na avtomobilot im gi krsele.napred vistinata ke izleze na videlo,samo slozno ida se zdruzime site,turci ,albanci ,makedonci imam i jas kontakti so turcite i stalno im velam deka nie od makedonija ja sakame turcija i treba da go sirime prijatelstvoto primer sum samiot, turcin od mk mk i eu toa e toa