Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Во тетовско Градиште откриен град со базилика и две цркви

Откриени се три крстилници од кои едната со импозантни димензии и големина како онаа на Плаошник

ТЕТОВО - Во месноста Градиште во досегашните археолошки ископувања, откриен е простран град од 9.000 м2 во чија внатрешност веќе е пронајдена епископска базилика на 600 м2. Откриени се три крстилници од кои едната со импозантни димензии и големина како онаа на Плаошник. Археолозите пронајдоа и две цркви од кои, едната била епископско седиште на првиот полошки епископ, а по потекло е од 5 век од нашата ера. Според досегашните откритија, на Градиште се потврдуваат тврдењата на археолозите дека токму на тој дел на благите падини на Сува Гора, на само половина километар над селото Стенче, под натрупаната земја и атмосферски наслаги се крие средновековно здание интересно не само за археолозите и другите стручни лица што се блиски на овие струки, туку и од туристички аспект.

До истражувањата и конзервирањата на тоа што е веќе откриено и она што допрва ќе се прпонаоѓа ќе ги води љубопитните да видат градби и објекти стари над 1.500 години, но и да поминат еден крак од добро познатата Виа Игнација кој поминувал токму на овие простори уште од 1 и 2 век од нашата ера. Раководител на проектот Градиште што го финансира Министерството за култура, е вишиот кустос и археолог од Тетово Велимир Цветановски. Досегашните сознанија на екипата што ја раководи токму Цветановски откриваат објекти и арте факти кои водат во прилог на веќе дојдените сознанија за староста, но и богатството на откритијата. Цветановски вели дека Градиште било оградено со ѕидови дебели 3 до 6 метри на кои имало дури 8 кули, а во внатрешноста еден од објектите бил епископска црква. Не е утврдено какво име носел градот но во еден дел од откриен натпис идентификувана била буквата „В“ испишана со кирилско писмо, што е претпоставка дека е една од буквите во името на градот.

„Годинава најмногу работевме на разоткривање на базиликата во чии рамки откривме три крстилници. Најголемата има крстообразна форма со импозантни димензии и идентична како онаа на Плаошник. Двете други крстилници се помали од кои едната е кружна во форма на писцина. Во големата базилика пронајдени се и монети меѓу кои доминираат оние на Теодосиј Први што води кон претпоставката дека во тој период веројатно е граден овој археолошки монумент, а во рамки на тоа и црквата“, смета Велимир Цветановски. Во музејот на тетовскиот крај велат дека на Градиште при ископувањата биле пронајдени поголем број метални предмети, а дека изобилувале копја и стрели од сите можни димензии и облици од тоа време. Велимир Цветановски додава дека биле откриени и керамички садови. „Импресионираат со своите облици и квалитет. На некои од нив доминира��т печати со 8, 12 и 16 крако сонце. Колку што мене ми е познато во нашата земја досега не се откриени вакви наоди што ги потврдува влијанијата и постоењето на стара Македонија“. Цветановски вели дека биле откриени и конаци во кои биле пронајдени коски од животни, а токму тоа потврдувало дека овде биле организирани големи прослави. „Со истражувањата продолжуваме и наредната година. Веќе дојдовме до објект-црква поплочен со варосан малтер, можно е овде да биде откриена уште една крстилница. Овие објекти кои се на околу 40 метри квадратни мора веднаш да се конзервираат за да се одбегнат евентуалните атмосферски влијанија“, додава Цветановски кој смета дека цело Градиште треба да се конзервира да се зачува оригиналноста и да биде вистинска атракција и туристичка дестинација. (Г. Е.)

 


Статијата е прочитана 281 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
И домашни сликари ќе работат на музеите на ВМРО и на жртвите на комунизмот
Одлична атмосфера на отворањето на „Синедејс М“
Проектот „Метамак - отсечоци“ ќе не' претставува на Архитек��онското биенале во Венеција

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.