Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време

Голем раст на цените на хартиите од вредност го окарактеризира вчерашното тргување на Македонска берза, што се случи по подолго време. Предводници на ваквиот тренд беа акциите на „Алкалоид“, „Макпетрол“, „Макстил“ и на „Гранит“, кои го доведоа индексот МБИ 10 до вредност од 1.719,65 индексни поени, односно пораст од 4,43 проценти. Раст од 0,69 проценти забележа и индексот на јавно поседуваните друштва, а единствено индексот на обврзниците падна за 0,02 процента. Вчера на пазарот на капитал беше остварен промет од 12,5 милиони денари, кој се реализира од 148 трансакции.

Први по обем на тргување на официјалниот пазар беа акциите на „Макпетрол“, кои при вчерашното тргување пораснаа за 8,64 проценти. Се истргуваа 87 акции по цена од 21.873 денари за акција. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 332 пати.

Испрати коментар

Од: Bubastys
Датум: 14.03.2009 07:59:50
Heh! A na Granit akcijata porasna oti nekoj napravil promet od 16000MKD. Ziti berzata koga mozes so 250 EUR da pomestis akcija na top firma?

Најди! во Утрински
Економија
Фармерите нападнаа на Владата - пари нема
Меморандум со „Шишеџам“, ќе се гради за една година
Волстрит продолжува да расте
„Меркур“ со нов трговски центар