Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма
Народот се изјасни за избори!

Раде Здравковски, Скопје

На 5 декември на Скопје му се случи народ. Мојот стан гледа точно на „Партизанска“ и видов цела колона народ. Толку народ што непрестано скандираше по улицата, народ незадоволен како и секој од нас, од старо до младо, ја видов Македонија!

И како никогаш досега не се почувствував посигурно и со поголем оптимизам во себе дека работите, сепак, можат и да се сменат. Толпата народ што ја гледав од мојот прозорец беше како река која повеќе од два часа маршираше пред мојата зграда. Тогаш навистина се израдував што, конечно, нашиот народ собрал храброст да покаже дека ја има силата и моќта е во негови раце.

Сепак, на народот се остава да одлучи и тоа на избори. Тоа е легитимно право и на опозицијата која и' даде доволно шанси на оваа власт да покаже што може и умее. Се виде дека ни едно ни друго. Државата не е повеќе она што беше, и народот си ја сака државата назад.

Ниту едни застрашувања од фирми или администрација не го поколебаа народот да излезе на улица. Некако предолго се остави време и простор да си играат со државата тие кои што очајно не ги бива, многу шанси се прокоцкаа и се' повеќе ни ја брукаат државата. Затоа и народот им даде црвен картон.

Ниту едно чувство не е за опишување како радоста што ја почувствував за храброста што ја има овој народ за да се избори за сите неправди. Вистина е дека со седење на страна и со молчење ништо не постигнавме. Тој потиснат страв кој го чувствувавме пет години, таа несигурност која се уште ја трпиме, да не знаеме дали ќе имаме еден ден и пензија и дали ќе имаме пари за леб секој ден пребројувајќи ги сметките што се превисоки и казните што ги плаќаме само за да полниме буџет кој завршува во некој споменик не ме прави оптимист. Напротив, тоа мора да се промени. Доста молчеше овој народ за сите неправди! Нека црвениот картон им е доволен доказ дека овој народ никогаш повеќе од сега не пател и не лелекал за достоен живот. И јас им кажувам јасно: Доста е!

#
Статијата е прочитана 797 пати.

Испрати коментар

Од: I.D.
Датум: 13.12.2010 12:39:29
iriir
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.12.2010 13:06:47
Восхитов ме подсеќа на она ,,Пинки го виде Тито,,Инаку и јас сум љубител на изборни дуели ама некогаш ме изневеруваат.Па така си евоцирам спомени кога почитуван г-дин Здравковски твојот лидер си одбегна изборен дуел лани,толку ли ви беше папсана партијата па така свесно ја жртвуваше кандидатурата за втор мандат на преседател.Очекувам осврт за ова од било кој.
Од: Dejan
Датум: 13.12.2010 13:07:02
Samobendisani SDSMovci, sobravte 10.000 narod od cela Makedonija i mislite deka go predstavuvate celiot makedonski narod? Dosta sobiravte ovakvi sitni politicki poeni i ponudete mu na narodot idei i proekti ako sakate da se vratite na vlast
Од: љубица
Датум: 13.12.2010 13:22:34
Почитуван господине Раде ! Доколку навистина станувало збор за притисоци и закани веројатно немало да го видите она што сте го виделе на Партизанска преку вашиот прозорец ,а секако ,,ние ,, - граѓаните од внатрешноста ќе го почуствувавме истото... Го почитувам вашето поджување на опозицоната партииска идеологија , но зарем навистина сте убедени дека со нивно владеење ќе се остварува правото на пензија и ќе имате(ме ) пари за леб? А што се однесува до казните :тие се плакаат само ако не се испочитуваат ....зависно од нас ... Би сакала само да ве потсетам дека кризата му се случи на целиот свет , не само нам !
Од: neopredelen
Датум: 13.12.2010 13:37:50
Zarem mislis deka 30-tina iljadi vo Makedonija go prestavuvaat celiot narod?Cudna nekoja matematika imas gospodine!!!Jas kolku sto znam SDSM ima poveke od 50.000 clenovi, zosto site ne izlegoa na ulica, neli imaa organizirano prevoz?Ili mozebi ne mu veruvaat na Branko!!!Kade e ovde neopredeleniot narod, koga tie sto izlegoa bea partiski vojnici na SDSM.I jas velam DOSTA E!!!Dosta e od penzioneri koi sakaat da vladeat,dosta e od beloglavcite koi kako krlezi stojat na vas,dosta e od MA KRADU LI,......NAVISTINA DOSTA E.Velis deka si gledal od prozorecot na partizanska reka od luge,te prasuvam, zosto ne slegna dole da im se pridruzis?!!!!!!!!!!!!!!!!!!!Kade e tvojata hrabrost, barem bidi kolegijalen so tvoite simpatii od SDSM!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Νικόλαος Γρούιος Μεγαλοσ Πατριοτισ
Датум: 13.12.2010 14:57:41
Феликс!И јас ја видов колоната! Зар крај, зар вистина е крај?!
Од: gimi
Датум: 13.12.2010 15:33:03
Тие луге што си ги гледал од прозорец се главнината од членовите на СДСМ, а се само многу мал дел од народот на Македонија. В прочем тоа го кажа народот на последните неколку изборни циклуси. А како за СДСМ оваа влада не е легитимна кога ВМРО- ДПМНЕ има 63 пратеници и е во коалиција со најголемата Албанска партија не ми е јасно.
Од: до Дејан
Датум: 13.12.2010 15:43:02
10.000 луѓе? Не си смеел да погледнеш ни на телевизор колку биле, би се исплашил од глетката, па си поверувал тоа што ти го кажал Латас. Типично за секое вмро-овче!
Од: јас (Прилеп)
Датум: 13.12.2010 17:42:19
Е портокалова боранијо ..Имало осум илјади ??? Да толку одвај , под присила за бркање од работа собра вашиот овчар , кога славевте роденден на партијата ..
Од: karokan "gambit"
Датум: 13.12.2010 18:37:45
Ako ocekuvas nekoj da ti objasni na nacin sto ce go zadovoli tvoeto "nisko" ego,g-dine Felix,takvi pobaraj si od tvojot tabor!!!! Od sprotivniot ne baraj,posebno ne od mene,zosto kolku sto se secavam ,na indirekten nacin vece ti pisuvav za ova.Ne go razbra ili ne ti se dopadna??????????????????????????? Za zal jas nitu pisuvam po naracki,nitu pak ispolnuvam necii zelb!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Edno nesto samo mi e jasno: Koga jas i ti bi gi zamenile ulogite,jas bi bil prezadovolen od takviot,indirekten,odgovor,zosto so nego,ako podlaboko go promozgas,neslavnata strana (teretot) e povece na opozicioniot,otkolku na pozicioniot lider.Toa sto ,degustatorite na tvoite komentari ne se vo moznost toa da go sodzvakaat, najmalku e moj problem.Ti izbra takvo drustvo, nikoj ne ti go nametna!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Realno gledanje
Датум: 13.12.2010 21:32:38
,,Triumfalnata pobeda,, na Sojuzot za Makedonija vo 11994 godina i nekontroliranoto vladeenje se vrati kako bumerang na SDSM. ,,Triumfalnata pobeda,, na DPMNE vo 2008 god. na narednite izbori ce mu se vrati kako bumerang! Namesto demokratija - diktatura, namesto ekonomska prerodba - kulturen kic, namesto EU i NATO - skarani so cel svet, osven so Mugabe, Maroko, Sirija. Katastrofa

Најди! во Утрински
Писма
Манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ!
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency