|
|
|
|
|
|
Од што се плашам?
Живко Богоевски
Ако светлината што е во тебе, всушност, е темнина, колку само голема е таа темнина (Матеј 6:23) Овој мој текст чувствувам дека е несоодветен во моменти кога едно семејство доживува длабоки болки за изгубен млад живот, од неконтролирана животинска агресија на човек овластен од власта, поточно режимот, да го чува нашиот мир и живот. Може МВР и нејзините челници и платените телали од медиумите да зборуваат што сакаат, но никој ��е може да негира дека нивни човек избран за чување на мирот, редот и нашата сигурност, по нивни „специфични“ и „високософистицирани критериуми“ за исполнување на тие одговорни задачи, во животинска агресија уби млад невин човек.
Прочитав дека извршувал важни задолженија во обезбедување на високите функционери од власта. За пишување на текстов бев повеќе инициран не од одличниот текст на Ризаов, кој јасно ја детектира вистинските причина за овој и за другите слични настани што се случуваат во континуитет, колку повеќе од коментарите на одредени Феликси, Марии, Ацевци од Австралија и да не набројувам понатаму. Се прашав сам себеси? Што воопшто се случува со овој наш македонски народ?! Зарем дошол веќе до ова дереџе и бесчувствителност, па не распознава зло од добро? Дали истите тие знаат што пишуваат во своите коментари и не се ли свесни дека е убиен млад и невин човек, без никаква причина,од припадник на безбедносните сили на власта, а таа власт упорно два дена се обидуваше да не' замае и настанот го забошоти? За среќа, постои „Фејсбук“. И се прашувам дали не се свесни дека тоа е директен производ на власта и на нејзиниот начин на практикување на истата со оние поделби на народот по сите сегменти и создавање невидена омраза кон неистомислениците и параноично гледање на опасност од сите страни. Па тоа го немаше ни во комунизмот! Таа истата власт во една невидена параноја создаваше одредени специјални единици (тоа е правило на сите режими што се потпираат на силата на полицијата) со посебни намени и овластувања. Се родија разни „алфи”, а подоцна единици со покрволочни имиња, како „тигри“ со цел, демек, да го заштител мирниот народ од насилници и да се зачувал мирот и да живееме во идилично спокојство.
Но, токму во тие единици се регрутираа луѓе со сомнителни карактерни особини и сомнително минато: силеџии, силни момци со избричени глави, кратки вратови и уште пократки фитили на „палење“ и реагирање, кои едноставно помислија дека можат да се однесуваат како шерифите во Доџ Сити или Тумстон, без да полагаат сметка на никого. Тоа се толерираше од власта, бидејќи тие си ги избираа по свој тертип, а основно беше да се покаже кој овде има сила и власт и „кој коси, а кој вода носи“, како и да се втера страв во коските кај оние „одродените“ и неистомислениците. Најчудното од сето тоа што голем дел од народот, иако имаше слични искуства од соседството (Србија, Босна) и историјата, тоа не го детектира. Да му дадеш на некого право неограничено и во лудило да одлучува за живот и смрт е рамно на деспотија и налуничава тиранија.
И сега сите се перат од сето тоа, демек, не знаеле дека ќе се случи тоа. Па г-ѓа Гордана Јанкулоска, проверете ги досиејата на половината од припадниците на специјалните единици и се' ќе ви биде јасно. А колку се сеќавам слични настани имаше и порано. Најопасно е кога едно властолубие ќе премине во болест. Тогаш мерилата за демократија, правда и отчетност се губат. Најнеморалнио е кога се сака сето тоа да се испере со карикатурални флоскули за обичен несреќен настан.
Најмалку што може да се направи е да се земе на одговорност старешината на единицата и оној лажго што два дена не' мафтосуваше преку медиумите, а богами дел од одговорноста не можете да ја измиете и вие, г-ѓо министерке. Не знам колку мирно спиете? Ќе прафразирам еден текст: „Не се плашам од вашите закани, сила и моќ. Се плашам од тоа што сето тоа го правите во име на народот, државата и наводниот мир за нас“. |
#
|
Статијата е прочитана 1016 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 11.06.2011 05:23:34 |
|
Vladata kriva, ministerkata/portparolot krivi, narodot kriv................, a krivecot vo pritvor. Toa , pa toa, samo verglanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 11.06.2011 07:17:41 |
|
Zivko potpolno se slozuvam so vas, a da ti kazam od ovie acevci, macevci, belevci i drugi VMRO-ovski podanici nemoj da ocekuvas nesto podobro, totalno se izgubeni. Ace od Melburn odi i septi po pat, ekvatorot go ima totalno udreno. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 11.06.2011 08:02:16 |
|
Како прво г-дине Богоевски треба да знаете да токму алфите се ВАШ производ кога вашите беа на власт,но не е битно.Битно е да треба да сватите(а гледам дека ја немате таа способност)да секој нормален човек го осудува бруталното убиство на момчето од алфа-насилник, значи има осуда за насилниот чин.Второ зошто се прави некрофилство врз туѓа несреќа,за која сите вие некакви загрижени ве замоли таткото и братот на момчето да престанете со лицемерното собирање мизерни политички поени,а вие упорно тоа го правите.Е тоа е разликата помеѓу мене и вас,осуда на настанот и барање ригорозно казнување на убиецот но и осуда на политичката некрофилија. |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 11.06.2011 08:04:21 |
|
Vozot vozi sé so pogolema brzina - a patnicite vo nego, bez razlika, deka vožnjata poveke i možda ne im se dopagja, ne možat da se sibnat - znaat, deka ako ke skoknat od vozot, može života da gi košta!! Nekoj mali stvorenja bez mnogu mozok trčaat li trčaat po toj voz i bi sakale, oti tolku im e pametot, da se kačat vo nego. Od vreme na vreme od prozorcite ke im letne vo gladna usta po nekoja troška, tie ke ja lapnat i posle (duri i od druga strana na svet) ke napišat po nekoj "komentar". Martin e mrtov. Život teče dalje. Svako čudo za tri dana, i toa brzo ke se zaboravi, samo majka mu ke umira od jadovi do kraj na život. A narodot - toj ušte ima rezervi, a golem del pak - e zadovolen, oti ima da jade, ima da se zabavuva. Leb i igri, panem et circenses, poveke netreba. Isto ili slično nasekade. Titanikot ušte se drži na voda. Na krajot pak nekoj ke se spasi, vekina ke se udavi. No sepak vi poželuvam prijaten ubav kasno-proleten den :-) |
|
|
|
|
|
|
Од: Mirko |
Датум: 11.06.2011 09:06:44 |
|
Odlicno napisano i potpolno se soglasuvam so toa. Da se nadevame zo podobra idnina! |
|
|
|
|
|
|
Од: Kon feliks |
Датум: 11.06.2011 10:40:46 |
|
Felikse! Pogresno ste me razbrale Celta ne e sobiranje na nekakvi politicki poeni vrz tudji nesrci.Toa jas najosto go osuduvam i ako vnimatelno procitavte jas i samiot plasejci se od takvi insinuacii kazav deka mozebi e nesootveten vo ovie momenti. Jas ne sum pripadnik na politicka partija ,znam koj gi stvori Alfite,a koga zboruvam za vlasta ne mislma samo na aktuelnata no i na site prethodni i spomnav deka vakvi i nemili nastnani se slucuvaa i porano , bez prevzemanje na sootvetni merki.Tekstot bese iniciran od komentarite na seto ova. Vo momentite kogabrutalno se ubiva mlad covek od dvete strani se pravat usilija i napori so odredeni celi( od ednata da se zataska ,a od drugata da se izvlecat politicki poeni) Me pogodija nekoi komentari koi ednostavno go minimiziraat zloto i se prasum, sto e toa sto maked. narod tolku go podeli i napravi necuvstvitelen kon vakvi nastani?I na kraj mozebi e vreme da pokraj stroga kazna za ubiecot , nekoj da ponese moralna i politicka odgovornost. |
|
|
|
|
|
|
Од: bale |
Датум: 11.06.2011 10:52:33 |
|
Bravo Zivko....vo potpolno pravo si.....ama ova tesko da stignuva do vlastodrscite................... |
|
|
|
|
|
|
Од: koj (ne) sobira politicki poeni |
Датум: 11.06.2011 16:08:24 |
|
Prvo na site da vi bide jasno (vsusnot jasno vi e no se pravite nedovetni - ili mozebi i ste) dokolku zad protestite stoese SDSM brojot na protestantite ke bese desetici pati pogolem. Isto bi se slucilo i ako protesti organizira DPMNE.Vtoro, pritvoranjeto na Spasov ne moze da go izbrise sramniot obid za prikrivanje na nastanot i toa e edinstvenata pricina za protestite. Treto vo demokratski organizirano opstestvo megu protestantite treba da ima podednakvo mladi od dvete najgolemi partii. I na krajot sega na site nie jasno deka obidot za prikrivanje na slucajot e edinstveno poradi fotografiite na Spasov vo neposredna blizina na Premierot. Ne veruvam deka toa e napraveno na baranje na Gruevski, tuku sepak mislam deka treba toj da se zaprasa kako e dojdena Makedonija do stepen da poltronite okolu nego se spremni da storat se za da go zastitat negoviot ugled. |
|
|
|
|
|
|
Од: Adem |
Датум: 12.06.2011 12:05:37 |
|
Cekajte samo, a kojgi izbira obezbeduavcite ubijci na toj prem. A da ne e toj licno vpletkan. Katastrofata prodolzuva. |
|
|
|
|
|
|
|
|