Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма

Манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ!

Mарина Mанојловска


Нашиот народ има една клетва што често ја употребува кога на правдина некој го клевети, а гласи „криво зборуваш, да даде Господ устата да ти се искриви”. Очекувам во наредните месеци нечии усти да се искриват толку колку што носот на Пинокио раснел со секоја лага, бидејќи едно е да излажеш еднаш или двапати, ама ако пет години непрекинато исто правиш, ни Бог ни народ не ти простуваат.

Во секој напишан текст или изјава во овие пет години има такви лаги и клевети колку сакате, претпоставувам дека или не сте ја чуле клетвата или, пак, не сте ја читале сликовницата „Пинокио“, една од најубавите и најпоучните бајки во светот. Пет години ВМРО-ДПМНЕ е на власт и имаше можност во фирмите на „Перо Наков” б.б. да влезе барем илјада пати. Што е тоа што ги спречуваше - опозицијата, Грција, меѓународната заедница, Фуере, Рикер или Мугабе?

Почитувани од ВМРО-ДПМНЕ, се' додека ги корумпиравте медиумите со буџетски пари за реклами тие беа послушни, ве рекламираа и фалеа, сега, нема пари – нема реклами, па и љубовта престана, ама за тоа не е виновен ни Б.Ц. ни СДСМ, туку вашата партија и вашиот лидер Никола Груевски. Тврдите дека станува збор за милионски криминал, од каде знаете, имате судска пресуда со точно утврдена сума или, во штабот на вашата партија ги броевте парите, всушност, еве и да ви поверуваме дека е така, зошто пет години го толериравте Рамковски!?!

Зошто, за тие пет години не ви пречеше неговиот милионски криминал и како партија што се изјасни дека не ги дели луѓето по која било основа не извршивте финансиска контрола на „Перо Наков” б.б. во 2006, 2007, 2008, 2009 година, туку по цел ден вашите реклами се вртеа на таа телевизија во овие години. Се надевав дека како Вистинска македонска револуционерна организација ќе покажете доблест, храброст и кураж, па ќе признаете пред македонската јавност дека промашивте, дека вашата преродба беше на хартија, ама во реалноста беше чиста загуба и потрошено време на граѓаните на Македонија.

По се' изгледа дека доблест немате, по се' изгледа дека храброста оперативно ви е отстранета, по се' изгледа името на партијата го украдовте од историјата на македонскиот народ за евтини приказни пред граѓаните, по се' изгледа момчиња млади немате ниту искуство ниту морал ниту чесност за некого да дискредитирате и напаѓате. СДСМ не застана во одбрана на Велија Рамковски, СДСМ застана во одбрана на слободниот збор, застана во одбраната на демократијата, застана тогаш, а верувам ќе застане и денес, ќе застане и утре. Манипулирајќи пет години со македонскиот народ навистина помисливте дека успеавте од сивото да направите портокалово, за жал се потешко се живее, се потешко се лекува, се потешко се школува, се потешко и потешко народот прифаќа дека мора да мисли онака како што вие мислите. Маршот што СДСМ го организираше со цел да сфатите дека вака не бидува, вашиот премиер го претстави со бројка од 8.000 граѓани што се развлекле за да изгледаат повеќе, ама при тоа беше со модро-зелено-жолта боја. Тврдите дека луѓето со сила биле принудувани да одат на митинг, можеби вие така ги уценувавте оние истерани од Центарот за социјални грижи, или оние од болниците, или оние од образованието, или оние од градинките, од армијата, од полицијата... Немајќи аргументи за сите овие случаеви вие се обидовте со манипулирање без пардон да го свртите вниманието со цел, народот побргу да заборави на оние јадни жени, момчиња и мажи кои ги истеравте од овие институции само затоа што немаат ваша членска карта. Срамота! Да, СДСМ го организираше Маршот за демократија, да - во Скопје имаше 50.000 луѓе на маршот, да-бевме таму и не направивме државен удар за кој вашите партиски мегафони урлаа две недели пред маршот, да- стравот кај вас веќе е влезен во коски затоа што знаете што се направивте во овие пет години, да почитувани ��ои, во христијанската религија е правило да не му го правиш на друг она што не сакаш тебе да ти го прават, затоа вашиот страв е толку голем и со последни сили се трудите семето на злото што го посеавте во овие пет години да изрти. Тоа не поминува!


#
Статијата е прочитана 1164 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 13.12.2010 12:46:49
Se dodeka spas barate vo kletvite i deka nekoj od oblacite na nekogo ke mu ja iskrivi ustata, se dotogas ovoj narod ke tone i ke bide maltretiran. Na nikogo dosega ne mu se iskrivi ustata, na nikogo ni vlakno od glavata ne mu fali, ziveat zivot na koj mozat da im pozavidat i vo najrazvienite drzavi, a narodot celiot iskriven seta po bolnicite i gi polni grobistata so pocinati na 50,55,60 godini. Prava sreka e nekoj da dozivee 70godini
Од: Жарко,Ресен
Датум: 13.12.2010 13:00:50
Браво Марина,убаво напишано.Сега само треба да издржиш на критиките и навредите со кои ќе те опсипаат партиските војничиња.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.12.2010 13:15:18
Почитувана г-ѓо или г-ѓице Манојловски зошто го браните докажаниот батак мајстор одработувач и против власта ама и против вашата партија,па му праќавте неуспешни инспекциски мисии.Дури и амбасада на САД во фебруар месец ве обвинуваше за штитење на батак скандал актерот,да сте му давале и судска заштита.Читајте Викиликс се ќе дознаете околу овој скандал.Независните новинари кој ги браневте се плаќани како смоки полначи на кеси,на диво разбира се.
Од: Феличита
Датум: 13.12.2010 13:50:58
Добар си,Среле! На било која тема ист текст! Кој го штитеше батак-мајсторот од 2006 година?Читај Викиликс,ќе биде интересно? П.С. Никако да одговориш кого чекавте на аеродром!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 13.12.2010 15:05:45
Феликс,еве ти еден линк за размислување http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=21458 *Поука:Ако претераш со размислување,па те здоболи да главчето,ти ги препорачувам гордите кичспоменици!Велат,да лечеле главоболка!
Од: pravda
Датум: 13.12.2010 17:31:35
Do Feliks: vo pismoto ubavo ve prasuva gospodjata zosto za ovie pet godini ne vlegovte vo Pero Nakov bb.barem ednas smognete hrabrost pa odgovorete na prasanjeto,a sto bilo na Vikiliks vo 2006 ne e vazno zatoa sto sega sme 2010,ili koga kradete toa e "drzte go kradecot",koga lazete toa e "pu,pu,ne se vazi",pa imate li bre malku hrabrost vie jorgan patrioti
Од: Jas
Датум: 13.12.2010 18:56:56
Simpatizerite na SDSM ne se ni svesni deka so nivnata mizerija si igra B.C koj debelo profitirase od vlasta.Jasno se vide kako go podbucnuvaa narodot na nedemoratsko urivanje na vlasta,se manipulirase makedonskata javnost za "opsada"."Marshot na demokratijata" kolku e samo voodusevena avtorkata na pismovo :))) se sobrale simpatizerite/clenovite na SDSM a pojma nemaat deka e toa poraz na edna opoziciska partija koja atakuva na vlasta.Definitivno ni treba nova opozicija,slaba opozicija nikogas ne e dobra za edno opstestvo!
Од: љубица
Датум: 13.12.2010 19:33:10
Маринче , на кој му цветаа рози додека ,,оние ,, од СДСМ беа на власт? Дали тогаш некој се грижеше за мене , тебе , коментаторите (подолу) Јован , Феликс , Жарко и останатите ?... -Незнам што ? .. кој ? ... и какво добро имаше доживеано од нив .....иии ако ги бидуваше ???...како ли се најдоа во опозиционите редови? Колкав ли би бил процентот на гласачи доколку ви се остварат долгопосакуваните предвремени избори? 10-15% ?....па и тоа е нешто зар не ?....(од наводно излезените 50 000) секако..
Од: steve
Датум: 13.12.2010 23:40:50
Rekov ednas eve pak ne sum za niedna partija posto niedna ne raboti za interesite na narodot i drzavata,za zal se borat za vlast i licni interesi,vakvi komentari vecer ne mi gi objavuva i maku ako kazes protiv vmro-vcite komentarot vo vecer ne izleguva a so toa ne se svesni kako e gubat doverbata i sdsm-ovcite ne cinea ama ovie so diktatura i partiska vlast vikade ne se odi.

Најди! во Утрински
Писма
Народот се изјасни за избори!
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud