Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

Наука

Гел за регенерација на забите како замена за болните пломбирања

Дали новиот гел би можел да биде најголемиот стоматолошки напредок од воведувањето на флуоридот?

Наскоро стоматолозите би можеле да ги остават своите апарати за дупчење. Нов пептид, вметнат во мек гел или тенок, флексибилен филм и поставен веднаш до кариес, ги поттикнува клетките во забот да се регенерираат за околу еден месец, покажува нова студија објавена во списанието „АЦС Нано“. Технологијата е прва од таков вид. Новиот гел или тенкиот филм би можеле да ја елиминираат потребата за пополнување на болните празнини или да се дупчи длабоко во каналот на коренот на некој инфициран заб.

„Не е како паста за заби што спречува кариес“, вели Надја Бенкиран-Џесел, научник од Национален институт за здравје и медицински истражувања. „Со ова навистина се обидуваме да го контролираме кариесот откако ќе се развие“.

Дупчењето на забите и нивното пополнување е безбедно и ефективно. Стоматолозите пополнуваат милиони празнини во забите секоја година низ цела Америка. Сепак, иако стоматолозите го анестезираат забот, многу пациенти се' уште се жалат на звукот од апаратот за дупчење.

„Новото истражување би можело да ги направи посетите на стоматолошките ординации попријатни“, вели Бенкиран-Џесел. Наместо дупчење, мало количество гел или тенок филм на инфициран заб би можел да го излечи забот однатре.

Кариесот се дупки полна со бактерии и гној, на забите или во нив, што може да доведат до непријатност, болка, па дури и до загуба на забите. Кога луѓето јадат кисела храна, консумираат засладени закуски или едноставно не одржуваат соодветна орална хигиена, бактериите почнуваат да го нагризуваат заштитниот емајл и другите минерали во забите. Причините за кариес се различни. Но, за повеќето, лекувањето е исто: дупчење во забот, отстранување на гнилежот и пополнување на дупката за да се спречи натамошно оштетување.

Гелот или тенкиот филм содржат пептид познат како МСХ - меланоцитен стимулирачки хормон. Претходните експерименти, објавени во „Записи на Националната академија на науки“, покажаа дека МСХ поттикнува регенерација на коските. Коските и забите се многу слични, така што француските научници сфатија дека ако МСХ се аплицира на забите, би требало да помогне добро да се залечат.

За да ја испитаат таа теорија, француските научници аплицираа или филм или гел - и двата содржеа МСХ - во заби со кариес кај глувци. „По околу еден месец, кариесот исчезна“, вели Бенкиран-Џесел. Таа предупредува дека филмот или гелот што содржат МСХ го лекуваат само кариесот, но не го спречуваат. Луѓето и понатаму треба да ги четкаат и чистат забите, и да користат течност за плакнење на устата, за да спречат да се создаде кариес, пред се'.

„Лекувањето на кариесот без дупчење би имало предности“, вели Хом-Лај Ванг, стоматолог од Универзитетот во Мичиген. Кариесот и дупчењето можат да ги уништат нервите и крвните садови во забот, поради што станува покршлив и подложен на фрактури. Регенерирањето на забот би можело да помогне да се избегне ставање коронки откако ќе се пополни празнината. Така регенерирањето на забот однатре би било корисно само во релативно мал број случаи. Повеќето кариеси и понатаму ќе треба да се отстрануваат и пополнуваат.

Во меѓувреме, пациентите не можат да ја намалат оралната хигиена. Ќе треба да се направат бројни клинички испитувања во текот на неколку години за да можат геловите или филмовите со МСХ да бидат достапни за лекување на кариес кај луѓето. (Дискавери њуз)



 


#
Статијата е прочитана 1380 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Дрогирана и на работ на нервен слом
Кошмарен живот по несреќата на мажот
Восочната верзија ја отсликува нејзината глупавост