Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

Ким Кардашијан

Восочната верзија ја отсликува нејзината глупавост

Американската старлета Ким Кардашијан ја доби својата восочна двојничка во славниот музеј „Мадам Тисо“. Освен што на многумина не им е јасно зошто воопшто ја доби честа да стои рамо до рамо со големите и вистинските ѕвезди, различни американски блогери и форумџии го „исплукаа“ нејзиното восочно алтер его. Имено, како што тврдат, восочната Ким гледа накрсно, односно двете очи и' се сосема накриво, а додаваат дека градите на вистинската Ким изгледаат подобро отколку на нејзината копија. Некои, пак, сметаат дека нејзината восочна фигура, дефинитивно, е најлошата во историјата, ја отсликува глупавоста на Кардашијан, но и дека повеќе личи на Кејт Бекинсејл или, пак, на Ева Лонгорија. Тие наводи се' уште не ги коментираше самата Ким, но бидејќи е општо познато дека старлетата има прилично долг јазик, сигурно многу брзо ќе дознаеме што има да каже бујната Американка за својата двојничка. Инаку, фигурата ја прикажува Ким во розов, стегнат фустан на дизајнерот Херв Леџер, но иако за фотографирањето облече идентична креација, старлетата заборави да ги навлече на себе истите чевли како восочната верзија. Беше премногу возбудена, па само неколку часа пред официјалното претставување на фигурата пред јавноста, напиша на порталот „Твитер“: „Ќе биде ли чудна? Ќе изгледа ли идентично со моето тело?“


#
Статијата е прочитана 927 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Дрогирана и на работ на нервен слом
Гел за регенерација на забите како замена за болните пломбирања
Кошмарен живот по несреќата на мажот