Словенечки „Меркур“ ја реализира својата трета инвестиција во Македонија, вредна над еден милион евра. Станува збор за трговски центар со над 20 илјади артикли, со површина од 2.500 квадратни метри, сместен во Скопје, во населбата Автокоманда. Официјалното отворање го означија генералниот директор и претседател на Управниот одбор на групацијата „Меркур“ од Словенија, Бине Кордеж, и директорката на „Меркур Македонија“, Весна Мирчевска, а присуствуваше и вицепремиерот Ивица Боцевски.
„Меркур Македонија“ е една од 16-те компании во групацијата на словенечки „Меркур“, која според Кордеж е една од најмалите, но е меѓу најуспешните во групацијата. „Во Македонија сме присутни со години и имаме добри резултати, па затоа одлучивме да инвестираме“, истакна Кордеж, кој додаде дека и покрај светската економска криза, која ќе има влијание врз развојот на групацијата, сепак, и натаму ќе се развиваат.
Досега словенечки „Меркур“ има инвестирано во Македонија шест милиони евра, а планира и нови инвестиции во поголемите градови во Македонија. „Светската криза има влијание врз развојот на ’Меркур‘. Очекуваме помала продажба, но остануваме на зацртаното да одиме со развој“, истакна Кордеж. (Ек.Р.)
Pa zoshto ne investiraat vo proizvodstvo,tuku ke prodavaat sokovi Fruktal,dzamovi od Slovenia i tn.Shto ne otvorija nekoja fabrika vo resen da pravi sokovi i dzemovi i da gi prodavaat vo Slovenija?
Од: jas
Датум: 14.03.2009 09:19:51
Trgovci imame i nie vo MK, ama nemame prozivoditeli!
Takvi ni trebaat !
Од: Vladan
Датум: 14.03.2009 10:51:57
до кога белосветските трговски центри ке бидат "странски инвестициии"? Јас не сум економист, ама колку што ми сече, тие инвестиции се генератори на увоз и немаме којзнае какво фајде од нив