Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

И домашни сликари ќе работат на музеите на ВМРО и на жртвите на комунизмот

Поканетиот украински уметник Анатолиј Гајдамака е автор и на ликовното решение на црквата „Света Тројца“ во Радовиш


Катерина Богоева

Дел од македонските ликовни уметници деновиве ја коментираа, за нив изненадувачката најава на Министерството за култура дека на почетокот на октомври во Скопје, по покана на министерката Елизабета Милеска - Канческа треба да пристигне украинскиот уметник Анатолиј Гајдамака, за да се разгледаат можностите, тој и неговиот тим да ги сликаат предвидените портрети и сцени од битки во Музејот на ВМРО и Музејот на жртвите од комунизмот. Уметниците од неговото студио се автори на портрети, прикази од битки од целата историја на Украина, принцип по кој, според најавите треба да се изработат и сликите и портретите во музејскиот комплекс во Скопје. Гајдамака е дизајнер и на надворешните и внатрешните ликовни решенија на црквата „Света Тројца“, во Радовиш, насликана од уметници од Киев, а финансирана од бизнисменот Ристо Гуштеров, атрактивна сеуште само во регионални рамки. Прашање е колку Анатолиј Гајдамака со својот тим, овој пат би успеал да ја доживее и долови планираната, профана историја на земјава и да ја наслика во музејскиот комплекс.

Сликарите од земјава се недоверливи. Кирил Ефремов од Штип вели дека бил непријатно изненаден кога ја прочитал информацијата во весниците. „Станува збор за наш синдром, за непочитување на домашните автори. Сметам дека не е во ред да се носат странци да ја сликаат нашата историја, кога може да се екипираат веќе потврдени уметници од ДЛУМ. Ние имаме извонредни портретисти, нека се погледнат само изложените портрети во МАНУ. Овде станува збор за антикултурна политика. Јас не завземам никаков партиски став, стојам само на страната на уметноста“. Со помала доза на недоверба кон информацијата пристапи и Милош Коџоман, претседател на уметничкиот совет на ДЛУМ. Вели дека може да ја прифати презентираната најава на Министерството за култура, само ако истата се реализира по претходно распишан, меѓународен конкурс во кој квалитетот на понудените ликовни предлози ќе биде пресуден. „Немам ништо против ако во музејскиот комплекс сликаат автори од странство, но само ако на вистински, длабок начин го доживеат нашето историско минато. Тоа е израз на демократичност, но би ми било драго, ако конкурсот (доколку го има), оди преку ДЛУМ, со право на учество и на други автори од светот. Можеби некој кој не гледа од страна, ќе може подобро да сочувствува со нашата историја. Има македонисти кои создаваат во странство и се засегнати со духот на македонскиот човек, со нанесените историски неправди, многу повеќе од некои наши граѓани“

Гостиварскиот сликар Решат Амети, со дециден став дека историјата на еден народ не може доволно добро да ја доживее и наслика автор, припадник на друг народ. „Неможам јас како ликовен уметник да ја доживеам историјата на Јапонија како јапонските уметници. Историјата и културата се специфични, тие треба да се доживеат и да го поттикнат уметникот да твори. Авторите носат свој препознатлив, печат поврзан и со земјите од каде што доаѓаат“.

Министерската за култура Елизабета Канческа - Милеска, деновиве по нашето обраќање, дообјасни дека во сликањето на предвидените портрети и историски сцени во музејскиот комплекс, како и во оформувањето на ликовната концепција, во најголем број ќе учествуваат врвни домашни автори, а бројот на странците треба да биде помал.

„По разговорите со Анатолиј Гајдамака планираме контакти и со уметници во Франција. Со Гајдамака во Скопје дополнително ќе разговараме, по што ќе се одлучи дали и ќе биде потпишан потребниот договор за работа. Веќе разговаравме и со неколку домашни ликовни имиња, а планираме идната недела да разговараме и со претставниците на ДЛУМ“. Повикувајќи се на членот 99 од Законот за јавни набавки, таа потенцираше дека во овој случај нема да биде отворен јавен конкурс.„Бидејќи станува збор за набавка на уметнички дела од веќе докажани автори, ќе се користи можноста со нив да се преговара поединечно“.

Во оваа почетна фаза на парцијално информирање на јавноста како треба да изгледа комплетниот тим што треба во музејскиот комплекс да „оживее “ сцени и личности од нашето минато, се отвораат многу прашања. На кој начин странските автори ќе можат вистински да го доловат минатото? Дали само преку пишаните документи и фотографиите од историчарите? Ќе имаат ли можност и да се запознаат и со духовното наследство, со песните, приказните, фолклорот, со невидливиот дел од историјата кој се пренесува низ генерации? Колку време ќе им треба? Дали ќе успеат преку духот на денешните генерации да ја почуствуваат силата на минатото, за да може и да го насликаат на начин на кој ќе биде препознаено во музејскиот комплекс, пред се од нашите граѓани, за да може и да живее понатаму? Како ќе се комбинираат странските и домашните ликовни решенија, нивните авторски стилови? Нема ли да биде премногу „шарено“ кога ќе се набљудуваат познатите битки сликани од домашни и странски автори?

Предизвикот е голем и за врвните автори, но и за креаторите на новава историја. Музеите сепак живеат додека има посетители, без разлика која била првичната идеја при нивното формирање.


Статијата е прочитана 258 пати.

Испрати коментар

Од: nacional panasonik
Датум: 05.09.2008 08:38:23
Мал ке биде овој музеј во споредба на Музејот Што треба да се изгради на ,,ЖРТВИТЕ НА ВМРО - врховистичка - ДЕСНО ОРИЕНТИРАНА.
Од: Itar Peyo
Датум: 05.09.2008 09:24:31
Znaejci za kakov kic se raboti prasanjeto e dali domasni ili stranski umetnici ce zemat pari. A sto ce crtaat ne e ni vazno. Sekoj znae da nacrta vmrovec na bel konj.
Од: marija
Датум: 05.09.2008 13:24:00
Чија е идејата да се ангажира украинскиот уметник, особено по фијаското со фрескописот во црквата во Радовиш? Постои огромна разлика меѓу нивното и македонското фрескосликарство, но Г-дин Гуштеров тоа или не го знае или пак се работи за деловна зделка... Дали е иста работата и со овој музеј... Г-ѓа Канчевска треба подобро да размисли за ангажирање на странски уметници. Од друга страна, академската уметничка "каста" во Македонија, т.е оние уметници од ДЛУМ, кои што сите можни награди си ги поделија едни на други, без никаков критериум и мерка, сега се чувствуваат загрозени и дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Како и секогаш, квалитетните мајстори кои навистина умеат и знаат ќе останат на маргините. Да се присетиме на аматеризмот кои зад себе го оставија фрескосликарите на Соборниот Храм Свети Климент...а можевме да се воодушевуваме на делата на еден Димче Кондовски, на пример.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Одлична атмосфера на отворањето на „Синедејс М“
Во тетовско Градиште откриен град со базилика и две цркви
Проектот „Метамак - отсечоци“ ќе не' претставува на Архитектонското биенале во Венеција

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.