Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Писма
Која е намерата? Погодувајте!

Проф. д-р Трајче Грујоски

Правната стабилност е одраз на состојбата во општеството, важен фактор на општата сигурност на луѓето и на нивните асоцијации. Затоа таа е една од значајните цели на секој правен поредок. Се смета дека таа се загрозува со често и нагло менување на законите.

Само ќе споменам дека со измените на соодветниот закон се воведува радикална измена на третманот на сопственоста на здруженијата на граѓани. Накусо, состојбата е следна: прво - во поглед на средствата за дејствување на здруженијата, кои во времето на поранешниот систем им биле дотирани од тогашните општествено-политички заедници и од самоуправните интересни заедници, напуштена е законската алтернатива тие средства да се сметаат како: а) сопственост на здруженијата и б) државна сопственост. Сегашното законско решение е дека тие средства се државна сопственост, при што се дозволува исклучок за политичките партии, цркви, синдикати... и „други видови здружување уредени со посебен закон“. Второ - квалификацијата на споменатите средства е како: „добиени“, „доделени“, „подарени“, „дадени на користење“. За овие и вакви измени стручната и научната јавност молчи. А, загриженоста во поглед правната стабилност расте.

Во практиката веќе е на повидок изнасилено форсирање на државната сопственост. Тоа е посебно видливо во односот спрема сопственоста на имотот на Сојузот на борците на Македонија (натаму: СБМ). Притоа се „заборава“ дека за СБМ постои посебен закон во кој членот 9 е дециден дека со приходите од имотот, со другите парични средства, како и со средствата добиени од локалните буџети и од државниот Буџет „располага СБМ“. Но, токму затоа Основниот суд пресуди дека објектот во кој е сместен Заводот за кардиологија во Охрид е сопственост на СБМ. Меѓутоа, на барање и притисок на државниот правобранител Апелациониот суд пресече во прилог на државната сопственост.

Покрај тоа, веќе е во завршна фаза судски спор против сопственичкото право на СБМ на зградата Инвалидски дом во Скопје. Според сето станува реална опасноста да му се одземе целиот имот на СБМ. Дали по таков начин, заканите упатени од главниот и одговорен уредник на една приватна а од власта привилегирана телевизија против СБМ веќе станува сурова реалност? Дали повторно се спроведува некаква експропријација на „експропријатори“ која, нели, бучно беше, со право, јавно критикувана и напуштена? Дали за сето треба СБМ да ја запознае и Светската федерација на воени ветерани во која е член?

#
Статијата е прочитана 1067 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Писма
Од што се плашам?

"""