Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хроника

Родителите ги воспитуваат децата со ќотек

Загрижувачки резултати од истражување врз 1.277 лица на возраст од 18 до 23 години

Седум од десет деца во земјава добиваат ќотек од своите родители како воспитна мерка, а голем дел од нив се и физички и емоционално злоупотребени. Ова се загрижувачките резултати на истражувањето спроведено на 1.277 лица на возраст од 18 до 23 години, што вчера беа презентирани на работниот состанок за превенција на злоупотреба на децата и запоставување.

Од ќотекот секој десетти испитаник имал видливи траги и повреди. Околу 42 процента од децата се изјасниле дека биле пцуени, навредувани, понижувани или родителите им се заканувале со тепање. Застапена е и сексу��лната злоупотреба на децата, и тоа преку сексуален однос или допирање на телото на возрасниот или на детето.

Д-р Марија Ралева од Клиниката за психијатрија, која е национален соработник за превенција на насилство, смета дека овие податоци можат да варираат, но, сепак, треба да се земат како водич во преземањето на натамошните активности, пред се', за превенирање на ваквите случувања. „Негативните искуства во детството, доживеаните злоупотреби, запоставувања и малтретирања се одразуваат и на физичкото и на менталното здравје на децата“, вели д-р Ралева.

Според неа, постои нагласена поврзаност меѓу злоупотребувањето на децата и подоцнежни манифестации на пушење, злоупотреба на алкохол и дроги, депресија, самоубиства, а оти како возрасни, децата жртви на злоупотреба веројатно можат да развијат срцеви болести, рак, мозочен удар, дијабетес и воопшто нарушено здравје.

Регионалниот претставник на СЗО за Европа, Динеш Сети, смета дека едукација, намалување на достапноста на алкохолот, промена на нормите поврзани со злоупотребата на децата, посети на домовите, обучување родители, како и намалување на несакани бремености, се најдобри превентивни мерки за насилството врз децата.

„За добра превенција е потребен мултисекторски одговор во кој ќе бидат вклучени и здравствениот сектор, ресорот правда, социјалниот сектор и образованието“, рече Сети.

Заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, нагласи дека Владата сериозно се занимава со ова прашање, најавувајќи формирање Национално координативно тело. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар

Од: enit
Датум: 15.10.2010 12:26:52
dodeka imase kotek od nasite roditeli imase disciplina i red vo ulici i skoli prestana kotekot sea diveat kako zivotni mladite..
Од: Balkanec
Датум: 15.10.2010 13:44:23
More samo kotek. Batali gi ovie "demokratski" metodi koj ja odvedoa mladinata vo raskalasenost i degenerativnost. Koga kazuvam "kotek" ne mislam na nesto nasilno, nego vo smisol na "vospitna", cisto da mu se pokaze na deteto deka vo svetot ima Zakoni i Hierarhija, a ne deka se mu e dozvoleno i moze da pravi kako ke mu prdne. Disciplinata e garant za razvoj na edna licnost, a disciplina bez "prisila" ne se postignuva.
Од: skopje
Датум: 15.10.2010 14:19:12
neznam samo tebe "balkanec" dali ke treba da te vospituvame so vaspitni. zatoa si tolku agresiven poradi nacinot na vospituvanje, sigurno i na zenati i mavas po nekoja vaspitna kolku da znae sto e hierarhija.
Од: coki
Датум: 15.10.2010 20:56:44
navistina ne znam kako ste vie rasteni! zivotni se tepaat posto ne razbiraat, a so luge se zboruva! devijaciite vo svetot ne se pojaveni zatoa sto decata ne bile tepani... i vo minatoto postoeja i narkomani i homoseksualci i huligani....hierahijata koj vi ja dal da ja sproveduvate? zatoa sto si go stvoril sega imas pravo da go srozis? par zar ne sakate vasite deca da se rasteni vo ljubov, sreka, da ima normalna komunikacija megu roditel-dete? kakvo e toa cuvstvo sto vie go poseduvate da sakate da go vidite vaseto dete kako e vo bolka i place? ccccc iznenaden od komentarive! mnogu primitivno... zalno za decata sto ke gi pametat svoite roditeli po stravot i povredite sto im gi nanele! ovie deca so sigurnost ke imaat posledici vo zivotot, nesigurnost,polni so stravovi,fustracii...gospod neka im e na pomos, ama ovie roditeli imaat navistina potreba od psihijatri!
Од: jovan
Датум: 15.10.2010 22:36:49
Malku zbunuvacka tema ,najmnogu poradi dijametralno sprotistavenite komentari na nekolkute komentari koj gi procitav. Moeto mislenje e nekade na sredinata.So deca treba da se bide strpeliv , da se razgovara i objasniva, no.... se slucuva ponekogas koga navistina treba da zaigra i "mirko".Malku e grubo i "nazadno" dase spomenuva kotekot kako resenie, no, da bideme iskreni, ponekogas e potreben.Podobro da place kako dete i da go pamti kotekot, otkolku kako vozrasen da zabega.Togas ne mu vredi ni da place ni da se kae.Mnogumina uspesni luge koj zavrsile fakulteti, velat deka mnogu poveke im se blagodarni na onie profesori koj gi "maltretirale"togas, otkolku na onie koj gi "mazele".Velat ,ne naucija na red i disciplina.Taka e i so decata.Nemoze samo mazenje.
Од: elvis
Датум: 16.10.2010 04:41:06
Balkanec,na tvoja strana sum zatoa sto od pregolemata ljubov i zapadnata demokratija vrie od kriminogeni strukturi i narkomani istetovirani i nakaceni so ubetki kako novorodeni telinjai uste od najrana mladost./ Sto e podobro kotek da se upotrebi ili vakvi da gi gledas da ograbuvaat i da tepaat stari lugje
Од: Makedonka
Датум: 16.10.2010 11:05:11
Samoe dno da Vi se pojasni SAMO SAKANIOT COVEK MOZE DA SAKA

Најди! во Утрински
Хроника
Апелација ќе ги разгледува пресудите за убиството кај ПМФ
Отворете очи, врие од отровни играчки!
Место борови стебла - канабис
Брзи лични карти за пензионерите






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy