Среќни сте и никако не можете да ја скриете насмевката на вашето лице. Уживајте бидејќи денес постои можност да станете популарни и заљубени. Пожелно е да не ги расипете емоциите затоа што се ограничени. Во потрагата по нови содржини вашата снаодливост ќе дојде до израз. Финансиската добивка станува нормална појава.
Бик
Сите нешта ви се одвиваат бавно, но не грижете се времето "работи" за вас. Доколку бидете стрпливи, работите ќе се наместат на свое место. Ќе бидете наградени, во склад со вашите заслуги. Доколку сте насочени кон уметноста, тогаш работите ги држите под контрола. Подгответе се за возбудливите настани што следуваат.
Близнаци
Оптимистичкиот пристап на проблемите е изразен, па полесно ќе ги пребродите. Вистински момент е за решавање на семејни прашања или адаптирање во нов животен простор. Не дозволувајте заради невнимание да ги упропастите поволните шанси. Главоболките и проблемите со синусите се минлива појава. Не го запоставувајте партнерот.
Рак
На деловен план целосно сте ангажирани. Кога работите немате време да размислувате за промашувањата. Резултатите се видливи и на нив можете да влијаете. Корист можете да извлечите доколку се изборите со сопствени сили. Околината мисли за вас дека сте слаби, но денес ќе ја шокирате со силината на вашата личност. Јарецот е вистинско решение.
Лав
Се мора да постигнете со сопствен труд. Денешниот ден е поволен за некој вид на самотија, па искористете го добро, за да ги наполнете батериите, што ќе ви помогне да бидете подготвени за новите победи кои се пред вас. Бидејќи здравсвената состојба ви е нестабилна, одмарајте повеќе. Само со мудар потег можете да го решите проблемот, но никако по секоја цена.
Девица
Најпсоле најдовте време за убавите нешта. Работата денес ви е во втор план. Ќе ја обновите вашата гардероба, како резултат на желбата да изгледате убаво и да ја освоите саканата личност. Успехот ќе биде неминовен. Некои работи сами не можете да ги решите, па ќе се обратите на вашите пријатели. Резултатите ќе бидат поповолни од она што го замислувате.
Вага
Прекрасно ќе се чувствувате но под услов доколку се свртите кон нешта кои ви причинуваат задовоство. Ќе ја насочите енергијата кон дружење со вашите пријатели по кафе баровите, што е одличен начин да ви се подобри расположението. Партнерот ве сака иако отворено не ги искажува чувствата. Во фаза сте на создавање на нови животни шанси.
Скорпија
Стрпете се со желбата да ги покажете своите квалитети. Кога ќе дојде вистинскиот момент, тие ќе бидат и повеќе од видливи. Доколку се наметнувате, лесно ќе дојде до судир со соработниците. Бидејќи бевте соочени со многу емотивни и деловни проблеми, веста за патување пријатно ќе ве изненади.
Стрелец
Можни се проблеми со коските, што доколку не бидте физички активни, ќе ви зададе доста сериозно проблеми. Заради некоја личност, свесно се жртвувате и правите отстапки. Ситуацијата ви изглед�� и повеќе од јасна. Размислувањето околу купување на недвижности се возможни за остварување. Подгответе се за средба со драги лица, кои постојано мислат на вас.
Јарец
Имате потреба околината да ви посветува винмание и да ве фали. Бидејќи имате променливо расположение и чувствувате недостаток од љубов, сакате и вам некој да ви пружи нежност и внимание. Доколку сепак тоа не го пронајдете ќе се свртите кон работата, што е единствен спас. И партнерот може да ви биде од корист, кога важен проблем е во прашање.
Водолија
Ви советуваме да бидете внимателни, особено во поглед на почитување на законските норми и мирување. Доколку се држите до овој совет, ќе избегнете многу непријатности. Љубопитноста може да ја задоволите на безброј други начини, како на пример со бавење со пишување и уметност. Нема што да изгубите.
Риби
Полни сте со сила и енергија да се борите со проблемите, но на првата препрека се откажувате. Одморете се и реално проценете ги сопствените сили. Само на тој начин ќе ја надмините моманталната криза. Кога најмалку ќе очекувате ќе ви се понуди нешто примамливо, како на пример некое патување.