Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хроника

Апелација ќе ги разгледува пресудите за убиството кај ПМФ

Судот ги прифати жалбите на бранителите на осудените на доживотен затвор за убиството на полицаец; oд изрекувањето на пресудата

Љубиша Станковиќ



Скопскиот Апелационен суд ги прифати жалбите на осудените на доживотен затвор за убиството на припадник на „алфите“ пред Природно-математичкиот факултет во Скопје. Повисокиот суд до сите инволвирани странки во оваа постапка веќе испратил покани за присуство на Јавна седница на која ќе се разгледуваат поднесените жалби. Седницата е закажана за почетокот на ноември, шест месеци од изрекувањето на првостепената пресуда со која за убиството на специјалецот Африм Арифи и за обид за убиство на двајца негови колеги на доживотен затвор беа осудени Реџаиљ Ќерими-Реџо (41) од Липково, Агим Ислами (27) и Алмир Дрпљанин (31), од Скопје. Рамадан Шакири (20) од Арачиново, за помагање на сторител по извршено кривично дело беше осуден на шест години затвор.

Закажувањето на Јавната седница доаѓа кратко време по барањето на некои пратеници овој случај да биде разгледуван и во Собранието. Иако е тешко да се поведува дека овој случај ќе дојде на ред за разгледување пред пратениците пред тој да биде предмет на судска расправа, сепак, можно е да се очекува тој да добие и свој политички тек.

Како што веќе пишувавме, некои пратеници изразиле сомнеж во одлуката на првостепениот суд и во инволвираноста на осудениот Агим Ислами во убиството пред ПМФ. За Ислами било побарано комплетно мислење, бидејќи пратениците поверувале во исказите на некои од сведоците што му обезбедиле алиби на осудениот, но постојат и забелешки во однос на материјалнитете докази.

Убиството се случи на 28 ноември 2008 година, на паркингот на Природно-математичкиот факултет, каде што беше изрешетено службеното полициско возило, во кое освен Арифи, се наоѓале и двајца негови колеги. На полицајците во службената „мазда“, било пукано од „голф“ со темносина боја. Нападот бил толку молскавичен што „алфите“ не можеле ни да возвратат на огнот. Според Јавното обвинителство, малку пред одигрувањето на овој трагичен настан, тимот на полициски „алфи“ извршувал редовни задачи во населбата Ченто. Тие со службеното возило се движеле по булеварот „Александар Македонски“, а потоа се упатиле кон ПМФ. Иако полицајците биле во цивилно возило, според некои кажувања, најверојатно, биле следени од напаѓачите. Во жестокиот напад, кој траел половина минута и во кој биле испукани 70 куршуми, се одиграл пред очите на многубројните студенти на ПМФ.


#
Статијата е прочитана 506 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Отворете очи, врие од отровни играчки!
Место борови стебла - канабис
Родителите ги воспитуваат децата со ќотек
Брзи лични карти за пензионерите






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger