Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Проектот „Метамак - отсечоци“ ќе не' претставува на Архитектонското биенале во Венеција

Македонскиот павилјон ќе биде отворен на 13 септември во палатата „Зенобио“

Катерина Богоева

Македонија годинава на 11. Интернационална изложба за архитектура - Архитектонско венециско биенале ќе ја претставува проектот „Метамак - отсечоци“, кој во македонскиот павилјон во палатата „Зенобио“, пред публиката официјално ќе биде претставен со чинот на свеченото отворање закажан за 13 септември, во 12 часот, во присуство на заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.

Автори на проектот се архитектите Мартин Гулески и Влатко П. Коробар, Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља и Бетим Зеќири, Ана Ивановска и Владимир Десков, Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски, Јован Ивановски и Дејан Ивановски, Искра Анастасова и Владимир Лековски. Комесар на изложбата е Фросина Зафировска, а куратори се Влатко П. Коробар, Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља.

Куратор на интернационалната изложба која од 14 септември до 23 ноември ќе се реализира на тема „Таму некаде: архитектурата над градењето“ е Аарон Бетски. Таа ќе биде поставена во два простора, во Арсенале и во рамките на Италијанскиот павилјон во Џардини, каде што на едно место повиканите учесници од светот на најпознатите архитектонски фирми ќе ги презентираат своите идеи и архитектонски дела. Изложбата свечено ќе биде отворена на 13 септември во 11 часот кога и ќе бидат доделени наградите „Златен лав“, за најдобра национална партиципација и за најдобар проект на изложбата. Еден надежен млад архитект ќе биде награден и со „Сребрен лав“. Архитектот Френ О’Гери е добитник на наградата „Златен лав за животно дело“. Во сопствени павилјони годинава на Биеналето ќе се презентираат 54 земји, што се смета за најбројно национално учество на оваа престижна манифестација од светски карактер.

„Она што некогаш беше стабилна епифанија на архитектурата се' повеќе станува предмет на свесна или несвесна трансгресија, менувајќи го карактерот на нејзиното генерирање, перципирање и консумирање. Се' повеќе архитектурата ја доживуваме како површински феномен-слика: посакувана слика или слика која ја надминуваме-менуваме. Зградите на посткомунистичкиот свет стануваат нереални архитектонски објекти, туку носачи на рекламни паноа и пораки. Посакуваните нови градби се' помалку се реални просторни конфигурации, а повеќе се слики на нашите делби, видени или пренесени од некаде. Што ако архитектурата буквално се сведе на таков површински феномен? Што ако архитектурата стане картонска творба-исечок од картон здиплен во одредена просторна конфигурација“, посочуваат авторите на проектот кои работеле на зададените претпоставки, групирани во шест тима, сочинети од архитекти од различни генерации...


Статијата е прочитана 172 пати.

Испрати коментар

Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 05.09.2008 00:22:03
ARHITEKTURATA e nauka i umetnost koja ima za cel sozdavanje UBAVINA vo prostorot vo koj lugjeto ziveat , rabotat ,se odmoruvaat i se zabavuvaat . * Vrednosta na UBAVINATA e vo BESKRAJNATA RAZNOVIDNOST na vidovite pod koi ni se javuva. Vo toa e i nejzinata OBLAGORODUVACKA SILA i nejzinata najgolema dragocenost.* Ivo Andric, 1892-1975g pisatel i dobitnik na Nobelova nagrada po literatura .

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
И домашни сликари ќе работат на музеите на ВМРО и на жртвите на комунизмот
Одлична атмосфера на отворањето на „Синедејс М“
Во тетовско Градиште откриен град со базилика и две цркви

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.