Бритни Спирс
Дрогирана и на работ на нервен слом
Полудената поп-принцеза, Бритни Спирс, во последните денови се наоѓа под силен притисок откако во јавноста се раширија информациите дека ги злоупотребува своите деца. Токму поради тоа многумина претпоставуваат дека пејачката посегнала по повеќе дрога и алкохол, а се зборува дека набрзо може да доживее и нервен слом. Фотографиите со некогашната планетарна ѕвезда докажуваат дека со неа нешто не е во ред...
Имено, откако го посети „Старбакс“, Бритни Спирс сосема дезориентирана, со помош на својот телохранител, едвај го најде својот џип. Облечена како ученичка, во бела маица на прерамки, ултракратки панталончиња и чорапи до колена, Бритни го покажа целулитот, кој во последно време почесто и' се гледа на нозете. Како фил на тортата, изгубената пејачка им приреди вистински спектакл на папараците, истовремено редејќи чудни гримаси, врескајќи и удирајќи со нозете по земјата, па многумина забележаа дека русокосата е „на нешто“.
Неодамна, бившиот телохранител Фернандо Флорес ја обвини мајката дека ги злоупотребува двете деца, а како што опиша, Бритни, меѓу другото, ги тепала синовите со ремен и им давала храна на која се алергични. Доколку обвинувањата се докажат на суд, пејачката по втор пат ќе остане без старателство над своите деца. Првиот пат, пред околу две години, ги изгуби откако се обиде да се самоубие. |