Торо Спелинг
Кошмарен живот по несреќата на мажот
Сопругот на Тори Спелинг, 43-годишниот Дин Мекдермот, ѕвезда на реалните шоуа, падна во текот на едно лудо возење заедно со двајца пријатели. По падот не успеал да стане од земја и имал сериозно крвавење, па веднаш бил пренесен на интензивна нега во болницата во Лос Анџелес, објавија американските медиуми, додавајќи дека несреќата со моторот ги „приземји“ Дин и неговата сопруга.
„Има сериозни болки, ставен е на големи маки. Беше изложен на опасност и притоа настрада. Се надевам дека ќе ја доживее несреќата како знак, ќе го алармира за важноста на семејството и ризикот за губење на својот живот“, изјави вознемирената Тори, некогашната ѕвезда од тинејџерската хит-серија „Беверли Хилс 90210“. „Ме повика неговиот пријател и ми соопшти дека се наоѓаат во возилото за брза помош. Не сакаше да ме уплаши, па рече дека Дин е на преглед и не е сериозно. Бев многу лута што се качил повторно на мотор. Но, кога влегов во болничката соба и кога го видов како лежи целосно снемоштен и целиот во крвави преврски, срцето ми застана. Од тој момент, почнав да го живеам сопствениот кошмар“, откри актерката.
Во претходна несреќа, во почетокот на оваа година, Мекдермот го скрши рамото. Секако, тој вети дека ќе се откаже од октаните и опасните трки низ улиците. „Го прекрши ветувањето, па наместо поздрав од постелата, ми испрати едно ’жалам’. Го стиснав за раката и почнав да плачам откако ми рече: ’Никогаш повеќе нема да ти го направам ова. Ти и децата сте ми се' на светот‘“, изјави Тори, која со Дин ги има тригодишниот син Лијам и двегодишната ќерка Стела. |