Елена Ристевска
- пејачка
Утрово, колку што е можно порано, со друштвото одиме на излет во Марков манастир. Најубаво е така, да се собереме кога сме слободни среде недела. Попладне, не го испуштам мојот редовен фитнес-тренинг, а вечер во студио веќе работиме на снимање на песните за мојот нов албум.
Димче Мешковски
- актер
И за нас пензионерите важи летниот распуст. Завршив со испитите со студентите на Факултетот за туризам и можам да се препуштам на моите омилени дружења со старите колеги во бифето на Драмски театар, возење велосипед и оставање денот да си тече полека.
Цветанка Ласкова
- сопст. на студио "Кан"
Традиционално и неизбежно денот ми започнува со кафе, пред да се упатам во канцеларијата на моето студио "Кан". Денеска ме очекуваат три состаноци - со клиенти и во банка... и уште други редовни обврски. Така до 16 ч. , па одам дома на одмор и домашни обврски.
|