Брзи лични карти за пензионерите
Старите и изнемоштени лица што се згрижени во пензионерските домови во Скопје, нема да мора да се малтретираат во Управните служби на МВР за да ги извадат новите биометриски лични карти. МВР ги ангажираше мобилните базни станици и до денеска ќе ги посетува пензионерските домови во градот. Во 9 часот ќе биде посетен домот во Автокоманда, каде што ќе бидат фотографирани 23 лица, а потоа и домот „Лина Чопова“ во Чаир, каде што ќе чекаат уште 19 пензионери. (Г.А.) |