Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Стопирани ископувањата над хотелот „Тасино чешмиче“

Tеренот треба да биде вратен во првобитна состојба, или да се направи потпорен ѕид

Ископувањата на земјиштето над хотелот „Тасино чешмиче“ се запрени откако интервенираше Градежната инспекција на Општина Центар. На сопственикот на хотелот му е наложено во рок од 15 дена да го врати земјиштето во првобитната положба или да постави потпорен ѕид за да се заштитат загрозените куќи. Жителите од улицата „Партение Зографски“ стравуваат за безбедноста на своите домови поради големите ископувања што ги врши сопственикот на хотелот „Тасино чешмиче“, над самиот објект. Тие со неверување го исчекуваат исходот од долгогодишната драма, која трае речиси десет години.

Стојан Николовски, чија куќа е една од најзагрозените, стравува дека доколку не се заштити, куќата ќе му пропадне во длабоката јама. „Имам голема штета веќе со години и мојот дом е во опасност од уривање“, вели Николовски.

„Доколку сопственикот не го врати земјиштето во првобитната положба во рок од 15 дена, ние ќе го сториме тоа на негова сметка. Дефинитивно, направени се ископи во големи размери, па од тие причини, денеска побаравме ИЗИИС да се изјасни за начинот на кој би се затвориле ископувањата без последици за околината“, ни изјави вчера Милан Пижула, главен градежен инспектор во Општина Центар. Тој потврди дека сопственикот на „Тасино чешмиче“ не поседува дозвола за изградба на локацијата, ниту, пак, има поднесено барање за тоа.

Инаку, од Општината потврдуваат дека првичните ископи над „Тасино чешмиче“ започнале речиси пред десетина години, но и покрај решенијата за нивно стопирање, сопственикот на хотелот продолжил со своите намери. (В.Д.)


Статијата е прочитана 244 пати.

Испрати коментар

Од: kOMSIJA
Датум: 04.07.2008 07:03:08
Prvo da ispravam, kopannjeto zapocna 1993 god, so blagoslov na Ljubco Georgievski, togasen dosljak od Strumica i predsedatel na VMRO DPMNE. Bezredieto e od togas i nikoj ama bas nikoj nepoveduva smetka za gragjanite od taa ulica.Jas licno neveruvam ni deneska deka nesto ke se napravi, ke bide starata kucinjata lajat a karvanot vrvi. Sega ke vi kazam i kakao treba da ja ispravite greskata : treba da se iskopa edno 50 metra vo dlabina da se postavi zelezna konstrikcijaisto ciskoka okolu 20 metri, pa da se napolni so zemja. A nie znaeme deka toa e mnogu skapo pa nema potreba, valjno e parajlijata so duvloto na prostitucija i droga da ne se voznemiri.Se kladam so kogo saka deka nema da se napravi nisto. Nema nikakaov politicar na toj del samo obicni ljugje lugje koi cesno go gazat asfaltot i ziveat zivotot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Етнозабава на кејот во Карпош
Езерцата во Градски парк порибени со 400 килограми риба
„Макоил“ ја продолжува битката со „Лукоил“ околу земјиштето
Урбанистичките планови од Гази Баба на Интернет